Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Забрането е да се споменува Мартинез? Кажете да знаеме. Нормално дека ќе го споменам Мартинез кога се преговара за голман, нема сигурно да споменам некој играч од друга позиција. Патем поголем дел од голманите својата зрелост ја постигнуваат некаде од 27 година (не знам односно не ми текнува која беше крајната граница), во тој период од животот го покажуваат својот најголем капацитет и квалитет во поглед на нивното голманско искуство и знаење. И како што кажа членот погоре, од управата не знаат што прават и кај тераат.
 
Третиот дрес мора да се набави :love:
Се надевам ќе ја продолжат соработката со Адидас

RDT_20210722_1736488919237546285639898.png
 
Мене ми се прегрди дресовите и се надевам нема да ја продолжат соработката со Адидас. Најдобри ми беа Најк дресовите, Пума и Адидас не ми правеа мерак, ама за вкусови не се дискутира секако, секој со своето :D
 
Ланскиот ми беше број 1, но кога сезоната отиде во провалија, отиде и меракот за дресот.
 
Добар ми беше ланскиот, подобар од овој (за домашни зборувам), некаде трето место од тие кои ги имам фатено. Прво ми е бордото 05/06, второ ми е тој со црната трака 2012-14 Казорла и Ремзи први ми доаѓаат на очи со него. За мој вкус не треба да се мешаат некако сина и црвена боја на еден дрес, што знам. Ама камо среќа бел ден да видиме, дресот колку и да е грд омилен ќе стане ако по добро се памти.
 
Гостинскиот ни е врв годинава
 
Играме тренинг пријателска со Милвол, на arsenal.com има бесплатен пренос, само треба да се регистрирате/логирате преку Фб или меил. 1:0 водиме, Обамејанг со ножички погоди пречка, а Чемберс ја собра одбиената топка од 1 метро пред гол.
 
Покажуваме тотална неамбициозност на трансфер маркетот. Варан и Коунде за 50че и Бен Вајт исто. Да не грешам душа, може нашиов топ ќе испадне, ама не е само штопер што треба да се пазари. Ни треба ворлд клас мидфилдер, ни трага ни глас од тоа. Локонга можеби ќе игра како Крос, да се надеваме.
 
Покажуваме тотална неамбициозност на трансфер маркетот. Варан и Коунде за 50че и Бен Вајт исто. Да не грешам душа, може нашиов топ ќе испадне, ама не е само штопер што треба да се пазари. Ни треба ворлд клас мидфилдер, ни трага ни глас од тоа. Локонга можеби ќе игра како Крос, да се надеваме.
Може и Варан ќе дојде во 8-мо место Арсенал без ЛШ. Кунде ги одби веќе Тотенхем оти не играле ЛШ. Да не летаме малце дека можеме да земеме кој сакаме.
 
Ако не бива со малку пари, бива со многу пари.
 
Доколку не се потпише АМФ и замена за Џака - (доколку си оди) оваа година не очекувам да сме ништо подобри во споредба со ланската. Тавареш - Самби - Вајт, не ми полнат око дека ке тргнеме на подобро.
 
Сме го виделе тој принцип на огромни плати и убедување на играч само со висока плата како мотив да ти игра во клуб дека не функционира. Зошто со сила да се бркаат играчи кои не сакаат да играат за нас, за после да се влечат по терен и да не може да се отарасаш од нив, за кило семки веќе да не се продаваат и да го цицаат и блокираат клубот. Или пак ќе настапиме со таа наивност како што настапивме порано “Обамејанг не делува ко Озил, нема да е таков“, за после “Ама стварно не делуваше“. Сигурно е да не се расфрламе со толкави договори и да таргетираме млади играчи, подобро 8мо место со млади играчи кои може да ги продадеш по супер цена ако сакаат да си заминат, отколку 8мо место со “докажани“ играчи со енормни плати кои го цедат клубот и блокират.
 
Се повеќе се шпекулира за Одегард и тоа за околу 30-35м. Без око да ми трепне за овие пари би го земал. Едино ме плаши дека ако веќе не даваме за Мадисон 70м, останатите од Одегард ќе бидат лупнати на Рамсдејл.
Автоматски споено мислење:

Идеално сценарио Одегард + Аронс/Бисума.
 
Јас пак ќе спомнам, ме радува тоа што сите со кои не поврзуваат се млади играчи.
Градење на тим по мерка не се прави за една сезона, покрај сумата за трансферот треба да се гледа и платата.
Мене ми е доста од Вилиан, Микхтаријан и слични играчи.

Овие што ги земавме Тавареш е 21, Локонга 21 год
Од овие што не поврзуваат (7-8 играчи) нема ниту еден постар од 24 години.

Ако ги дадеме Џака и Лаказет како што се збори, + некако ги увалиме Вилијан и Колашинац на некој, само Лено, Ауба и Парти би биле играчи постари од 26 години во први 11.

Со уште неколку правилни потези (и шиткање и купување) мислам дека летово може да искочи доста добро за нас.
Автоматски споено мислење:

Доколку не се потпише АМФ и замена за Џака - (доколку си оди) оваа година не очекувам да сме ништо подобри во споредба со ланската. Тавареш - Самби - Вајт, не ми полнат око дека ке тргнеме на подобро.

Тавареш е замена за Тирни, Самби е замена за Парти евентуално да играат заедно што не верувам.
Само Вајт се бара за прв тим.

АМФ потпишавме пред некој ден, 10ката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom