Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Пак играме со Јунајтед во период на катастрофална форма.
И не го критикувајте толку Ремзи кога нема подобра опција, Росицки поарен да не е? Кога Росицки последен пат изиграл добра утакмица, Тито беше сеуште жив.
И не може Вилшер на местото на Ремзи затоа што Вилшер не е и никогаш не бил офанзивен плејмејкер.
 
Форсирањето на Арон доста поени не кошта оваа сезона :/
Венгер да ти ебам инатот.
А кого да стави кажи кого , кого?
Вчера сите беа катастрофа , еве добра анализа кој сака да прочита да му се разјасни малце ситуацијата. Фудбалот е тимски спорт, ако изиграш тимски победуваш, нема барање грешки во поединци
 
Пак играме со Јунајтед во период на катастрофална форма.
И не го критикувајте толку Ремзи кога нема подобра опција, Росицки поарен да не е? Кога Росицки последен пат изиграл добра утакмица, Тито беше сеуште жив.
И не може Вилшер на местото на Ремзи затоа што Вилшер не е и никогаш не бил офанзивен плејмејкер.

Може да игра Вилшер на местото на Ремзи. Ремзи игра многу по офанзивно бидејќи Артета му го чува грбот. Кога Вилшер би се вратил, Артета би играл многу поопуштено и поофанзивно, а со тоа и би ги покажал неговите квалитети многу подобро. Така да опцијата Вилшер - Артета е далеку подобра за мене отколку Ремзи - Артета.
 
Експерти ај смирете се малку не се возбудувајте ;)
 
А кого да стави кажи кого , кого?
Вчера сите беа катастрофа , еве добра анализа кој сака да прочита да му се разјасни малце ситуацијата. Фудбалот е тимски спорт, ако изиграш тимски победуваш, нема барање грешки во поединци
Види вака,Арон направи кардинални грешки кои не чинеа 2 гола.За играта у целина не зборам.Му треба одмор на дечкото,бидејќи имам кажено,ако игра добро Арон,тогаш Арсенал без проблем победува,кога игра слабо,Арсенал се мачи.Таа е клучна позиција во оваа формација...
Гарант Росицки би изиграл подобро од Арон на неколку натпревари,сезонава кога и да влезе од клупа,живнува играта..:)) уште некое голче да даде,,супер ке е :))

Дај боже да се средат за следниот натпревар,оти ќе го јадеме пак..:/
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 15:28 ---
И не може Вилшер на местото на Ремзи затоа што Вилшер не е и никогаш не бил офанзивен плејмејкер.
Беше и ќе биде пак :)))

Џеки играше поназад бидејќи го имавме Цеск во тимот ..:)) сега ќе игра понапред.:)) и Венгер има кажено дека Џеки ќе игра на таа позиција,уште кога беше Цеск во тимот,за некоја сезона :)))
 
Експерти ај смирете се малку не се возбудувајте ;)
Не треба да си експерт за да воочиш дека екипата е срање сезонава,ти треба само малце логика имаш да бираш помеѓу дрво и подрво,шо и да обереш дали ремзи или росицки,бенајун си ја наебал.

За Вилшер има време дур се врати уште еден месец и повеќе,а не се знае и дали ке ја има истата форма од предходно
 
А кого да стави кажи кого , кого?
Вчера сите беа катастрофа , еве добра анализа кој сака да прочита да му се разјасни малце ситуацијата. Фудбалот е тимски спорт, ако изиграш тимски победуваш, нема барање грешки во поединци
Еве анализа, ама сум ја заборавил анализата:oops:
Како и да е еве ја http://arseblog.com/2012/01/swansea-3-2-arsenal-investment-needed-urgently/
 
Премногу се форсира Рамзи... Росицки кога и да влезе игра подобро од него но Венгер не го става оти не гледа иднина во него а во Рамзи има има иднина и ризикува е сеа тоа ризикување на лошо оде, и Венгер треба малце да а смене политиката оти фудбалот во премиер лигата е сменет ако сакаш резултати треба да вложиш пари на трансвери малце инаку со вакви таленти ништо не правиме само ѓубрето на екипите ќе му го собираме за 3-4м...
 
Некој погоре не нарече експерти, јас ќе се осмелам да го преформулирам и да кажам дека сите сме фанови и даваме мислења, за подобар Арсенал. Не дека Венгер ќе не прочита тука, но барем можеме да помогнеме за правилна дискусија. Три точки ќе наведам за моменталната сезона:

1. Повредата на Вилшир и Вермален - Зошто !? Арсенал без нив, всушност не е Арсенал. Џек, направи многу за тимот во мал временски период, и доволно за да сфатиме дека Арсенал не може без Вилшир кој стана незаменлив во средниот ред. Друга работа, би било кога тој би се вратил. Венгер ќе мора (и мислам дека така ќе биди) Вилшир да го игра поназад, како помош за Сонг. Позиција која денес ја игра Артета. Во тој случај, Микел би отишол напред, како вистински плејмејкер. За Вермален не мислам да трошам букви и зборови тука. Само со него, Арсенал може да дотурка многу понапред, многу.

2. Повредите на двата бекови, Сања и Сантос - По почетокот на сезоната и оние катастрофални мечеви и порази од 8-2 и 4-3 беше јасно дека проблемот е во бековите. Венгер тоа го увиде и рака на срце купи лев бек, и тоа квалитетен. По еден куп-те менување на лев бек и неконстантноста на Гибс и Траоре, Сантос се зацврсти на позицијата лев бек. За Сања, не треба да трошам зборови, воопшто. Кога Сантос и Сања беа здрави, Арсенал поебдуваше и влегуваше во серии, и тоа долги серии. Кога нив ги нема, веќе месец дена и подолго, Арсенал пак почна да губи. Ниту Јохан, ниту Мигел не се достојни да ги заменат нив двата. Она што нас не доведе во ваква ситуација е баш бековите. Ако Вермален не се врати во тимот за со Јунајтед (макар и со него, мислам дека Јунајтед ќе не победи, најмногу заради позицијата десен бек, каде што Џуру е хаос) тогаш планот за 4тото место, и тој ни е под знак прашалник. Кога Арсенал во тимот ги има здравите бекови и Косиелни и Вермален назад, Арсенал можеби ја има најдобрата одбрана во светот. Вака кога игра само еден од наведените, не можеме и не треба да бараме поголеми резултати и место, од она каде што сме сега, реално.

3. Неконстантноста на крилата, Тео и Жервињо (Аршавин и Бенајун) и тврдоглавоста на Венгер - на последносто место, морам да ги поделам видувањата од моја гледна точка. Едноставно, ако на Тео не му оди, Венгер може да проба (има услови) да игра ново крило. Дај му шанса на Окс, барем против послаби тимови. Сега по заминувањето на Жервињо уште послаби сме на таа лева позиција, во која (нереално) се крстиме на Тиери Анри. Можеби, е да, Анри, но не е Господ. После заминувањето на тие „златни“ крила, Арсенал не најде достојна замена за нив, а се претераја еден тон низ составот во овие 6-7 години. Аршавин, Шамак и компанија мора да си одат од тимот, и на нивно место да се доведат Хазард и еден квалитетен напаѓач. Е тука, е тврдоглавоста на Венгер.

Заклучок: Арсенал моментално не може да смета на Сања, Сантос, Вермален (Гибс и Јенкинсон), Вилшир (Диаби, Коклен), а моментално не можеме да сметаме на Жервињо и Шамак. Ако Артета не се опорави за со Јунајтед, заедно со Вермален, наебавме ! Ако го видите составот и играчите ке видите дека набројав 5 души од првиот состав, и тие што се во заграда се резервите. Така да, тука е нашиот проблем. Во тоа што немаме одбрана.

Но, добро ме теши што до средината на фервурари и почетокот на март би требало да се комплетираме, барем во одбраната, а живеам за моментот кога Вилшир ќе влези на терен, повторно.
 
.....Но, добро ме теши што до средината на фервурари и почетокот на март би требало да се комплетираме, барем во одбраната, а живеам за моментот кога Вилшир ќе влези на терен, повторно.
Си се изнапишал друже, и секој муабет ти е на место. Се сложувам со секоја забелешка. На Аршавин и Шамак би ги додал и Росицки и Дијаби. Покрај Хазард, ни треба напаѓач и можеби уште еден бек кој може да игра и лево и десно. Се збори дека Вертонген од Ајакс е способен за тоа а и дека е квалитетен играч. Проблемот е Венгер. Човекот е тежок инаетџија и нема да направи ништо за на крај да останеме со прстот во уста.
 
Абе демек се надевам, брат, за нив, ама и за нив нема надеж. Росицки веќе не е тој, тој ! Диаби поќе во болница од колку на клупа, не дај Боже за на терен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom