Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Дното го допревме, сезонава на секоја дерби утакмица се молам, свеќи палам у црква, да не не посрамотат со 4-5 гола, е на ова ниво е паднат Арсенал.
 
Пак смејте ми се кога го барам Денилсон...
 
Венгер го има веќе синдромот на секој старец од 60+ години кој не знае да прифати ништо и за ништо не е крив... одговорност нема, доблест исто така нема, а да признае дека нешто не е во ред а тој е крив за се БОГ ДА ЧУВА ... цело време има нереални оправдувања и цело време е истото.... досаден е веќе. Мизерија. Само не сфаќам како може еден Лестер да смени тренер кој напиша историја после шампионска сезона а ова нашиве лопатари не можат да го мрднат овој вампиров 20 години од клупа.... па просто е бе другари, класика е веќе станато,тоа е јавна тајна, ако сакаш да го смениш тренерот правиш пакт интерно и играш најлош фудбал на цел свет... губиш 15 утакмици по ред и отиде тренерот, нема друго ! али тоа треба да го направат играчите... сепак е греота како што напомена еден член погоре, човекот има историја во Арсенал и е жива легенда на клубот, но јас мислам дека веќе нема друг начин.... што се МОРА НЕ Е ТЕШКО :)
 
Да се разбереме едно,изоставањето на Санчез од првата 11ка не влијаеше врз поразот.Не влијаеше бидејќи многупати докажевме сезонава и со него дека сме мизерни.Кошмар од сезона,коошмар.Што побрзо заврши толку подобро за нашите живци.[DOUBLEPOST=1488681626][/DOUBLEPOST]

Се заебаваш или озбилен си?:DЗошто јас не сретнав вакво нешто или ептен ми извегало од мисли.Дај линк минк,посочи.

“It’s similar, we haven’t played for a long time and then it’s always difficult to get into the rhythm of the game again.
 
Венгер требаше да си оди уште минатата сезона !
Најмногу жалам што не го земавме Клоп лани...
Клоп со овој ростер на играчи ќе беше страв и трепет !
 
Не се палите на интервјуата на Венгер јасно е дека нема јавно да ги каже проблемите на тимот. Како и што нема да ја каже стварната причина поради која го остави Алексис на клупа. Не ми се верува дека го седнал поради тоа што сакал да игра подиректно и со нафрлени према Велбек и Жиру. И да бил тој планот можеше Алексис да игра крлио наместо Окс. Моја предпоставка е дека не го играше поради недисциплината на Алексис. На последните десетина натпревари имаме некоја шизофренија во играта каде што Алексис бара од соиграчите да одат на пресинг а скоро никој не го следи или во полош случај Алексис ке повлече 2-3ца со него кои лесно ке испаднат па следува противничка полуконтра. До вчера мислев дека проблемот е само во Венгер кој незнае што сака од играчите ама после седнувањето на клупа на Алексис јасно е дека дисциплината во составот е на ниско ниво. Кој знае што се дешава интерно ама на терен е хаос. Кокелан дупка, Белерин, Мустафи, Начо, Волкот, Озил ОГРОМЕН пад во форма, Џака изгубен, Ивоби топло-ладно, дури и непогрешливиот Чех почна да греши у последно време. Толку се лоши играчите што греота ми е да вперам прст во менаџерот.
 
И шо као у ситуацијава Алексис е крив зошто сака тимот да победи, а шо другиве Венгер ги напраил мекуши ?
 
И шо као у ситуацијава Алексис е крив зошто сака тимот да победи, а шо другиве Венгер ги напраил мекуши ?
Поентата е сите да играат по упатствата на менаџерот. Така имаш најголема шанса за победа пошто менаџерот и неговиот тим го имаат анализирано противникот и одлучуваат кој е најдобриот пристап на игра. Рецепт за неуспех е правење обратно од она што го бара менаџерот од тебе. Го саботираш тимот.
 
Знaчи сите требa дa бидaт мекуши. Oк.

Sent from my LG-H815 using Tapatalk
 
За таа „непослушност“ е крив само Венгер. Работник може да биде незадоволен од работодавецот, ама на тебе е да одлучиш дали тој работник вреди да пробаш да му ја вратиш довербата или пак треба да му речеш да си оди. Убави идеи си има(ше) Венгер, ама цело време како некој друг подобро да ги имплементира. Неам проблем да се стави како технички директор, али за тренер на екипа веќе не е. Последниве 2 сезони се доказ за тоа.
 
Катастрофално прво полувреме, составот што го извади беше брука, ко демек сега Жиру има да ги истури во воздушни дуели, али ебаните играчи не знаат топка да набацат......
Белерин под итна постапка да се седне на клупа, катастрофален натпревар, неверојатен пад во формата..Кокето не сакам да го видам у прв тим, со Џака се најлоша комбинација што некогаш заиграла во средина, дебили тешки.
Се надевам дека Алексис ќе остане а Венгер ќе си оди, нема никаква мотивација кај играчиве, он си седи на клупа со келавицата до него и не му чуе, театрално чиче се фаќа за чело место да стане да им свика на мизериите што се влечеа по терен.

Денес Окс, Велбек, Алексис, Жиру се трудеа нешто, се друго не беше ни за по риба.
Позитивно од натпреваров е дека повеќе од сигурно ќе имаме нов тренер наредна сезона.
За крај малце статистика(не вклучувајќи го овој натпревар), колку бодови имаме освоено сезонава во меѓуседни дуели со топ 6. :shook::shook::shook:
p0fon.jpg

Фала ти чичо за се, али доста е , нека се проба малце за репрезентации, може ќе му тргне пак :masa::masa:
 
Сега ни е јасно зошто Санчез беше седнат на клупа.Сосема заслужено.Колку и да е во право тоа не е правиот начин да искаже одредени работи.

Права шпанска серија станавме во последните 3-4 месеци,а веќе две години сме прав циркус.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom