Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Дај да баталиме муабетов за со препукувањата со Ливерпул. Џабе се расправате во темата за Премиер Лига, треба да целиме кон тие над нас, не кон ти позади. Лани имавме недостаток од 16 поени позади Јунајтед, сите се засилија летово освен ние и они. Тотнем убав пазар направи, Сити стандард, и Челзи нешто. Јунајтед е шампион и секако не би го отпишал од игра.

Јас мислам дека Венгер се лаже ако се надева дека сме уиграни и со ист состав од претходната сезона. 2-3 повреди на клучни играчи и ќе не макља ВБА и Фулам е****.
 
Еј стварно ова пријателскиве пред почеток на првенствово глупост невидена.
 
Каша попара ни е летово. Сепак верувам дека нешто ќе се земе.

Можеби требаше да го земем Густаво од Баерн, Волфсбург наводно имале добра соработка со Баерн и му понудиле 115к неделно. Венгер сигурно му давал џепарац е****.

Е тука е у право Венгер мадафака.Кој е тој Густаво бе што сака над 100к плата.Немој да ме јебеш,друже.
 
Е тука е у право Венгер мадафака.Кој е тој Густаво бе што сака над 100к плата.Немој да ме јебеш,друже.

Ѕвезда го напраја тој, Густаво, како кузнај кој да е. Ние имаме подобри играчи во тимот, моментално, што заслужуваат да земаат повеќе од 100 000 плата, а камоли некој си новодојден, Густаво.
 
Е тука е у право Венгер мадафака.Кој е тој Густаво бе што сака над 100к плата.Немој да ме јебеш,друже.

Не реков дека треба толку да му даде, можеби и затоа не го земавме (барал многу плата). Муабетот е што испо-отидоа играчите по други клубови, со прстот во уста ќе останеме. Тотнем убави играчи зема, иако ќе ги видиме како ќе се покажат.
 
Пред да започне трансфер периодот Венгер рече дека почетокот и крајот се најбучни.На почеток не зедовме ништо,а еве сега пред крајот излегува со изјава дека ќе се троши.Чека крај на т.п. поради намалување цена и сл.Тотенхем кој и да зема џабе им е.
 
Аларматна е ситуацијава со засилувања. Една повреда и уште една суспензија во ист дел од тимот и ете ти резултатска криза. Ова особено важи за средината. Ќе донесат нешто( џабе не ги испопраќаа резервите на позајмица) ама во паника ќе бидат тоа некои нови Парковци, Сантовци, од кои после едвај ќе се отарасиме.
 
Густаво не е земен наверојатно НЕ заради платата, туку заради тоа што Венгер не сакал да му гарантира првотимски статус (а токму тоа и тој го бара, затоа и заминува од Б.Минхен, во пресред на Светско првенство во Бразил)
 
Wilshere "We don’t just want to be fighting for 4th place – we want to be up there with the likes of Chelsea, City and United."
Ако не купи минимум 2 играча стварно ќе бидам разочаран од стариот
 
Ај повредиве на другиве првотимци што беа од поодамна океј, се јадат некако. Ама сега и Артета повреден?!?!?!?
Мора Венгер да донесе најхитно играч задњи везни, зошто сме КАТАСТРОФА без Микел. Ова е ПЛ од сабота, не е Малезија дрим тим дај нека не ме јебе. Минатата сезона видовме статистика колку Артета ни е клучен играч, односно колку имаме победено/изгубено со него во состав и страшна бројка беше.
Убеден сум дека Венгер ако напраи засилување дека ќе биде правото, ама ме фаќа страв дека од кога е он во ПЛ и Арсенал многу работи се измениле со нафташиве и шеициве и дека фудбалот се модернизираше, а он не. Многу е пребирлив и тоа ме нервира. Нејќам пак да го јадеме калапот као минатата сезона со лош старт заради касно донесени засилувања во тимот и проблем за приспособување на ПЛ.

Кој ќе ни игра сеа ДМ? Ремзи? Мора искуство на таа позиција, мора играч што одма се ослободува од топка а знаеме дека Ремзи е креативен и дека сака да игра со топка. Се плашам за со Астон Вила :/
 
Ако игра Ремзи на местото на Артета ќе треба пак да го хејтаме детето.Видовме против Наполи дека дуплиот пивот Вилшер/Ремзи не функционира,немаат тактичко познавање од поставување во дефанзива.Против Наполи се тепаа кој да креира во напад,а никој не се враќаше да брани кога напаѓаа Наполи.Ќе има нервози....
 
Токму за ова зборев погоре. Според мене задњи везни е најважна позиција во фудбалот, ако воопшто може таква една да се извои, а ние баш на таа сме многу тенки. Си отиде Сонг, не се донесе замена, Артета се приспособи да игра таму, ајде тоа ок супер е Микел ама замена мора.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom