Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Добро де, ќе има простор за Деклан Рајс. Добро и за тимот е да има ветерани. Давид Луиз не беше идеален, но многу помогна во развојот на Мартинели.
 
Глуп трансфер ако се случи на Челзи не и требаат тие десетина милиони што ќе ги земат за Жоржињо можи само до поаледно да е влечат и да не биде а и ако биде ништо не добиваме со овај трансфер тотално е пропаднат во форма и ако заигра ќе бидиме со играч помалце.
 
Добро де, ќе има простор за Деклан Рајс. Добро и за тимот е да има ветерани. Давид Луиз не беше идеален, но многу помогна во развојот на Мартинели.
Ја би да не паѓаме во истите стапици. Долга е листата на примери за ваков тип на трансфер + не гледам ама баш никаква поента во Жоржињо. Ако веќе сакаме ефтина опција, оди по Тилеманс.
 
Позитивна работа, ќе имаме играч на клупа а не е локонга, негативни: 31 година, се освоено има уствари немал премиер лига хаха(проверив додека го пишувам ова), па не знам колку ќе му е висок мотивот да игра а да не е нишај врата и земај плата, сигурно ќе зема некоја висока плата пошо такви им даваат на овие пред умирање играчиве, физички е многу далеку од Парти и Каиседо, ласт бат нот лист има ружна лигава фаца шо ме нервира како појава…
 
И со еден потег, пак ја поделија фан базата. Твитер лудуе хаха

Очаен и неамбициозен потег.

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Пола сезона + 1 цела сезона. Нема потреба од толку хејтање. Треба да се мисли долгорочно, а ако Рајс ни дојде на лето, ќе му се ослободи позицијата.
 
Ако се повреди Парти, ќе имаме Џака-Жоржињо дуо. :place::place::place:
 
И со еден потег, пак ја поделија фан базата. Твитер лудуе хаха

Очаен и неамбициозен потег.

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Идиоти даваш 12м за 31г со 6 месеци договор подобро дади 20 и донеси го Кеси овај барем за 2 г пак ќе вреди нешто.Доста лош транфер Жоржињо ништо не игра цела сезона а и формата со оглед на годините не очекувам да му оди во нагорна линија.Катастрофа транфер период ако се изгуби титулата е баш поради ова аматерско работење ај не усеја да го донесат Мудрик ама барем солиден средњак да донесеа овие се испичкарија за сите пари.
 
Ај да се надеваме дека знает шо прает иако незнам шо им требеше овај луксуз. Сепак овие Премиерлигашите малце и претерват со барањата 70милки не се малку не треба и да се фрлаат пари понекогаш. Маркињос на позајмица во Норич.
 
Да му веруваме на Артета, очигледно видел нешто во играчот чим го побарал.
 
Малце не ми се јасни. Артета плаче дека ни требаат играчи, треба должина на клупа, а го даваме Локонга на позајмица знаејки го фактот дека Елнени ја пропушта цела сезона. Не дека Локонга има некое влијание ама сега сме уште потанки. Само Жоржињо е замена за Џака/Парти.
 
кој сака да се кладиме дека Жоржињо ќе му го земе местото на Парти? :D
 
кој сака да се кладиме дека Жоржињо ќе му го земе местото на Парти? :D

Многу веројатно е во наредниве година и пол да се повреди Парти, се согласувам.
 
Честитки Жоргињо (Џоргињо? Жоржињо? Џорџињо? Толку години е у екипава уште не го научив...) со здравје да си го користите.


Многу добар играч добивте, маестрален трансфер ви е ова.

За жал. Челзи реши да оди на некој си "Проект 2026" или што и да е е тоа што го правиме, каде што ќе имаме играчи само што во 2026 ќе бидат јаки, ваљда.

Жоргињо е многу добар играч а неговиот квалитет не се покажува на статистиката. Едноставно "не еза сите". Претенциозна фраза што се користи вообичаено за глупава уметност, ама некогаш и држи вода. А еве, очигледно важи и во фудбалскиот свет.

Кога дојде не очекував нешто премногу од него, особено што наследуваше сосема солидни играчи од средниот ред, а секако тука беше и логиката дека доаѓа од Серија А, па дали ќе се снајде, па...

Ама ете, од скептик ме направи фан. Еден од најбитните играчи за тоа зошто Челзи имаше добри резултати во последниве години.

Навистина добар трансфер направивте, и навистина ми е криво што мораше вака да заврши неговата кариера во Челзи.

Последнава година имаше проблеми дали со тимот, дали со дирекцијата на екипата дали со менувањето на тренери дали се презасити..не знам, ама знам дека уште има фудбал во Жоржињо и некако психички се чекираше надвор од екипава у последно време.

Мислам дека со овој трансфер офиицијално се потврдува смената на работите од аспект на Челзи и Арсенал.

Знам, со Луиз, Вилијан и Чех некако играчи на пензија ви праќавме, ама мислам дека овој пат ситуацијата е различна и ви праќаме играч што уште има добар фудбал во него.

Ако е психички присутен (а сметам дека ќе биде), тогаш ова ќе испадне бомбона бизнис за вас.

1.5 сезона е перфектен, перфектен дил за вас. Оваа прва полусезона ќе ви помогне да не потпаднете и ќе биде тука за да потполни каде што треба, а следната сезона ќе испадне клучен со неговото исксуство во ЛШ и ќе помогне и на играчите околу него да скокнат на ниво повеќе. А потоа, кога ќе му дојде време да го заврши договорот, повеќето од вас ќе велат "А бе добро испадна овој, зошто да не остане уште една сезона?"

Тамам ќе го искористите до максимум, а потоа ваљда ќе си оди во Италија. (не би се изненадил ако казната за Јуве го предомислила да не оди таму туку кај вас?? Не знам, ама ми има логика и ова...)

Буквално ова е тоа што ви треба за вториот дел од сезоната и буквално ваков играч ви треба што ќе го направи мостот меѓу "Арсенал, млада екипа со надеж за иднината" и "Арсенал, сериозна екипa"
Не знам чива одлука е ова за трансферов, дали на Артета или на некој друг, ама како сте откриле што ви треба, во должина на договор каков што треба баш во момент кога Челзи прави милион трансфери а ситуацијата со Жоржињо не им е најдобра...

Значи перфектно испадна се за вас.

Верувајте, следен мај кога ќе правите анализа на неговата кариера ќе бидете задоволни од тоа што го направил за вас.


И еве, за крај на постот, како Кукуреља реагираше кога му кажаа дека најпаметниот играч ќе го напушти:


А воедно и мојата реакција беше слична. Некако неочекувано испадна ова, иако имаше шпекулации веќе некое време, а и самиот играч некако делуваше откажано помалку, сепак сметам дека клубот губи многу со овој потег и дефинитивно свесно се откажува од оваа сезона.

Честитки. И пред се, добивате одморен играч што не играше на Светско (фала ти Алекс Трајковски, трендсетер што направи трансфер во Арабија пред Роналдо)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom