Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Koscielny was named man of the match on French TV

Одлична партија и со право го доби признанието за тој натпревар
 

И тоа како ја зедоја. „Тигрите“ им требаше победа против Индепендиете, за да играат мајсторка за титула, тие изиграја само 2-2. Притоа водеа на полувреме, но после губеа и дадоја гол од пенал за 2-2. Ако во последните 5 минути дадеа гол, и двата тима ќе имаја по 30-15 гол разлика, и се играше мајсторка за одлучување на победникот. Хорор-трилер мечеви.

Извинете за ОФФ
 
не ве пратам многу добро
ако можи некој набрзинка да ми напиши шо зедовме и шо си ојде? :)
 
не ве пратам многу добро
ако можи некој набрзинка да ми напиши шо зедовме и шо си ојде? :)
Си “ојде“ Алмунија - отпуштен и Озјакуп, како и уше неколку младичи пуштени без клубови...
Доведени : Подолски и Жиру
 
Ај да го видиме Жиру сеа. Баш ме интересира дали Венгер, пак ќе згреши за напаѓач од Франиција. Не вервам, два пати да згреши Јас.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 00:06 ---

Видете талент (за пеење) што земавме :)

Певаљка си купил Венгер. :pos:
 
Првин да ви опишам како започна прекрасниов ден. Утрово не ветуваше многу. Утрински обврски пред работа колку сакаш, истото ме чекаше и на работа. Првиот момент кога имам шанса да ескивирам обично е резервиран за кафе и цигара, ама утрово немав време да го прочитам Arseblog,(што го правам секогаш без исклучок) отварам и има што да се види. Официјална потврда за Жиру :eek: , не ми се верува, ја отварам официјалната и таму исто :vozbud:. Прекрасно.

Честито нека ни е новото засилување. Од Август ќе го имаме најстрашниот напад во ПЛ, под услов да остане Робин, а верувам дека ќе биде така. Го чекам уште М'Вила, и ќе имаме тим кој може да направи нешто сезонава. Ќе имаме конечно и клупа за напад, средина и одбрана. Имаме тежок распоред Август и Септември, традиционално имаме добар старт на сезоната (освен лани де) се надевам и годинава дека ќе стартуваме добро а ред е и среќата да не послужи малку. Судиите исто така, сепак имаме ѕвезди како Робин, Подолски, Окс и конечно после година ипол, се надевам и Вилшир, англичаните би рекле и Волкот но јас сум сеуште резервиран.

Fellow gunners -

This is it, Arsenal is going to take EPL by storm!!!
 
Мене лично најсомнителни позиции ми се бековите. Освен Сања кој е ѕвер, сите други ги сметам за просечни. Сантош е добар во напад, ама во одбрана имаше доста киксови. За Гибс исто така не можеш да кажеш дажеш „добро е, Гибс ни игра“ зашто исто сметам дека не можеш да бидеш целосно убеден дека ќе имаш квалитетен бек. Слично мислење имам и за Џенкинсон, па дури и дека може да отиде на позајмица некаде да игра повеќе. Како и да е, ако ни останат сите играчи од минатата сезона (РВП, Сонг, Тео), мислам дека ни фали добар бек што може да игра на двете страни, добар голман да ги притиска Шчешни и едно квалитетно крило (освен ако Венгер не го планира Подолски како крилен напаѓач).
Позитивно тргнавме на пазарот, се надевам нема да застане тука Венгер. Со овие две засилувања веќе имаме поквалитетен тим од лани, барем повеќе опции во напад.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom