Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Е па ван Перси ќе си иде, Жиру ако се повреди кој ќе игра? Шамак? Или Подолски па да го гледам Жервињо лево. Не е на одмет уште еден напаѓач, чисто за резерва. Прв пат слушам за типов, али ко за тешка резерва доволно би било некој просечен играч, може ќе го биде кој знае.
 
еве оти Усманов не го примаат во бордот на директори
http://www.svenskafans.com/england/...ter-the-great-or-Peter-the-greedy-435982.aspx малце долго е
--- надополнето: 14 август 2012 во 15:24 ---
пс:воа ли зимо е Африканскиот куп на нации?
--- надополнето: 14 август 2012 во 15:26 ---
http://www.goal.com/en-us/news/69/t...las-reveals-arsenal-talks?source=breakingnews

шо к** ке ни е вој?
Епа РвП и Бендтнер си заминуваат, ќе мора 2 напаѓача да пополнат место, Жиру е едниот и овој најверојатно е вториот.
Гледам нешто клипови од овој, не ни треба ваков дриблер себичен, секоја чест за техника со топка, ама дриблери у Премиер Лига не поминуваат добро освен светска класа како К. Роналдо.
Ама, ни треба трета опција напаѓач кој од 10 утакмици ќе даде 7-8 гола, очајно ни треба.
 
Мислам дека овој може да просперира во Арсенал, има одлична техника нешто налик Азар ми е, млад е и ефтин. Ако го земат може да биде добра резерва
 
Мислам дека овој може да просперира во Арсенал, има одлична техника нешто налик Азар ми е, млад е и ефтин. Ако го земат може да биде добра резерва
Има откупна клузула од 6 милиони фунти, што е доста ефтино.
 
Мислам дека Венгер доста го јадеше од овие таканаречени ѕвезди кои тој ги створи. Трансферите на Казорла и Подолски се знак дека почна да се опаметува. Не верувам дека е до толку глуп да го земе она копиле да го направи играч и после тоа да кука за Барса. Ако се деси тоа тогаш стварно го изгубил осетот. Инаку ја да сум Венгер испод 30 милиони фунти не го давам Сонг. Има уште 3 години од договорот, а и не изгледа како фаца што ќе сака да 'освојува' титули со други тимови. Оние патетичните испратија цела екипа да го канат Сонг да дојде, уште Меси им фалеше, а сега со оние пичкарски нудења на играчи со бај-бек клаузули се врв на глупоста. Доволно го јадеше Венгер и од Барселона и од Сити. Сега му е времето да се покаже дека не го изгубил осетот.
 
Ова со Сонг не ми ојт на арно...24 години имат момаков и имат сигурно 5-6 сезони пред него кои ќе ги изиграт на ниво...прв пат да чекам трансфер дедлајн да поминит не за тоа да видам кого сме купиле,него кого не сме продале...иначе околу Робин, кога неговото его е поголемо од тимскиот дух, подобро да е продаден.
 
Да се надоврзам на шпекулациите во врска со Сахин од пред неколку страници, само да кажам дека заборавате дека тој во Реал Мадрид зема огромна плата и ние ако го позајмиме ќе треба да му ја плаќаме целата и тој најверојатно ќе стане најплатениот играч во тимот, одозгора позајмен, одозгора игра на позиција на која сме повеќе од покриени.
 
Никој не ми одговори дали има Африка Куп на Нации(или како и да беше),бидејки ако има такво нешто во Јануари кога е најгусто ке ни фали Сонг или Камерун повторно не се квалификуваа?
 
Никој не ми одговори дали има Африка Куп на Нации(или како и да беше),бидејки ако има такво нешто во Јануари кога е најгусто ке ни фали Сонг или Камерун повторно не се квалификуваа?
Да ќе има, би требало на секои 2 години да се одржува, но заради светското во 2014, годинава ќе има.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom