Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Велбек не може да игра сам во форот, барем не се' уште. Видете која сезона му беше најефикасна, кога Руни беше позади него, да му ослободи простор. Ќе треба Озил да игра позади него за голови. А ова што промашува, тоа е, џабе стававте статистики за процент на реализација, фрустрирачки е, се ќе направи убаво и финишот ќе го заебе.
ќе го почекаме да се среди во финишот, еее какви дебили сме ги чекале играчи да станат, за Велбек ли е проблем...:icon_mrgr:
 
Се читаш шо пишуваш ?
Од 50та минута глеав денес, ама колку лошо и да изиграл Ремзи дефинитивно не треба да се седне на клупа. Многу е лесно Озил да се игра централно зошто за на крило ги имаме Санчез, Полди, Кембел, Окс и сигурно двајца од овие четворица многу подобро ќе ја завршат работата од Озил, ама ете старион е тврдоглав до 1001 и назад...
Иначе не знам шо му е у план на Венгер ама ако веќе Чејмберс не се игра на десно крило, тогаш мора да се игра место Пер зошто колку и да е добар Пер, едноставно спор е.

И да, иако викав дека Велбек > Саного ипак би уживал да го глеам вториов да игра зошто бар за него имам тронка надеж дека може да напредне...
Па добро, или Ремзи или Вилшер, а го напишав Ремзи затоа што Вилшер последните две три утакмици ни е најдобар играч. Повеќе од очигледно е дека на Озил му е утната позицијата. Или тоа, или ни дадоа двојник што само личи на Озил и никогаш не бил фудбалер. Не знам што да кажам, али ми е многу криво што таков играч си ја уништува кариерата полека но сигурно
 
Па добро, или Ремзи или Вилшер, а го напишав Ремзи затоа што Вилшер последните две три утакмици ни е најдобар играч. Повеќе од очигледно е дека на Озил му е утната позицијата. Или тоа, или ни дадоа двојник што само личи на Озил и никогаш не бил фудбалер. Не знам што да кажам, али ми е многу криво што таков играч си ја уништува кариерата полека но сигурно

Озил е уствари Локи, богот на измамата :D
Avengers_-_Loki_(uniqueLegend).jpg
 
Последно уредено:
Како изигра тој малиот, Белерин?
слабо, влезе во сивилото на целиот тим, башка што и партнер по десната страна му беше очајниот Озил, уште пред да почне утакмицата знаев дека слабо ќе изигра, а и Дортмунд ја форсираа таа страна, надеваќи се на грешка од него.
Ќе го видиме во ПЛ, нека изгира 5/6 утакмици, па после ќе му судиме.
 
Како изигра тој малиот, Белерин?
Немаше со кого да игра. :)

ПС. Цела година ќе трпиме ние фановите поради тврдоглавоста на стариот да донесе ДМ. Со Артета и Фламини само до ФА Куп,подобро би се покажале во уметничко лизгање. Исто така ме загрижува Пер,последни утакмици се улетува напред иако е преспор што е доволно за гол од контра да се прими. Треба Чемберс да игра на негово место додека не ја врати формата.
 
Последно уредено:
Не ми е тешко толку што изгубивме туку што со грчеви ги гледам, ко да чекаат топката сама да им дојде.

И доста со тоа Озил бил крив Ремзи били или Вебек, игра цел тим не индивидуалци а ние немавме тим на теренот туку нешто што глуми дека е тим. Да е до Озил не е затоа што неможе еден играч да е цел тим (не дека го бранам дека изиграл нешто да не ме сватите погрешно) и затоа глупо ми е да се вика само по него. Лани иако се мачевме барем имавме некаков резултат.

До пред 2-3 години можеби немавме успех но знаевме да лупаме петарди почесто, барем ако не освојувавме уживавме во тие утакмици сега само добивам грчеви од статичноста на играта.
 
on Wilshere…
Jack Wilshere has turned his ankle, it's difficult to say how bad it is because I am a bit cautious, normally it's not very bad but because of his history I'm a bit cautious. Apart from that no player I took off was injured.
 
ќе го почекаме да се среди во финишот, еее какви дебили сме ги чекале играчи да станат, за Велбек ли е проблем...:icon_mrgr:
Ај па до тогаш може и ќе ни се врати (недај Боже) :D[DOUBLEPOST=1410907524][/DOUBLEPOST]btw класа напаѓач оние 2 шанси ќе ги претвореше во гол и фактички без игра ќе имавте реми :)
 
Озил по средина полошо ќе изигра него на крило, одма пресинг двајца ќе му идат, ко лани да газеше како 10-ка па сега да се врател на старата позиција.
Нема храброст Венгер да ги седне Озил и Ремзи на клупа, додуша Ремзи срање игра секогаш кога игра заедно со Вилшер, двајцата истото се обидуваат да го постигнат и се гушат.

Волкот мора под хитно да се врати да донесе малце свежина затоа што сме очајни во нападот.
 
аватаров ќе стои се додека гледаме вакво сивило на терен, а за тоа сум убеден дека е виновен САМО и САМО Венгер
 
Да играше и војче како цел тим ќе не имаше на насловни утре... Канонада во дортмунд.... Петарда на арсенал! Абе ви викам ја уште од саботата, венгер нека пакува куферот.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
аватаров ќе стои се додека гледаме вакво сивило на терен, а за тоа сум убеден дека е виновен САМО и САМО Венгер

Па нормално. Исто така е виновен и за титулата во ФА купот, за Черити Шилдот годинава, за ПЛ без пораз, за двојни круни, финале ЛШ. Он е за се виновен, али има кредит на шо да се изваде, за разлика од ѕвездите во тимот.

И нека му дадат пократи шорцеви на Алексис, демек му сметат па ги крева. :D
 
Не бев во можност да ја гледам утакмицата. Незнам што се нервирате, констатиравме уште на 31 август дека ќе се бориме за 4 место и ќе стигнеме најмногу до 1/8 финалае во ЛШ и толку. Не ги зеде стариот двете клучни позиции, ДМФ и напаѓач и толку е капацитетот.
Кога пишав за Фалкао, макар и на позајмица за 20 милиони на некој му беше смешно, многу плата земал, ќе одел во Р. Мадрид незнаш што незнам како, сеа ќе се мачиме со телиња ко Велбек, Саного и Жиру.
Изгубивме од вицешампион на Германија, јаката работа. Од нив губи и Баерн и Реал и многу други. Страшното е што неаме никаква игра, игра поради која јас почнав да навивам за Арсенал, игра со која правевме по 20 шанси на натпревар, имавме преку 65% посед на топка, едноставно везевме по терен. Тоа веќе го нема, го нема препознатливиот Арсенал. Ќе биде тешка оваа сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom