Ајде кој се ќе честеше кафана да се пријави на рецепција да не барам мислења.
Патем отиде Емери, но не е дека тимот нема да има и понатаму проблеми и дека се е решено. Единствено што е јасно е дека имаме шанса за успеси и резултати, со Емери таа шанса ја немавме. Проблемите остануваат исти, прво Лаказет и Обамејнг што не може да играат заедно во иста постава , па можеби ќе се оди на опцијата што најмалку ни се допаѓа, односно продажба на едниот од нив. Друго еден куп просеци во средина и нитуеден креативец. Понатаму одбраната, Емери не му имал кажано сигурно на Сократот да дрибла ако е последен, па да гледаме како братот губи по 2 топки на натпревар пред гол, бидејќи чека играч да му дојде, а не дека притисок има некаков па бил нападнат. Одбраната ќе си остане крш. Е сега тоа што може да се смени, е да играме поубав напаѓачки фудбал и нормално да не се повлечеме на 1:0 да браниме резултат. Од тој аспект очекувам дијаметрално спротивен пристап на играта.
Статуа на Емирати за дечково, да му се пензионира бројот (ќе воведеме ако немало досега) и платата од Џака, Мустафот и Сократот да му се даде како знак на благодарност за вчерашниот натпревар. Даичи Камада
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.