Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Честито осмо место, тоа ни е максимумот оваа сезона, ако не паднеме и подоле, се покажа денес на дело „подобрената одбрана“ со циркузантите Луиз, Мустафи и Колашинац.

Најзагрижувачко од се е што огромен процент на утакмици губиме со примен гол при крај на второ полувреме, физичката спремност на играчите е на ужасно ниво, секоја утакмица по 70 минута едвај одат играчите,
 
На сите да им продолжат договор, топ сме

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
ај одбрана знаеме дека сме срање, ама и во напад ич не сме опасни, тоа е уште позагрижувачки.
Не креираме чисти позиции за шут, играчите не знаат да втрчаат во празно, ниту па овие од средниов ред да ги пронајдат.Цело време назад ја враќаме топката. Единствен кој се обидува да издрибла и да проигра 1-2 е Себаљос.
Автоматски споено мислење:

Ова мислам дека ни е проблем од 2008-ма навака.
и играчите ни се "ниски", со слаб одраз, ни еден играч немаме што е близу до 1.90м
 
Не ми е јасно Артета што очекува со измениве? Ќе ставам 5 играчи наеднаш и одма резултат ќе добиеме? Па шут на гол немавме откоа ги стави сите. Требаше да направи порано измени, барем Вилок да го ставеше порано.
 
Леле, сега гледам кои ни се следните две утакмици :facepalm:
Автоматски споено мислење:

Не ми е јасно Артета што очекува со измениве? Ќе ставам 5 играчи наеднаш и одма резултат ќе добиеме? Па шут на гол немавме откоа ги стави сите. Требаше да направи порано измени, барем Вилок да го ставеше порано.

Една од малкуте добри работи кај Емери е што не се плашеше измена да направи и на полувреме или рано во второ, Артета се понаша како Венгер, не дека некој избор имаше од клупа, очекуваната измена Пепе-Сака ја направи релативно навремено.
Автоматски споено мислење:


Е ова е тоа најлошото во тимот
 
Знам дека меѓу вас имаше неколкумина тука кои почнаа да го фалат Шкодран, дури и за Луиз добар збор можеше да се слушне, јас си реков во себе точно, немам што да ги искритикувам, ама дај да почекам до крај на сезона, бидејќи лесно е да се суди за одбраната кога цел тим функционира и средниот ред си ја врши работата, па одбраната и нема многу работа. Но, за жал ова е вистинската слика за Арсенал, не знам дали приметивте при шансата на Кејн, Шкодран братот во празно си направи клизач, 5 минути задоцни, за голот исто тој ја изгуби топката, Колашинац за првиот ја усра. Џабе Мартинез маестрална партија, кога цела одбрана хоштаплери за во македонска лига, евентуално за во Војводина или Ријека. Од главата си патат сите, уфилмани дека се Роберто Карлос или Тиаго Силва во најдобри денови кога примаат топка, лабаво си играат, грешки еден тон, дури и Шкодран братот се замисли дека е Ибра па зема од 20 метра макази да прави без да има сила во одбиената топка, а голманот на гол линија, трагедија... И да, не е крив Артета што овие се пациенти, ама крив е што им продужува договори и што ги гледа во иднината на клубот. Цела сезона бламажи, дај нека заврши.
 
btw Белерин беше одличен
Белерин, Себаљос, Мартинез и Лака до негде изиграја на ниво е сеа дали беа одлични или се издигнаја над другиве кои играа лошо неможам да проценам.
 
Ecvj_a7XoAI0sQ2


ова е можеби поголем проблем од одбраната.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom