Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Уф, ова беше една од оние класично тешки победи по исцпрувачка утакмица во ЛШ. Ќе беше нефер да не победевме, Евертон освен пречката и шугавиот гол немаа никаква друга шанса. Со оглед на заморот, солидно изиграно, Габриел животиња, Жиру одлично изигра а за Озил немам зборови- маестро.
 
Озил немаше душа второ полувреме, ептен се приметуваше тоа.

3 бода се 3 бода, тешка утакмица и малце одмор пред заебано гостување у Велс

во купот сакам да видам целосно втора екипа и младинци, не ни треба повреда.
 
3 бода у џеб, тоа е тоа што требаше. Лестер, Јунајтед, Баерн, Евертон, све 3 у џеп.
Утре уште едно нерешено меѓу Манчестеровци и прво место да сме до 38мо, заклучно со него.
 
А како само се плашевме од Октомвриво пред да почне сезоната.
 
Oкс која дупка е невидена па срамота е за него тоа, па уште и кога излга незадоволен, разочаран.....па само на себе треба да бидеш незадоволен.
Чех ни спаси два бода, инаку класично тешка утакмица на класично англиско време.
 
Сметав дека е голема грешка што Венгер не го врати Фабрегас, но сега сум на став дека беше правилен потег, Озил е далеку подобар играч, сеуште го немаме видено најдоброто од него, а Цеск изигра четири добри месеци лани и сега веќе личи на 36-годишен играч пред пензија.
 
Тешка победа ама тоа е тоа што ни требаше. Многу се подобрени од кога почна сезоната особено во креирањето на акциите и како ја вадат топката од наша полавина алал да им е.
Ох е многу утепан човек, дефинитивно не е за прва постава и има уште многу муви за лапање.

Наредна утакмица нека пушта таму тоа децата да играат и така е тој пивскиот глуп куп кој служи само за повредување на играчи.

Озил,Казорла,Санчез,Кокелин,Белерин,Кошиелни,Монреал душа немаа на крај.
 
Окс во некој друг тим ќе беше одлична десетка, како Баркли да нема дефанзивни задачи само напад да гледа, ама кај нас нема место за такво нешто, ај во вторник нека одмори Озил па Окс нека игра по средина.
 
Окс во некој друг тим ќе беше одлична десетка, како Баркли да нема дефанзивни задачи само напад да гледа, ама кај нас нема место за такво нешто, ај во вторник нека одмори Озил па Окс нека игра по средина.
Во модерниот фудбал сите имаат дефанзивни задачи, па дури и Озил и Баркли ги извршуваат, ако Окс не се подобри дефанзивно наскоро може да бара нов клуб
 
А за Жиру никој ништо не искоментира. Годинава има 2-3 утакмици по 90мин а пак има дадено 5 гола и после Санчез ни е најдобар стрелец во ПЛ.
 
Да, не игра по цели утакмици, но секогаш си ги користи шансите и дава голови (или добива картони :D)
 
Не искоментиравме бидејќи можеше лесно уште 2-3 гола да збрца, но битно постигна погодок. Нека ни е честито првото место барем до утре, и се надевам до крај на сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom