Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Каков малер сме,не памтам играч кој дошол кај нас и немал сериозна повреда. Мора да е до тренингот...
 
Тие што не ги сакаме не се повредуваат или брзо се враќаат, колку ќе кажат за толку се враќаат.

Инаку според мене Кокелин>Фламини. Некако имам верба во него но и тој се искина со повредите.
 
Ќе видиме сега како ќе се одрази отсуството на Ремзи. Иако не беше во форма сезонава сепак е прв во Арсенал по точни додавања, највеќе креирани шанси и највеќе шутеви. Како и да е, со овој напаѓачки потенцијал би требало лесно да го замениме.

Артета ќе фали многу. Не дека е најдобар, ама немаме замена таму. Фламини е катастрофа, Кокелин одамна нема играно на таа позиција, а Чемберс мора да игра десен бек. Венгер изјави дека размислува да го игра Чемберс како ДМ меѓутоа сме биле тенки позади, што значи сеуште не сака да го форсира многу Белерин.

Вилшер ќе биде спремен за со Галатасарај, а Кошелни влече повреда на тетивата уште од јули па можно е да не игра утре.
Еве ја листата на повредени играчи: Ремзи, Артета, Монреал, Дебуши, Волкот, Жиру, Кошелни, Саного и Гнабри. Страшно.

http://www.mirror.co.uk/sport/football/transfer-news/olivier-giroud-signs-new-arsenal-4346880

Нов договор до 2018 година за Жиру.
 
Последно уредено:
Моментално сме леле мајко.

Да играат барем Џек и Кош против Челзи пошто без нив има 10 да примиме.

И поубаво да го ризикува Дијаби утре наместо против Челзи, се само Фламини да не биде у прв тим.

Само да излеземе без повреди од утакмицава со Галата пошто тимот против Челзи ќе ни биде смешен :D
 
Ако излезиме со Кокелин/Фламини на мостот, не сакам да замислам шо Фабрегас и Шурле ќе ни направат. Хорор ќе биде тоа. Уште од сега страв ме ваќа. 6 првотимци повредени (Волкот, Артета, Ремзи, Жиру, Дебуши, Вилшир ?).
 
Очекувајте слична утакмица како против кокошките.Сигурен сум дека Мурињо ќе го паркира танкерот и ќе чека на контра. За петарда не очекувам,но ајде прво да видиме што ќе покажат нашите против турците. :)
 
Доколку Шурле е во свој елемент нема што да бараме против Челзи.Таква фудбалска величина во зенитот од својата кариера неможе да се сопре кога има свој ден.:D[DOUBLEPOST=1412032911][/DOUBLEPOST]
Очекувајте слична утакмица како против кокошките.Сигурен сум дека Мурињо ќе го паркира танкерот и ќе чека на контра. За петарда не очекувам,но ајде прво да видиме што ќе покажат нашите против турците. :)
Камо среќа да паркираат автобус ке си ја пимпламе 90 минути и ке си се вратиме со бод.Мене ми е страв од пресинг врз Фламини.
 
Последно уредено од модератор:
И врз Пер. Мислам Адамс да го вратиме од пензија дека побрз е од него. :D
 
Јас мислам дека потрагедија да игра Фламини него Белерин, а Чемберс да се проба на ДМ позиција.За нападот не е толку страшно, има опции али страх ме од петарди со Челзи
 
Можеби е бавен,но е одличен читач на игра еден на еден.Еден од најдобрите моментално на негова позиција по оваа карактеристика.
 
Можеби е бавен,но е одличен читач на игра еден на еден.Еден од најдобрите моментално на негова позиција по оваа карактеристика.

Да, убо ја прочита лани на Стемфорд. Перфектно. :D Шала на страна, Пер е добар за со мали екипи кои чекаат на контра напад, а никако не е за екипи кои играат брз фудбал (Ливерпул, Јунајтед, Челзи, Сити). Тоа е главната причина што од кога дојде Пер немаме победа над екипи од топ4, особено лани. Лесно примаме голови и неговата тромавост максимално ја користат лани Вилијам, Навас, Стерлинг, Агуеро...
 
Кој беше лани добар на Бриџ,на Енфилд или на Етихад?
 
Кој беше лани добар на Бриџ,на Енфилд или на Етихад?

Fair enough. Ипак стојам на тоа дека против екипи кои играат брз фудбал мора да имаме по мобилна и по компактна одбрана.
 
Не е се до одбраната,и средниот ред треба да помага за да функционира задната линија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom