Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Исто така сакам да ве прашам дали уште тврдите дека играчите не чинеа кога немавме позитивен резултат цели 2 месеца?

Истите тие играчи остварија резултат 5/6 победи после кризата.

Ретки бевме тие што вперија прст единствено кон тактиката на Артета. Направи промена во системот со внесување на Смит Роу, па почнавме да наликуваме на тим што се бори за топ 10. Крив ви беше Џака, а како тргнал со формата ќе земе играч на месецот. Целата креативност беше препуштена на двајцата CM, па затоа и се гушеа секој натпревар.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk

Не беше само до Артета (па ни ЕСР иако има голем удел), имавме играчи што имаа заборавено како се игра фудбал.
Башка кога имаш добра серија се менува цела атмосфера, и обично се фаќа залет. Исто и со лоша серија, тешко е да искочиш.
Ако не заредат пак серија на лоши резултати исти кур ќе биде.

Парти ако остане здрав до крај може да биде пресвртница сезонава, цела средина ја држи и ќе може и Џака и ЕСР да играат послободно.
 
Да, уште мислам дека неколку играчи не треба ни да помислат да бидат во Арсенал следна сезона. Повеќе од топ 6 не можеме со овој целокупен ростер.

Па и нема да бидат некои играчи во тимот следната сезона. Од Озил се отерасивме, од Сократис исто како да сме се отерасиле, секако заминуваат Мустафи, Луиз,а според мене и Чемберс, АМН, Елнени ќе заминат.
 
АМН за ротација е добар, мора да имаме и такви играчи.
Лака ваљда ќе си иде пошто е последна шанса да извадиме пари на него (а и он ќе бара еден тон пари со следниот договор).

Ако може да ги дадеме и Вилиан и Пепе некако/некаде ќе биде супер :D
 
И едно нешто што мине премногу незабележително поради релативно лошата сезона на Артета. Арсенал ја менува културата целосно. Приоритет му е на Артета да го избрка првен ѓубрето од тимот, па го видовте ли само твитот на Мустафи шупливиот за Озил. Тие играчи Озил, Мустафи, Сократис, Колашинац, Луиз и еве сега Вилиан се луѓето што прават канцерогена атмосфера. Емери проба да ја смени малце културата ама играчите се свртеа против него а исто така и управата беше хаос сеуште. Сега Артета паметно се отарасува од играчите што може да направат цел тим да се сврти против него.
 
Гендузи пратен во Херта :pos:
 
Убаво му се с'снаа на Твитер за ова. Застрашувачки чудно делува фактот што Мустафи има 151 настап за Арсенал. Процентуално некаде на 90% од тие 151 направил барем една тешка глупост. Како такви играчи пред се со памет ко Мустафи забележале 151 настап во клуб како Арсенал, кажува доста за квалитетното водење на клубот низ годиниве.
 
Одличен потег, заштедуваме 92к фунти секоја недела. Ајде и другарчето негово Мустафи.
 
Не заштедиле ништо затој што е предвремен раскин на договор. Ќе гу исплатив оштету за до крај на јуни.
 
Папа остана професионален до крај. За разлика од Озил, го прифати изоставувањето од тимот без да пишува иронични работи и да глуми лудило.
 
И со Сократот раскинат договорот. Се чистиме од ѓубрето, ама барем некое милионче да земевме..
 
Очајни беа сите лани, после такви партии и на многу помлади играчи им падна цената, а не па ветерани ко Сократис. Добро е и вака, ќе се растерети буџетот за плати за наредна сезона ете.
Автоматски споено мислење:

Папа остана професионален до крај. За разлика од Озил, го прифати изоставувањето од тимот без да пишува иронични работи и да глуми лудило.
Брат абе плата зима за тоа. Треба нормално сценарио да е играчот да е професионален и да не глуми лудило, не треба да го фалиме за тоа што некој друг играч бил желен за внимание и циркус си правел.

За мене Сократис никогаш не бил добар стопер за Арсенал. Беше нешто подобар од Мустафи ама далеку од потребното ниво какво што треба да се биде. Максимум да го имаш во тим да покрие некогаш дупка кога ќе зачести со повреди, за ништо повеќе, а како и многу играчи неколку сезони си се влечеше во прва постава.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom