Некој погоре не нарече експерти, јас ќе се осмелам да го преформулирам и да кажам дека сите сме фанови и даваме мислења, за подобар Арсенал. Не дека Венгер ќе не прочита тука, но барем можеме да помогнеме за правилна дискусија. Три точки ќе наведам за моменталната сезона:
1. Повредата на Вилшир и Вермален - Зошто !? Арсенал без нив, всушност не е Арсенал. Џек, направи многу за тимот во мал временски период, и доволно за да сфатиме дека Арсенал не може без Вилшир кој стана незаменлив во средниот ред. Друга работа, би било кога тој би се вратил. Венгер ќе мора (и мислам дека така ќе биди) Вилшир да го игра поназад, како помош за Сонг. Позиција која денес ја игра Артета. Во тој случај, Микел би отишол напред, како вистински плејмејкер. За Вермален не мислам да трошам букви и зборови тука. Само со него, Арсенал може да дотурка многу понапред, многу.
2. Повредите на двата бекови, Сања и Сантос - По почетокот на сезоната и оние катастрофални мечеви и порази од 8-2 и 4-3 беше јасно дека проблемот е во бековите. Венгер тоа го увиде и рака на срце купи лев бек, и тоа квалитетен. По еден куп-те менување на лев бек и неконстантноста на Гибс и Траоре, Сантос се зацврсти на позицијата лев бек. За Сања, не треба да трошам зборови, воопшто. Кога Сантос и Сања беа здрави, Арсенал поебдуваше и влегуваше во серии, и тоа долги серии. Кога нив ги нема, веќе месец дена и подолго, Арсенал пак почна да губи. Ниту Јохан, ниту Мигел не се достојни да ги заменат нив двата. Она што нас не доведе во ваква ситуација е баш бековите. Ако Вермален не се врати во тимот за со Јунајтед (макар и со него, мислам дека Јунајтед ќе не победи, најмногу заради позицијата десен бек, каде што Џуру е хаос) тогаш планот за 4тото место, и тој ни е под знак прашалник. Кога Арсенал во тимот ги има здравите бекови и Косиелни и Вермален назад, Арсенал можеби ја има најдобрата одбрана во светот. Вака кога игра само еден од наведените, не можеме и не треба да бараме поголеми резултати и место, од она каде што сме сега, реално.
3. Неконстантноста на крилата, Тео и Жервињо (Аршавин и Бенајун) и тврдоглавоста на Венгер - на последносто место, морам да ги поделам видувањата од моја гледна точка. Едноставно, ако на Тео не му оди, Венгер може да проба (има услови) да игра ново крило. Дај му шанса на Окс, барем против послаби тимови. Сега по заминувањето на Жервињо уште послаби сме на таа лева позиција, во која (нереално) се крстиме на Тиери Анри. Можеби, е да, Анри, но не е Господ. После заминувањето на тие „златни“ крила, Арсенал не најде достојна замена за нив, а се претераја еден тон низ составот во овие 6-7 години. Аршавин, Шамак и компанија мора да си одат од тимот, и на нивно место да се доведат Хазард и еден квалитетен напаѓач. Е тука, е тврдоглавоста на Венгер.
Заклучок: Арсенал моментално не може да смета на Сања, Сантос, Вермален (Гибс и Јенкинсон), Вилшир (Диаби, Коклен), а моментално не можеме да сметаме на Жервињо и Шамак. Ако Артета не се опорави за со Јунајтед, заедно со Вермален, наебавме ! Ако го видите составот и играчите ке видите дека набројав 5 души од првиот состав, и тие што се во заграда се резервите. Така да, тука е нашиот проблем. Во тоа што немаме одбрана.
Но, добро ме теши што до средината на фервурари и почетокот на март би требало да се комплетираме, барем во одбраната, а живеам за моментот кога Вилшир ќе влези на терен, повторно.