Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Веќе реков неколку страни наназад дека овие клубови се сега нашето ниво.Првпат слушам за ова дете
Тиелманс за 25м во Монако, одличен играч за реална сума, а нашиве спијат...
Друже не заебавај бе,ја го поштуем Венгер како тренер повеќе од некои ваши фанови ,ама како може купов да биде некаков спас? Стариот треба да си бега и за негово и ваше добро.Убедливо најлоша сезона ,порано бар игравте стварно добар фудбал годинава ништо. ЛШ на 2 утакмици да примуш 10 гола?Тоа не му успеа ни на Мојс со Јунајтед против истиот противник. Може не се согласувате со мене,моето мислење е тоа.Утре во финале Кошчелни и Габриел не играат, а под знак прашање се Мустафи и Гибс. Значи сигурно нема да играме со 5 дефанзивци (односно со формација со 3 стопери и 2 бека по средината што се моткаат) и најверојатно ќе играме со стандардна 4ка назад, најверојатно Начо, Пер (Мустафи ако е здрав), Холдинг и Бељерин.
Можеби најбитен натпревар во последниве години ќе е утре од повеќе причини. Венгер ако си оди заслужува на се што направи да биде испратен со трофеј и со убави спомени, а не со пораз и неуспех. Алексис ќе има мотив повеќе да остане, а секако рачунам и плата да му биде понудена колку што бара (и плус секако да се молиме дека ќе сака да прави нешто што Ајверсон си правеше на времето со Филаделфија). Трето и многу битно, у најкатастрофалната сезона, ова ни е само спасот за жал. И дај нека се израдуват овие поранешните играчи на Арсенал како Полди, кои во срце го носат клубот и цело време искажуваат по социјални профили љубовта, за на крај само порази да редиме.
Да да видов за ова и во темата за трансфери имаш пишано.Ама мислам дека и Арсенал би му бил подобра отскочна даска за понатаму во кариерата од колку Монако, плус ќе има можност и да остане подолго време, ако се стабилизира тимов.Моментално Арсенал е екипа од втор/трет ред по фудбалски квалитет, затоа и ЛЕ ќе играме.За Тиелманс и да го сакавте немаше што, самиот изјавил дека сака полека да ја гради кариерата. И Јунајтед се распрашувале за него по двомечот во ЛЕ и да не пројавеше интерес Монако, ќе играше за Евертон. Пишуваше во Лекип дека сака да игра ЛШ ама да не е во spotlight-от.