Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Рамсдејл им го зеде умот, им ја уби психата. Освен промашувањата на Еди, одлична утакмица и контрола на игра. Стативата на Парти за малку ќе беше реприза на претходната утакмица кога ги излади набрзина.
 
не бе , поинтересен тим за следење никад сме немале, какви ликови има во екипава. :pos:
Автоматски споено мислење:

Нектиа си е супер замена за Хесус, и двајцата се зицераши ама хаос прават кај противничките дефанзивци.

Дај нека му купат на Артета некоја замена за крилните позиции, ќе умрат Сака и Мартинели.
 
.
8d19a14237b4fac63c8a5f8469b1c14c.jpg


Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
да се начека некоја здрава позајмица што ќе е ростер играч и ќе помогне во моменти кога треба е џек пот. Ем пари ќе чуваме, ем ќе закрпиме сезона, па на лето ќе лапаме јаки играчи со Лига Шампиони во рака плус големи шанси за шампион!
 
Одлично изгледа екипава, каков фудбал им изигравме у прво полувреме, страшно. Не им дадовме да мрднат.
Не памтам ваква доминација против Тотенхем на гости како во првото полувреме.
Ако влезеше тоа на Парти ќе беше веројатно гол на сезоната.

Паднавме во второ и мислам дека само Рамсдејл не спаси, ако примевме еден гол ќе примевме уште еден.
Тие две одбрани што ги имаше кога ептен не стиснаа ги освести другите играчи.

Тешко да одлучам за МОТМ помеѓу Одегард и Рамсдејл.
 
Не сум баш сигурен за играчов, mixed feelings. Али ај, верувам на Артета и Еду, барем PL proven е, може да помогне сезонава.
 
Не сум фан, не мислам дека ќе биде успешен трансфер, стар е, не се совпаѓа со тоа што го градиме.
Ама за замена подобар од Маркињос и Нелсон секако.
 
Не сум нешто фасциниран од трансферов.
 
Мене ми е ок трансфер, позитивни импресии кога и да сум го гледал брајтон против поголемиве клубови. Не се вклопува само по годините во профил на играчи што бараме ама за ротација на Сака, Мартинели и Нкетија па до некаде и на Џака мислам ќе е доста солиден. 7 гола сезонава од кои 3 на ливерпул и по 1 на челзи и сити. Интересно е што сме го прателе уште во Генк и бил една од опциите кога го потпишавме Пепе.
 
Ja мислам дека ке ви биде одличен трансфер.
 
Мислам дека ќе биде солиден трансфер и доста ќе помогне сезонава како резерва. Баш е она што ни треба, да влезе после 70-та и да има импакт од клупа.
Иако е кратко решение, и не ни се вклопува во филозофијата, моментално е најдобро нешто што може да го направиме.
За иднината, ќе мислиме на лето. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom