Не бев значи во право дека Чех ќе брани сигурно уште неколку години. Штета навистина мислам дека сеуште поседува голмански квалитети и дека може да избутка уште некоја година на високо ниво, изгледа одлуката паднала откако увидел дека Лено му го зима местото, а и ако не е Лено тогаш Арсенал ќе бараат нов голман за прв избор, значи посекако Чех нема да биде прв, сметајќи си ги своите вредности и квалитети, тој не би сакал да е втор голман ниту пак да оди во послаб клуб да е прв и затоа тука пресече. Слична ситуација беше и кога Куртоа му го зема местото во Челси и затоа и побара трансфер, тогаш во друг клуб, сега ете во пензија.
Ќе имам за него секогаш многу повеќе позитивни спомени отколку негативни, тој не спасуваше секогаш првите две сезони кога дојде, кога сите беа тиња тој беше на ниво. Неодбранетите пенали и некои грешки со форсирање дриблање и грешни пасови брзо ќе отидат во заборав. Супер голман и одличен човек, голман што одбележа една ера, во пикот на кариерата во топ10 голмани на сите времиња, среќна пензија!