Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Класата на Алексис се виде кога изгубивте од Свонси, само тогаш на ракомет бев па заборавив да ви пишам. На крајот од утакмицата беше како исфрлен од поплава, му се плачеше а одредени фаци откај вас се смешкаа, се гушкаа со Велшаните. Тоа се тие родени победници.
 
Жиру ме изненадува,од негов хејтер почна да ме предомислува. Се виде колку подобро напаѓаме кога игра тој, но сепак мислам дека кога игра сам како централен напаѓач многу повеќе ја успорува играта.
 
Како ви се чини младиот голман Мартинез? Мене ептен сигурно и добро ми делува, не сум забележал некоја голема грешка од негова страна досега.

@FilipMKD007 . Веле секоја утакмица по некоја таква невозможна финта пробува, ќе даде еден ден некој спектакулерен гол од тие финти и ќе го фалиме цел месец. :)
Се врати партнерството Кош - Пер, затоа и голманот (во случајов Мартинез) нема многу работа и немме прилика да видиме каков голман е.
Важна победа денес, да се влезе во серија добри резултати и во ПЛ.
 
Жиру ме изненадува,од негов хејтер почна да ме предомислува. Се виде колку подобро напаѓаме кога игра тој, но сепак мислам дека кога игра сам како централен напаѓач многу повеќе ја успорува играта.

Мислам и дека нема многу да го гледаме како осамен напаѓач, доколку дава резултати, Венгер ќе го задржи овој нов тип на 4-4-2 формација и секогаш ќе има двајца напаѓачи кои ќе се надополнуваат.
 
Јас имам впечаток дека конечно ја најдоа формата и почнаа да се разбираат меѓусебно. Претходно беа ко маалски фудбал - каде топка таму сите и си пречеа сами. Има време, ќе видиме дали е само мал полет или конечно се уиграа (скоро) сите.
 
И коа ќе се врати Озил?Па одново барање формација..

Е за ова си у право да ти кажам искрено, ич нека не го игра ако планира пак на крило да го става.
 
И јас сум воодушевен од Мартинез, многу е голем, грамаден и подобро се снаоѓа со нафрлени топки, за разлика од Шчезни. Исто читам по нетов неки "експерти" велат дека испуцувањата и пасевите му се јака страна.
 
три пати денес испуцуваше во аут, а еднаш ја испуца слабо па за малку направи контра на Саутемптон
 
три пати денес испуцуваше во аут, а еднаш ја испуца слабо па за малку направи контра на Саутемптон

У право е што вика.И јас баш сакав да го пофалам за тоа. Тие грешки најчесто беа поради пресингот на Сотон.
 
три пати денес испуцуваше во аут, а еднаш ја испуца слабо па за малку направи контра на Саутемптон

Ти текнува Шчезњи кога почна да брани што праеше? Немаше ни 50% успешни испуцавања. Се учи тоа.

Искрено мене ме изненадува до сега, оние нафрлени топки на кои сите голмани од Леман навака им биле проблем до сеа ептен лесно ги фаќа. Али факт е дека нема искуство и кога-тогаш ќе напраи кикс што ќе не чини бодови.
 
Класата на Алексис се виде кога изгубивте од Свонси, само тогаш на ракомет бев па заборавив да ви пишам. На крајот од утакмицата беше како исфрлен од поплава, му се плачеше а одредени фаци откај вас се смешкаа, се гушкаа со Велшаните. Тоа се тие родени победници.

Мене ми е жал само што за одредено време и тој ќе се вклопи и ќе стани таков. 75% од тимот на Арсенал го сочинуваат лузери, без желба, без самодоверба, со неискористен талент... Озил дојде како екстра класа фудбалер, можеби и најдобриот во тој период на таа позиција, но што стана од него !? Една полусезона и тој се фрли во сенката на остатокот од тимот. Се молам и се плашам да не се деси истотo со Санчез.
 
Ама не можеш да го споредуваш work rate-от на Озил со тој на Санчез. Вториов е јужноамериканец, освен да скрене некој период во иднината и да бара трансфер ПСЖ, МСЖ што знам каде, нема да изневери со желбата за победа, трудот, ќе дава 110% на терен :) Озил е квалитетен се тоа супер ама тој проблемот со кондицијата од Реал си го пренесе и во Арсенал. Ок и тоа што крило го играа до пред да се повреди, ама сепак, некако неспоредливи ми се.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom