Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Кај беше со коментариве кога го победивме Блекбурн 7:1....или само се јавувате кога губеме..шо да ви кажам,браво за вас
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 23:42 ---

Благодарение на Венгер навиваш за Арсенал
Горе доле си во право дека од тој период почнав да го следам Арсенал, а дали ради Венгер, тоа не знам. Веројатно заради тој што ми обезбедил ТВ пренос.
Ајде добро, да кажеме дека си во право. До кога со тој муабет? Затоа и пишав, каква и да е легенда, доволно е. Доста е. Има извртена визија човекот што не му успева, не сака да дава пари, сака да чува подпросечни играчи у тим (Џуру, Дијаби, Алмуниа, итн.).
Може и него ќе му кренат статуа, легенда е човекот, ама отиден е у курац, тврдоглав е. Време е за промена.
Блекбурн се последни на табела бе мајсторче. Се вадиме од коло во коло, патетични сме. Ама таква е и лигата моментално (4-7 место).
 
За Венгер не чувствувам потреба да влегувам во никакви бесцелни конверзации...во фан клубот е зборувано милион пати на таа тема...За Ремзи шо да кажам,не верувам дека кој и да испаднеше и кој и да влезеше нешто можеше да промени,целиот тим беше дупка,како да гледав 11 тима со по 1 играч,а не 11 играчи сплотени за еден тим....Заслужено си изгубиме и одиме понатаму,нема откажување.
НИЕ СМЕ АРСЕНАЛ,ЗАРЕМ НЕ?
 
Додека во среден ред имаме играчи како Ремзи и Росицки, не треба да се чудиме зошто Ван Перси по 10 минути не ја допира топката.
Летото мора да се купува, мислам дека и Венгер е свесен за тоа. А дали треба да му дадат отказ, тоа чисто сумњам, уште едно 3 години ќе го води тимот.
 
За Венгер не чувствувам потреба да влегувам во никакви бесцелни конверзации...во фан клубот е зборувано милион пати на таа тема...За Ремзи шо да кажам,не верувам дека кој и да испаднеше и кој и да влезеше нешто можеше да промени,целиот тим беше дупка,како да гледав 11 тима со по 1 играч,а не 11 играчи сплотени за еден тим....Заслужено си изгубиме и одиме понатаму,нема откажување.
НИЕ СМЕ АРСЕНАЛ,ЗАРЕМ НЕ?

токму така како секој самз а себе да играше како да незнаат кој играч кај се наоѓа. Гибс неколку пати го сретнав на десна страна и ред такви работи. Денес фалеше тим. А гледав како секој да играше сам за себе без никаква идеја за да се организира напад. Причините за тоа џабе да ги разговараме помина возот. Требаше тоа на полувреме некој што зема плата за тоа да го среди....
 
Горе доле си во право дека од тој период почнав да го следам Арсенал, а дали ради Венгер, тоа не знам. Веројатно заради тој што ми обезбедил ТВ пренос.
Ајде добро, да кажеме дека си во право. До кога со тој муабет? Затоа и пишав, каква и да е легенда, доволно е. Доста е. Има извртена визија човекот што не му успева, не сака да дава пари, сака да чува подпросечни играчи у тим (Џуру, Дијаби, Алмуниа, итн.).
Може и него ќе му кренат статуа, легенда е човекот, ама отиден е у курац, тврдоглав е. Време е за промена.
Блекбурн се последни на табела бе мајсторче. Се вадиме од коло во коло, патетични сме. Ама таква е и лигата моментално (4-7 место).
Ти сериозно мислиш дека е само до Венгер да одлучува дали и колку пари ќе се даваат? Сериозно мислиш дека радикално ќе се променат на подобро? Не, сине, види го Интер, такви ќе бидеме и ние без Венгер, клуб без идеја, клуб кој ќе менува тренери на секои 6 месеца.
Блекбурн пред месец дена го победија Јунајтед на сред Олд Трафорд, така да муабетот не ти држи вода.
 
Оваа сезона мислам дека и последните жртви паднаа... до пред неколку месеци само го бранев пред се оваа сезона е докажано најлошо нешто што постои во и околу клубот.
Ремзи? Ако нека го остави! НИКОГАШ да не го извади од тим.
Греота е сега и за овој натпревар да се плука по него дека денес комплет сите слаби беа......Војче многу ме разочара за првиот гол што го примивме, не дека не ја одбрани таа туку пред тоа што имаше тоооооооолку лошо додавање.......
Не дека ќе сменеше нешто, али чист пенал не ни досудија, Мексес у стил на ултимејт фајтер го фрли РвП у шеснаесетник.....Не знам што толку се разликуваше овој старт со стартот на Џуру......
Идеме понатаму тоа е тоа.......Да не има некој што мисли ќе им тртнеме една петарда на емирати ? :cautious: абе има зошо да не :D:D
 
Во моменто Венгер го гледам како виновен, незнам што прават со претседателството но тимов личи на машина за пари. Секоја финансиска година се во ќар а се купуваат ефтини играчи.Незнам до кај ќе тераат но брука е цела сезона. Не паметам да сме претрпеле олку тешки порази.

Инаку и јас понатаму навивам за Арсенал, и ќе плукам се додека не биде најдобар!!!
 
Ти сериозно мислиш дека е само до Венгер да одлучува дали и колку пари ќе се даваат? Сериозно мислиш дека радикално ќе се променат на подобро? Не, сине, види го Интер, такви ќе бидеме и ние без Венгер, клуб без идеја, клуб кој ќе менува тренери на секои 6 месеца.
Блекбурн пред месец дена го победија Јунајтед на сред Олд Трафорд, така да муабетот не ти држи вода.
Сериозно мислам дека не е само до Венгер, ама он е менаџер на клубот. Он треба да бара пари. Според многу извештаи, пари има, само како да не се сака да се купи нешто. Не знам зашто сфаќате некое пост-апокалиптично сценарио ако Венгер си отиде. Не сме ние Чарлтон. Секогаш Арсенал ќе биде голем клуб, секогаш ќе сака некој да не купи и да не води. Има живот и после Венгер. Значи јас попрво би гласал за промени во политиката на клубот (Кренке гадот пред се, Газидис, Хил-Вуд и компанија), промена на Венгер во однос на трансфери, и конечно покажување поголем ентузијазам. Ако тоа не се оствари, прв на тапет е Венгер, си знае и самиот, на крај краева лапа 7 милиони годишно за таа работа.
Блекбурн тепаше на Олд Трафорд, ама пак си е во долни 3. Абе зашто се плашите да признаете дека играме лошо уназад години? Ние уствари играме добро на одредени утакмици, на сите други играме просечно или под-просечно а не вадат поединци понекогаш. Па еве и Бергкамп кажа, Диксон секоја недела збори на МОТД, Кион, Рајт и ред ред други дека мора нешто да се промени во политиката на клубот. Во право си донекаде и за Интер, еве и за Челзи, ама што ќе кажеш ако ти кажам дека во последните 5 години Челзи има освоено: Првенство: 2010; ФА Куп: 2007, 2009, 2010; Лига куп: 2007. Интер: Лига: 2007, 2008, 2009, 2010; Куп: 2010, 2011. ЛШ 2010. Ете, тие клубови мењале тренери и освоиле еден куп трофеи, значи не држи и тој муабет дека ќе пропаднеме со нов тренер.
 

Ја си гласав за Росицки, у цела никаква игра, он беше едини кој барем некое салам додавање направи. Волкот така се изналегачи денес, гарант не беше ни испотен кога го сменија на полувреме, не го видов да допре топка, не направи ни еден единствен спринт.(нешто у што наводно е најдобар).
 
Едно ќе речам, ФАБРЕГАС, врати се ! Толку !


Честитки за Милан, сосема заслужено, презаслужено. Дури и пет-шест парчиња ке беа заслужени.
 
Комплетната кривица е на Венгер и неговата “тактика“. Милан не успеал вака да се поигра ни со слабите тимови од Сериа А. Играчите се тие - Венгер знае кој за што е способен и би требало да ја постави формацијата спрема можностите (а и спрема противникот). Но, тој упорно игра со една иста формација (додуша има и една втора кога губиме 3-0). Тактички тотално надмудрен - не му е баш првпат.
 
Едно ќе речам, ФАБРЕГАС, врати се ! Толку !


Честитки за Милан, сосема заслужено, презаслужено. Дури и пет-шест парчиња ке беа заслужени.

Фабрегас после таа претстава што ја направи само за да си оди од клубот не би го примил назад па и без пари да го дадат. Одбиваше утакмици да игра бе - не никако, тој за мене е забораен.

Милан се јак тим и играа вчера многу кохерентно и во напад и во одбрана нешто што го красеше нашиот тим не толку одавна. Браво за Милан, ние идеме понатаму.

Гледам овде многу скокаат кога некој ќе го спомне А.В. у негативна конотација.
Ајде малку вака:
  1. Тимот нема добиено никаква титула 7 години. Кривец?
  2. Тимот ги изгуби најдобрите играчи. Кривец?
  3. Тимот нема никаква психолошка стабилност. Кривец?
  4. Тимот нема никаква физичка подготвеност. Кривец?
  5. Тимот упорно не менува формација. Кривец?
Велите за се се криви играчите и управата. Нема проблем.
Ај кажете ми која бре будала излага против Милан во ЛШ со Гибс, Ремзи, Росицки и Волкот во прва постава откако последните катаљон утакмици не ги бива за ништо? Знам - РвП решил така или још боље - Газидис. Абе бркајте си работа.
А.В. е као износена синдикалка бре, брка сеуште работа али ...
Нека си се повлече од клубот како легенда пред да напраи уште некоја поголема глупост. нека ги обвини играчите или управата, ама ич не ми е гајле - нек си бара ново работно место.
Го почитував и сеуште го гледам како човекот кој го крена Арсенал, но тоа не значи дека треба да биде и човекот кој ќе го уништи. Да не биде онаа: И после А.В. потоп!
 
Се чудам како тоа одредени персони од тука им честитаат четвртфинале на пензионериве?
 
Кои пензионери бе брат, не растурија вчера.
Фер е да честиташ победа доколку се било во рамките на фер плеј.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom