исто и другите размислуваат еднодимензионално, ако замине Венгер и дојде Х менаџер, одма ќе освоиме ПЛ и ЛШ.
Нормално и едното и другото не е 100% точно, и работите се далеку покомплицирани и посложени отколку такво едно просто размислување, ама и двата табора се инаети и се држат за своето мислење
Со оглед дека јас го пишав то, погоре, (ин)директно по муабетов јас сум прост. Но, ок, како што си кажа ти, ниедно размислување не е 100% точно, и можеш да си се држеш до тоа.
Имео за случајот со Венгер. То ти е исто како да тврдиш дека вмро се добри, оти сдсм со Бранко биле полоши на времето. Кај нас е обратно. Венгер беше добар на почетокот , направи револуција во фудбалот, кога го донесе Веа прво, и после тој стана најдобар светски играч и кога со Арсенал освојуваше титули пред 10 години. Сеа, 10 години нема(ше) направено ништо, во смисол ПЛ или ЛШ титула, и се се сведува тоа дека имал стадион за правење или немал пари да се носи со буџетите на други. Ако е за така и вмро владееле во време на економска криза, па 70% од државата не е задоволна. Ај да му дадеме шанса, да не донесат до питачки стап, ама не можиш да знаеш, можи ќе земаме сите по 900 евра плата, за две години.
Ај да... Ај да... И т.н.
Јас сум за промена, свежа, млада. Јас мислам дека со овој тим, кој е скоро скоро комплетен можи било кој друг да освои ПЛ. Се е до инаетливоста на Венгер за некупување на играчи (напаѓач). Фудбалот се игра со фудбалери, а не со wanna be „фудбалери“.