Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Озил во последниве 2 утакмици изигра повеќе фудбал него ли последниве 3 сезони. Озил игра одбрана !!! Оба повторно искина. Луиз во 2 утакмици ми напраи наместо да паничам коа ќе тргнат во напад одма да помислам неаме мака Луиз е тука... Тимов игра како ТИМ !
 
Озил во последниве 2 утакмици изигра повеќе фудбал него ли последниве 3 сезони. Озил игра одбрана !!! Оба повторно искина. Луиз во 2 утакмици ми напраи наместо да паничам коа ќе тргнат во напад одма да помислам неаме мака Луиз е тука... Тимов игра како ТИМ !
 
Како почна годината, така нека продолжи. Тореира и Озил се препородени, ова му е само 5ти натпревар на Озил оваа сезона да ги одигра сите 90 минути, самодовербата му е вратена и неговото препородување му доаѓа како ново засилување на тимот. Дури и Оба на крило ми делува дека добро се вклопува, што ни на крај памет не би ми текнало дека може да се случи. Како што се тиња сите оваа сезона, ако продолжиме Aрсенал вака и Артета продолжи со ист пристап, тогаш далеку е сезонава од изгубена и готова. И најважно, пресинг конечно, тоа е тоа, не еден да брка од играч на играч и да се изморува, туку кога еден брка сите други да бркаат по еден отворен играч да пресечат топка или да го натераат за згреши, денес тоа се играше до перфекција. Драго ми е што Џака не направи некоја посериозна глупост од таа кога му врати топка во вис до Лено која беше апсолутно непотребна, бидејќи требаше една ваква победа без примен гол, за самодовербата на одбраната и за самодовербата на целиот тим, да знаат дека можат!

82178381_2568715373365786_8571700501618360320_o.jpg
 
Уште Лака да почне да игра.
Лака беше прекрасен денеска, work rate-от му беше ненормален, на секаде по теренот го имаше, скоро сите контри од него започнуваа. Јебига, завршницата му е сјебана, самодоверба нема, му треба гол.
 
И зошто следниот натпревар против Лидс го играме на 6ти во 20:56, каков термин е ова, има некоја симболика или? Прво мислев дека е грешка на резултати ама и на официјалната 20:56 стои.
 
Тореира искина денес, 10/10

Цел тим беше одличен.

Ветува пристапот на Артета, само да го поддржат со трансфери како што треба.
 
Луиз еј, Давид Луиз.... Искрено Луиз и денес и со Челзи играше ко да е Ван Дајк, секоја чест. Тореира брилијантен, Џака одличен али Озил е one if a kind! Како игра дечкото под водство нА Микел немам зборови. Само даље, со правилни трансфери и добра енергија се ќе си дојде на место.
 
Каква неверојатна статистика човече, која промена кај еден ист човек...

Most distance covered vs Man United:

Mesut Ozil - 11.53km
Lucas Torreira - 11.41km
Aubameyang - 11.03km
Xhaka - 11.02
 
Подобар поклон не можевме да добиеме за оваа календарска година. Фала ти Артета :love:

Кога дојде Артета пишав дека треба да се ослободиме од Луиз и Озил, но после 3 натпревара целосно го сменив мислењето. Исто така сакам секој трансфер процес на Џака да биде стопиран. Ваков Џака од бундесот не сме виделе. Под водство на Артета ќе има добри 3-4 сезони. Единствено Гендузи ми делува да не се снаоѓа најдобро во новиот пристап, треба од Емери да бара рецепт како да го игра :D
 
Давид Луиз - "It's better to sleep happy for four hours, than sleep sad for eight hours" :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom