Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
ПЛ никогаш не била толку конкурентна. Од прв до последен, сите можат поени да кратат. Артета генијално ја игра сезоната до сега.
 
Катастрофа никаква идеја никаква подвижност никаква борбеност Брентфорд имаат далеку подобри шанси за погодок ако не го сменат пристапот ќе гледаме реприза на Евертон.Еден единствен играч да делеше од сивилово со ваков пристап не се станува шампион.
 
Дечки намалете со критики, играва е буквално скроз иста како онаа што ја тераме цела сезона, во натпреварот 10-15 минути мозок на пасење пуштаме дефанзивно и тогаш е шансата на противникот (пречка + уште 2 добри шанси), останатото имаш контрола и си тераш своја игра. Немаме ние милион опции на клупа играчи па за секој противник различно да се поставуваме, тој ни е тимот, тие се играчите. Единствената разлика е што има пад на форма кај Мартинели и Одегард, што е нормално поради уморот, Сака е истиот и супер игра денес, се надевам дека нема да изгоре и он, ама и да се случи тоа, никој не е крив, едноставно руски рулет ни е цела сезона. И 1:3 да изгубиме денес, не би критикувал, кај секој гледам желба да се бори, да гине на терен и тоа е се што ми е битно кај клубот.
 
Што гледаш ти другар цело прво една шанса не створивне кога топката е во наш посед играчите стојат во место не знаат каде да отворат каде да втрчаат евидентен е падот во форма скоро кај сите.Немора да идеш многи назад со утакмициве спореди утакмицата со МЈ и овие две небо земја е разликата никој ништо не игра .
Автоматски споено мислење:

Лекција како се прокоцкува сезона во 10 дена наредна со Сити нема што да бараме со ваква ноншалантност па кој замор цело време играат по една утакмица недозволиво за клуб кој претендира за највисок пласман.
Што очекуваат овие противнициве сами да се тепаат а овие треба само да се појават едноставно пички од играчи никој не превзема ризик да потегни за победа ај да не се нервирам со овие битанги да видиме со Сити уште дали ќе се покакаат уште не излезени и да се сконцентрираме после на ЛЕ.
 
Последно уредено:
Не можеш да растураш со секој тим кога цела сезона играш со истиот ростер. Клубот нема замени, играчите на клупа не се game changer-и.
Повредата на Габриел Жезус посебно го погоди клубот, затоа што се остана на Нкетиа како главен напаѓач, а дечкото е материјал за во Чемпионшип.
Со кои напаѓачи сакаш да издоминираш противник кој се брани со цел тим во шеснаесетник?
Од сите играчи на Арсенал, само Сака може сам од себе да си направи шанса за гол, едноставно со таа офанзивна линија и оваа игра е премногу.
Ќе ги издоминираш Јунајтед кога ти играат офанзивно без одбрана, напаѓаат за три бода, ни тимовите на Пеп со еден куп ѕвезди, не може да издоминираат лесно со СИТЕ КЛУБОВИ кои ти играат ултра дефанзивно. Брентфорд има серија од 10 натпревари без пораз, за да победиш таква екипа ти треба брз гол со кој ќе ги отвориш уште на стартот, после тоа те спасува само експлозовен играч кој може сам да пробие и да изнуди гол.
Без напаѓач, не можеш ниту на нафрлени топки да играш, нити со ниски пасови да пробиеш. Мораше да се донесе добар напаѓач во зимскиов преоден рок, па макар и Жиру да го вратеа поголем ефект ќе имаше од Нкетиа (не дека ќе се вратеше Жиру, чисто ко пример).
Се очекува пад во играта, немаш џокер во ракавот кога играш со истите играчи во секое коло, а за волја на вистината и тие не се светска класа играчи (со исклучок на Сака и Одегард во најдобра форма).
Несмасен гол примија, Рамсдејл исплива во празно, лоша интервенција, ама и не смееа да дозволат онаков скок на Пинок или како и да го викаа.
Целосна доминација имаа во посед на топка, добро движење, ама за да пробиеш одбрана со 10 луѓе, некогаш ти треба и екстра квалитет во нападот.
Прочитани се веќе, без напаѓач и што е поважно изморени, ама се борат и апсолутно никаква замерка не смее да има.
Со Сити гарантирам дека подобро ќе одиграат, затоа што Арсенал ќе биде тој што ќе чека шанса од контра и противникот нема да биде затворен ко Евертон и Брентфорд, туку ќе сака да се надигрува и ќе остави простор повеќе за крилата да креираат 100% шанси за напаѓачот кој инаку нема теорија да даде гол.
 
голот што го постигна Брентфорд нели беше офсајд, маме им ебам од ВАР собата ни линии ни кур покажаа...
 
голот што го постигна Брентфорд нели беше офсајд, маме им ебам од ВАР собата ни линии ни кур покажаа...
Lee Mason on VAR forgot (!) to draw offside lines on Brentford’s goal. Christian Norgaard was in an offside position and the goal would have been ruled out if the VAR lines had been drawn correctly. [MailSport]

Бизарно, ако е точно.
 
Сонував како сум бил у Мексико Сити и чекајки да почне утакмицата избива војна помеѓу картел и полицијата блиску до кафичот кај што седам. Додека се пукаат надвор ја си ја гледам утакмицата. Тепавме 2-1.

Значи губиме денес.
 
Чив картел ? На Ел Чапо? Или на Ескобар? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom