Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Податокот кој вика дека пред почетокот на ова коло Арсенал беше тимот со најмногу удари кон голот, надвор од 16кот, тогаш знаеш дека нешто не оди во Арсенал. Мислам дека нема поголем доказ од ова.
 
Але факинг луја!

Инаку интересна статистика на rezultati.com пред некоја минутка :)


2014-12-03_22h26_45.png
 
Честита огромна и многу важна победа. Санчез, ова се негови моменти, и во слаби утакмици е тука. Дефинитивно кога играат двајца централни штопери одбраната излгеда сосем поинаку, Косиелни особено внесува сигурност.

Мислам дека и вечерашнава утакмица покажа дефинитивно зошто Жиру е подобар од Велбек, самото физичко присуство на Жиру отвара многу простор за соиграчите, Велбек освен во брзина не знам во што друго е поквалитетен од Жиру.
 
Не е нормално колку се изгубени велшкиот манекен и црното теле.

Па уште и Окс го вади од игра...
 
Велбек блесна еднаш со хет-трикот во ЛШ и после згасна. Санчез ако вака продолжи без сомнежи ќе стане дел од тимската историја, особено во пост-Анри ерата :icon_lol:
 
Не знам, според мене Ремзи солидно изигра денес, трчаше цело време, се бореше. Ремзи сфати дека не може стално да дава голови и затоа ќе го гледаме поповлечено на теренот, нема да претерува со излети во нападот и нема да биде толку приметлив.
 
Во овие 10 минути, ми се допадна тоа што го видов од Жиру и Подолски. Мора да стартува Полди следната. Му лежат него екипи како Стоук, Вест Хем, Кристал Палас итн.

Веќе 3 клин шит со ред, денес одбраната беше скроз на ниво. Пер и Косиелни се друга димензија кога се во тимот. Али да се врати барем Дебуши, би пробал со Чејмберс место Пер, сепак. Казорла повторно го имаше насекаде. Ремзи се изваде со асистенцијата иначе, пак ништо од него. Окслејд беше најслабиот денес. Алексис е приказна за себе.
 
Честит победа,повторно заслужена. Се опаметил Венгер,воспоставил дисциплина. Вака ако продолжиме ќе се искачиме нагоре.
 
Велбек со петата беше моментот, ај може некогаш ќе влезе и така :noze:
 
Како ви се чини младиот голман Мартинез? Мене ептен сигурно и добро ми делува, не сум забележал некоја голема грешка од негова страна досега.


@FilipMKD007 . Веле секоја утакмица по некоја таква невозможна финта пробува, ќе даде еден ден некој спектакулерен гол од тие финти и ќе го фалиме цел месец. :)
 
Последно уредено:
Подолски позитивно ме изненади какви само пасови пушташе по таа лева страна.
Жиру од кога влезе ептен се разигравме,а Ох искрено некако најслабо делуваше на утакмицава.

Алексис мајстор:cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom