Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ваљда пошто Суарез=Јоветиќ+Игуаин ..
 
Едно прашање што не ми е обид за провокација.
Летово ве поврзуваа и со Јоветиќ и со Хигуаин а сега и со Суарез.
Зошто сега за Суарез толкава фама се крева а за Јоветиќ и Хигуаин не ?
Пошто има официјална понуда за Суарез а за двајцава немаше ? Пошто Суарез е подобар напаѓач од двајцава ? Или има нешто друго ? :)

Ако се земе предвид дека Англичаните од мравка прават слон нишо чудно шо е голема фама малце и со оваа фунтата уше толку доби на популарност трансферот башка ви предлагам да нечитате ниту да се замарате со весници пошо новинарите живеат од шпекулации си измислуваат прикаски и си пишуваат шо ке им дојде во умот.За Суарез е пуштена официјална понуда (незнам и ова колку е точно) и би сакал да го видам во Арсенал настрана шо е копук и лигуш со понашање фудбалски гледано е класа играч ама мислам дека нема шанси да го потпишат Арсенал и 40 милиони едноставно неодат едно со друго можебио сето ова е да одвлечат внимание и да работат на трансфер пазарот послободно (секако ке купат 2-3 играча само ме нервираат шо чекаат до крај па после им треба до декември уигрување) за овие двајцата други шо да кажам освен дека невредат толку колку шо ги платија другиве клубој а за Јоветич тоа изгледа се беше кромид вест.
 
dragonsky Претпоставувам следиш англиски медиуми и во истите секој ден се пишуваше за Игуаин. Јоветич беше споменуван, но изгледа се виде дека не сме сериозно заинтересирани, па почнаа со Игуаин. Ова со Суарез е медиумска бомба, можен трансфер на играч од еден ривал во друг, па и од таков калибар.

А тоа што ние повеќе збориме за него и би требало да е очекувано. Човекот е играчиште, и Арсенал навистина имаат понудено 40.000.001 фунта по инструкции на агентот на Суарез со што Ливерпул мора да го извести Суарез за понудата и да му дозволи на Арсенал да разговара со него.

Се чини дека Арсенал навистина има пари летово, вчера дури прочитав дека тоа било близу 100 милиони. Наводно имале можност да дадат 3-4 плати од по 150к неделно, а од другата година ќе пристигнат повеќе пари и би требало да се има уште поголем буџет. Впрочем и Газидис во еден отчет на почеток на летово кажа дека имаме пари и за трошење и дека му се достапни на Венгер.

Вакви дешавки не се случувале со Арсенал, мислам трансфери на поскапи играчи. Од неверување сите изгледа вака реагираме:

cheeky.gif
 
Волкот е катастрофа...можеше 4 гола да постигне
 
Волкот е катастрофа...можеше 4 гола да постигне
Да погоди статива по продор низ 3ца и иста акција пласиран удар кој играч го извади од линија...
одлична асистенција што го направи и атрактивен да изгледа голот на Полди...
Имаше уште 1 обид дечкото да го пројде голманот, не беше лош но ете не успеа сепак...
Потоа имаше само уште 2 мизерни финиша пред гол што беа уствари едините што може да се каже грешки, другите 3 горе не :)
Толку катастрофа? Следен меч, многу подобро се надеваме ќе изигра и ќе биде по ефективен :)
 
Мислам дека мидфилдер ова лето нема да видиме.Барем не име.Може некое солидно французинче ко Грание,мада и тоа е тешко.И тоа е колку-толку име.Е сега прашањето е зошто нема да се зима.Одговорот е лесен и едноставен.Го имаме Артета,Вилшер и препородениот Ремзи.Се согласувам дека е препороден,но сепак за прв тим не е.За ротација е супер.За кецот напред ќе се борат Вилшер,Росицки и Казорла.А Казорла знаеме дека игра и крило-лево и баш серијата што ја имавме од 10+ утакмици без пораз на крајот од сезоната тој ги одигра таму.И плус ја имаме најјаката замена во Диаби:cautious:Значи се на се тоа се 6 играчи за 3 позиции,според Венгер супер.Мидфилдер ќе се купи само доколку купиме поефтин напаѓач.Затоа и ќе се фрли огромна пара на Суарез па ќе нема пари за mediocritas.Одбраната ќе се појачува со не толку звучно име и секако да ја имаме во предвид изјавата на Венгер од пред неколку саата дека Сања ќе биде одличен и како штопер.Не за џабе се форсира Сања на оваа турнеја како штопер.Со повредата на Вермален,дуото од ѕад ќе е Мер-Кош(а и да не беше повреден пак тоа ќе беше),Сања десен а доколку треба измена за влегување штопер тогаш Џенкинсон ќе е десниот бек,а Сања штопер.Впрочем додека не се опорави Вермален,Џенкинсон може да го гледаме почесто во прв тим во случај на суспензија на еден од штоперите или недај боже повреда.
Занчи има 4опции:
Купување напаѓач и одбранбен играч.
Купување напаѓач и мидфилдер(Бертранд).Знаеме Венгер колку сака млади играчи,али не ми се верува дека толку солено ќе го земе иако има страшни шпекулации.
Купување и напаѓач и мид и одбранбен.
Купување само напаѓач.

Најреална опција ми е некако првата.
Со средината и и одбраната можно е да се напраат малверзации(ротации) кога е Венгер во прашање. Причината е наведена погоре.3 позиции 6 играчи и способноста на Сања да игра штопер.И како што ќе се каже Вермален ќе биде одлично засилување во Ноември.
Во едно сум убеден дека напаѓач сигурно ќе се доведе.Желба ми е Суарез.
А за права challenge за титула мора и во мид и во одбрана да се засилиме со доста добри и квалитетни играчи.

Има многу математики,сигурен сум дека ова не е се што има во ум професорот.Има кај него многу математики,ептен. :pos: Како и да е,мислам дека не очекува бурна недела во која конечно ќе потпишеме со некој.

ПС:До кога Волкот ќе си го подобрува финишот? Се надеваме дека пред пензија ќе го усоврши (y)
 
Прееска против Урава можеше да се види дека Венгер го форсира многу Волкот, веројатно сака да темели голем дел од нашата игра преку него и да ни биде клучен играч.Највеќе минути во овие тест натпревари он игра, арно ама овој е многу лабав, како да е без желба да дае гол, голманот го читаше као букварче.Се тешам дека е почеток,пробни утакмици па во тоа дека е проблемот, но мене ми е битно дека знае да влезе во шанса, да створи, еве денес и асистираше на Лукас за 1-0.
Мигел лево по страна трагедија беше, врска нема во напад (иако имаше одлично подавање кон Подолски во шеснаесет при крајот),многу неточни пасови, скоро сите шанси на Урава од негова страна беа направени..

Во врска со трансферите, напаѓач сум уверен дека ќе дојде,многу се шпекулира, ако е тоа Суарез ќе бидам среќен гледајки го од фудбалски аспект, но се плашам од неговиот темперамент.Венгер ќе мора да го преваспита :D
 
Да погоди статива по продор низ 3ца и иста акција пласиран удар кој играч го извади од линија...
одлична асистенција што го направи и атрактивен да изгледа голот на Полди...
Имаше уште 1 обид дечкото да го пројде голманот, не беше лош но ете не успеа сепак...
Потоа имаше само уште 2 мизерни финиша пред гол што беа уствари едините што може да се каже грешки, другите 3 горе не :)
Толку катастрофа? Следен меч, многу подобро се надеваме ќе изигра и ќе биде по ефективен :)

Волчко три пати испадна сам со голманот и реализацијата му беше очајна во тие 3 шанси,да не беше среќниот погодок на Акпом ке изигравме нерешено.На припремиве се отепа од промашување зицери.Едниствено нешто за што го бива Волкот е да му дадат топка во празно(или преку одбраната) и тој да ја претрча одбранта и да испадне еден на еден со голманот,затоа мора да ги реализира тие шанси.
 
Малку заебанција де, одма на кавга ропате...:tapp:

имаш посебна тема за вакви слики, плус имаш и тема за ПЛ, така да ако имаш нешто паметно да кажеш ок, ако не фаќај магла....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom