Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Кој Клоп го сакате, оној што е на -20 бода од првиот, во првенство каде само две екипи се натпреваруваат за титула?
Нас ни треба искусен тренер после Венгер, некој од типот на Анчелоти, Капело, Ван Гал и сл., менаџери што се докажале во повеќе клубови и освоиле титули во различни првенства.

Со резервен тим игра Клоп сезонава, има дупло повеќе повреди на главни играчи од вас, пола тим му продадоа, се виде кога целиот тим му е на готовс, го упропастија Реал, рамноправни беа и со Баерн.
 
Не ме чуди овој тип да го наследи Венгер.
Еве и добра вест :)
Хмммм Венгер би сакал да го наследи мислам, блиски се двајцата.
На крај ќе турат некои од поранешни арсеналовци ко Адамс или слично. :D
 
Со резервен тим игра Клоп сезонава, има дупло повеќе повреди на главни играчи од вас, пола тим му продадоа, се виде кога целиот тим му е на готовс, го упропастија Реал, рамноправни беа и со Баерн.
Џабе ондак тој, иста карма ко Венгер носи :D, му продаваат играчи, пола тим му се повредува...... веќе видено и прекувидено, нас друг филм ни треба, а не реприза на овој.
 
Џабе ондак тој, иста карма ко Венгер носи :D, му продаваат играчи, пола тим му се повредува...... веќе видено и прекувидено, нас друг филм ни треба, а не реприза на овој.
Море ако тоа значи дека ќе иаме уште една партија инвинсиблс ајм ин за Клоп :D
 
Шо заебавам.
Најкопачки фудбал играат, ултра дефанзивно, во дуели агресивни и ептен валкано играат.
Ние како прво немаме играчи за таква тактика. Симеоне да си замине од Атлетико во некој поголем клуб, фејл и пол ќе биде.

Ај ако знаеш кажи што Симеоне ќе ни донесе, како ќе не среди, каков фудбал ќе играме?
Или ако не, покажи дека Атлетико не го играат најкопачкиот фудбал у Европа.
За почеток игра со 15 играчи цела сезона и пак е втор во Ла Лига и најискрено кур ме заболе колку копачки фудбал игра as long as сме први и имаме посед на топка
 
За почеток игра со 15 играчи цела сезона и пак е втор во Ла Лига и најискрено кур ме заболе колку копачки фудбал игра as long as сме први и имаме посед на топка
незнам дали знаеш ама тие две работи не идат заедно
 
Ганери, одамна се токмам да ве прашам нешто.
Со еден другар пред некое време имавме една дискусија за Арсенал, поточно за кризата овие десет години.
И двајцата сме со спротиставени ставови, т.е. според мене кривицата е во менаџментот и тоа што не му даваат доволно средства на располагање на Венгер, па мора човекот со тинејџери да игра, а според него Венгер имаше доста шанси(и пари на располагање) посебно последниве 2-3 сезони, ама како да неможе да го одбере правите играчи, Озил дојде на крај на трансфер рокот, не купија напаѓач замена за Жиру ниту во летниот ниту во зимскиот преоден рок.
За мене Венгер е сеуште класа менаџер, последниве две сезони ја стокми и одбраната што им беше проблем претходно, ама ете некако пак не иде.

Сигурно сте имале милион дискусии за ова, ама ретко го посетувам вашиов фан клуб, па би сакал да слушнам и вие што мислите за ова, како поупатени. :)
 
Тикви имал на располагање многу пари последните 3 години. Да имаше немаше да си идат играчи секоја година.
Дури годинава има пари. А за напаѓач Венгер си е крив никој друг, само поради тоа што остана само со еден до негде квалитетен напаѓач.
За Жиру нема замена моментално и тоа е тоа.

Ама нели нема поента да лупнеш 30 милиони на некој ко Солдадо.
Ајде нека ми наброи некој 5 напаѓачи подобри од Жиру што нема да чинат 35+ милиони.
 
Негредо, Лукаку, Стариџ, Манџукиќ, Тевез, Љоренте etc...
 
Љоренте бе брат :D

Негредо/Лукаку нема да сменат многу за Арсенал.
Лукаку цвета у играта на Евертон.
Кај нас ќе има ист ефект како и Жиру поради тоа што средњаците нити крилата ќе играат за неговите предности т.е. играта со глава.

Стариџ и Тевез дефинитивно да ама како подршка за класичен шпиц напред. Сами како напаѓачи неможат.
Манџо го почитувам, неверојатно е колку човекот работи на терен а и го сака топката.

Нејсе, не викам дека Жиру е топ шпиц, за резерва е одличен, не за прв шпиц кога се бориш за титула.
Ама за шпиц како Жиру/Негредо/Манџукич ти фали играч како Агуеро, Тевез, Суарез и остали такви брзи и технички потковани напаѓачи или брзи крила какви што има Реал и Сити и Ливерпул и Баерн.

Тоа би значело Арсенал да го смени начинот на кој што игра или да земе уште крилни играчи.

Коа сме веќе тука, тврдам дека да Тео останеше здрав Жиру ќе имаше над 25 гола до сеа во сите конкуренции и сигурно барем 4-5 + од тоа што го има сега во лига.
Арсенал сам себе убијал зимата, ама не е само Жиру проблемот.
Види само што се случи со Озил по повредата на Ремзи и Волкот. Нема со кого да игра пошто сите играчи на Арсенал сакаат да ја имаат топката а никој не втрчува позади одбраната за да ги искористи пасовите на Озил. Затоа и Озил е толку лош а затоа и Жиру е толку лош.

Не барам оправдувања само кажувам како јас ја гледам ситуацијата, целата вина паѓа на Жиру ама тврдам во моментов било кој да го имавме од Лукаку, Негредо Џеко и остали такви крупни напаѓачи немаше да бидеме понапред. Средината е анемична.

Фалат уште 2-3 квалитетни засилувања во Арсенал, пред се во офанзивниот дел (крило и напаѓач), и секако еден средњак за да ги смени Артета/Фламини на таа позиција.[DOUBLEPOST=1395752389][/DOUBLEPOST]
Ето, Игуаин, Џеко, Балотели, Ел Шарави...

Ел Шарави? Балотели? Џеко?
Не си сериозен ваљда нели?

Ето ако би бирал меѓу нас и Челзи секако ќе одбереше Челзи[DOUBLEPOST=1395752526][/DOUBLEPOST]
Негредо, Лукаку, Стариџ, Манџукиќ, Тевез, Љоренте etc...

Него ме интересира ги наброја напаѓачиве зимата кои можевме да ги зееме под таа цена или на почеток на сезона?
 
Играч од типот на Анри на времето ни треба. Сега пошто такви се само неколкумина кои можат да ја сменат играта, одма (Меси, Роналдо и Ибра), нас ни треба тип на напаѓач Суарез. Убеден сум дека ако дојдеше тој (немаше да дојди Озил, кој и те како не ни би требал во тој случај) ќе бевме сигурно на првото место. Значи, мои желби за на лето се: Агуеро, Суарез, Ибрахимович, Фалкао и Балотели. Од сите овие, само последните 2ца имаат минимални шанси да направат трансфер на лето.

Друга ствар, одбраната ни е на место, освен на тие 3 утакмици на кои ги примивме 60% од вкупниот гол на примени голови, сезонава. Изгубивме кај Сити, Челзи, Ливерпул, Јунајтед и Стоук. Кога ќе видиш то и е не е така лошо, бидејќи имаме само еден пораз на гости од тим кој е под 10тото место на табелата. Но, проблемот е што дома не ги победимвме ниту Јунајтед, ниту Челзи. Тие 4 бода, не носат на првото место, во случај да победиме вечерва и то е факт. На секој можи да му се случи да киксни дома, како ние со Евертон и Вила, но тие 4 бода, за мене се клучните сезонава.
 
Стариџ дефинитивно да ама како подршка за класичен шпиц напред. Сам како напаѓачи неможе.

Не сакам да ти држам предавања зошто си имаш свој став ама не се согласувам. Стариџ и те како може сам да игра напред. Кога играше без Суарез 10 утакмици растиру од голови давање како осамен во нападот. Почетоков на сезонава од 5 кола Ливерпул со него имаше 4 победи и една нерешена, на која што ги даде 80% од головите :)
 
Како шо вика, @Peja989 тандемот на Суарез со Стариџ мене многу ми наликува на времето кога и кај нас имаше играчи кои можат да дадат едниот (Анри) 30 гола, и другиот (Пирес/Беркамп) 15 гола. Сега за жал, нас то ни фали. Ливерпул има ужасна одбрана, која прима голови, но то го надполнува со фантастичниот напад. Нешто како Арсенал на времето на Непобедливите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom