Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ако Арсенал заврши втор,а сите други Англиски екипи 1ви,тогаш на Арсенал можни противници во осмина-финале(ако биде се според очекуваното) ќе бидат Барса,Реал,Атлетико и победникот од последната група Х,Валенсија,Зенит,Лион. Ептен добро.
 
Најдобар избор од овие три е Атлетико, зборам овие 3 зошто со нашата среќа сигурно нема да ни се падне тој од група Х :D
 
Заебете тоа прв втор , дај да се договориме да одиме Загреб групно , да се распрашаме шо како. На 17 септември е Загреб.
 
http://www.telegraph.co.uk/sport/fo...-turns-they-lack-strength-power-and-pace.html

Една статија од Г.Невил, се надоврзува на неговата изјава од Понеделникот дека Венгер е "арогантен и наивен", само објаснува убаво што мислел, а не мидимуите како му ја толкувале изјавата.
 
Напразно се правда Невил. Колку и да го поштувам човекот, за оваа анализа се согласувам со @IgorChete , не му држи место. Постојат многу факти кои го демантираат, а самото тоа што нема да освоиме не значи и дека му ја потврдува тезата. Сепак не би сакал да полемизирам зашто ептен ме мрзи и не сакам да се замарам.

Да ви се надоврзам на муабетот за Белерин. Не беше толку лош, но кога ќе го споредиш со Габриел, Монреал и Кокелин, значи дека сепак бил наш втор најлош дефанзивец на утакмицата со Ливерпул. Во офанзива исто така беше изеден од Гомез, а офанзивата му е појака страна од дефанзивата.
 
Сакам да прашам за утакмицава во Загреб дали некој дали има некој во план да оди да ги гледа нашите?
 
Јас ако бидам при кеш ваљда ќе одам. Многу ме заеба што е на 16ти септември утакмицата. Да беше втора, трета, четврта или петта сто посто ќе одев.
 
Напразно се правда Невил. Колку и да го поштувам човекот, за оваа анализа се согласувам со @IgorChete , не му држи место. Постојат многу факти кои го демантираат, а самото тоа што нема да освоиме не значи и дека му ја потврдува тезата. Сепак не би сакал да полемизирам зашто ептен ме мрзи и не сакам да се замарам.

Да ви се надоврзам на муабетот за Белерин. Не беше толку лош, но кога ќе го споредиш со Габриел, Монреал и Кокелин, значи дека сепак бил наш втор најлош дефанзивец на утакмицата со Ливерпул. Во офанзива исто така беше изеден од Гомез, а офанзивата му е појака страна од дефанзивата.

Абе од една страна е во право, а од друга не е.
Не му држи место анализата оти иде со претпоставка дека постои само една формула за освојување на ПЛ, сепак има 9 ПЛ титули освоено под водство на Ферги и човекот мисли дека само така може ПЛ да се освои со физички силни играчи и ментално спремни, тоа го покажала праксата низ годините наназад.Е сега како контра аргумент може да дојде дека Барса со џуџиња успеа да доминира и да освои 6 титули.

Јас искрено делумно се сложувам со неговата изјава.
Кај нас составот ако го видиш подобро е многу небалансиран, немаме комплетни играчи, на пример Жиру е висок,снажен а бавен ко полжав, Мертесакер исто, Озил е техничариште ама нема снага и шут,Волкот е брз и само брз, Кокелан е јак физички, слаб со пасеви и позиционирање, Велбек вака ако го видиш се има освен финиш, Казорла го кочи физикусот да игра ЦМ( бокс ту бокс), Артета има страшна техника, пасеви, дефанзивна интелигенција, ама стар е веќе нема никакви физички предиспозиции итн итн.
Најкомплетен играч од средина ни е Ремзи, а го играме крило.:toe:

Сепак и со овие играчи може да се извади доста балансиран состав:
Чех-Белерин,Мерте,Кош,Монреал-Ремзи,Кокелан-Волкот(Чамбо),Озил,Санчез-Жиру.
Не ми е јасно зошто Венгер нема довреба во дуплиот пивот Ремзи-Кокелан.

За Белерин пишав дека беше оставен на цедило цела утакмица против Ливерпул, немаше никава помош од Ремзи, а Чемберс повеќе му одмагаше, назад сам се справуваше со двајца, а понекогаш и 3ца беа:Кутињо,Гомез и Бентеке.За напад шо да прави не може да дрибла, ако загуби топка зад него никој нема, ако некој требаше да го дрибла неискусниот Гомез тоа беше Ремзи, поточно ако стартуваше Чамбо немаше Гомез да си ужива во одбрана.
Грешните пасеви произлегоа од тоа што немаше на кого да ја подаде топката, Казорла беше премногу напред, а Кокелан се крие кога треба да прими топка од одбраната, инструкција од Венгер е да не се испуцува топката туку да се гради напад со подавање од дефанзива, неискуството си го направи своето, беше неодлучен.[DOUBLEPOST=1440793347][/DOUBLEPOST]И јас изгледа нема да можам на 16ти, испити смрдени...
 
Исто и јас ако бидам при кеш сакам да одам.
Кај може да се дознае колку пари кошта кога се оди и враќа ?
Ај ако најдете некоја информација споделете тука.

@Carter не се сложувам за Белерин за офанзивата. Неможе он да ја земе топката и да дрибла како крило. Кажав веќе еднаш, Казолра и Озил цело време одеа по таа лева страна незнам што толку се запнаа таму. Изгледај ја одново утакмицата и ќе забележиш дека по 10мин во тие 10метри квадратни си подаваа, нешто што ме вади од кожа.
Многу мразам така кога ќе ја затупат на некоја страна, не ми се јасни што сакаат да постигнат.
Не сум фудбалски обучен ама според мене треба да ја земе еден и да издрибла некој и да нафрли или да ја вратат топката во средина и да се шири играта.

За утре ја очекувам истата постава,само смена Чејмбер-Дебуши и Рамзи/Казорла-Ох.

А хејтериве за Чех нешто многу се стишија или така ми се чини:)
 
Јас ке одам со кола тргам од Скопје со уште еден другар има место за двајца уште ако има некој заинтересиран пишете карти ми наога другар во Загреб тој ми рече дека картите ке се движат од 20-50 евра најверојатно
 
А хејтериве за Чех нешто многу се стишија или така ми се чини:)
Еј браво шо ти не си го критикувал кога правел грешки зошто кај тебе живеел на стара слава. Ете ти вечно ќе бидеш поголем маж од сите нас шо го критикувавме... -_-

Иначе ај за нас шо нема да одиме у Хрватска/Грција да се собереме негде во Скопје (зошто претпоставувам повеќето сме од Скопје) и заедно да глеаме ЛШ ?
Ја и @Гард сме највеќе заинтересирани за ова :D
 
Јас ако останувам во Скопје може да ви се придружам. Пишете тука два-три дена порано пред да се собирате и може да се рокне некоја кригла.
 
Еј браво шо ти не си го критикувал кога правел грешки зошто кај тебе живеел на стара слава. Ете ти вечно ќе бидеш поголем маж од сите нас шо го критикувавме... -_-

Иначе ај за нас шо нема да одиме у Хрватска/Грција да се собереме негде во Скопје (зошто претпоставувам повеќето сме од Скопје) и заедно да глеаме ЛШ ?
Ја и @Гард сме највеќе заинтересирани за ова :D

Грешка си,и јас ги осудувам играчите само не како вас. Вие после една грешка одма ги правите за никаде. Чех го направивте како 10год да бил во инвалидска количка па сега станал и ќе брани. Јас знам дека Чех е стабилен голман и дека не му треба многу за да си ја врати формата. Не го заборавајте и фактот што уште не се стабилизирани со Пер и со Кош. И Ноер прави грешки па не го критикуваат оти човекот душата ја остава на секоја утакмица.
Јас искрено имав верба и во Шчезни дека после тие грешки ќе се врати и не сакав да си оди, ама јбг тој стварно пропадна наеднаш. Искрено сум многу разочаран од него, ми делуваше како психички стабилен човек.

Инаку играч кој игра на стара слава моментално во нашиот тим е Алексис,ама како што гледаш не го пцујам или како вие што направивте со Чех.

За ова второто ако не одам, доаѓам и јас со вас, редно време е да се запознаеме да видиме кој сме што луѓе сме.
 
Грешка си,и јас ги осудувам играчите само не како вас. Вие после една грешка одма ги правите за никаде. Чех го направивте како 10год да бил во инвалидска количка па сега станал и ќе брани. Јас знам дека Чех е стабилен голман и дека не му треба многу за да си ја врати формата. Не го заборавајте и фактот што уште не се стабилизирани со Пер и со Кош. И Ноер прави грешки па не го критикуваат оти човекот душата ја остава на секоја утакмица.
Јас искрено имав верба и во Шчезни дека после тие грешки ќе се врати и не сакав да си оди, ама јбг тој стварно пропадна наеднаш. Искрено сум многу разочаран од него, ми делуваше како психички стабилен човек.

Инаку играч кој игра на стара слава моментално во нашиот тим е Алексис,ама како што гледаш не го пцујам или како вие што направивте со Чех.
.

Чех го критикувавме зошто беше катастрофален,а сите тие што го критикувавме викавме оти ќе се врати на одличните партии оти е класа.
А разликата помеѓу него и Алексис во критиките е што Алексис има многу повеќе направено за Арсенал,отколку Чех. Капиш?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom