Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Нема сериозен клуб шо ќе се нафати да го земе Озил и да му дава 10м евра плата после сите глупости шо ги праи он последнава година.

Не му е него веќе до фудбал,нека отиде кај кинезите нека игра со Лавеци и компанија рекреативно и нека калапи пари,со толкава плата,а ниту малку фудбал во него не би земал никој од топ клубовите во Европа,а да не зборуваме за тие од средина на табела,мрсул не би фрлиле на него.
 
Сите инвестираат во млади играчи, само ние во искусни пред пензија :icon_mrgr:
Одличен е хрватот, но само краткорочно решение.
 
Сократис до крај на февруари нема да го видиме, а Косиелни најверојатно само следниот натпревар.
 
Fun Fact: Наш трет најдобар стрелец сезонава во сите натпреварувања, секако после Лака и Оба, е никој друг туку Велбекчо. Братот има 5 гола во 7 старта т.е. во 13 одиграни натпревари севкупно.
Тореира има највеќе натпревари одиграно во сите натпреварувања, независно дали стартувал или влагал како резерва, има вкупно 30 настапи.
 
Не ми се допаѓаат овие комбинации со позајмица со откуп на лето. Имам впечаток дека собираме отпад од други клубови, а на крај дебело ке искешираме за нив на лето. У принцип му доаѓа дека летниот трансфер пазар го правиме сега, во Јануари, во 5 до 12.
 
Ја нигде не прочитав дека било која позајмица шо би ја земале сеа е со задолжителен откуп на лето, туку опционен.
 
Кога би бирал Перишиќ + трансфер на лето + ЛШ или ист состав и ЛЕ + 30тина милки би го одбрал првото затоа што би играле ЛШ,поголеми добивки,поатрактивен клуб за добри играчи. И самите гледаме како стоиме со финансии без ЛШ.
Ако Перишиќ е човекот што моментално ни фали и би ни донел дополнителен квалитет и бодови зошто да не ?
Е сега дали бараат дефанзивец и дали ќе најдат некој добар,тоа.......
 
Пораз од Јунајтед е секогаш лош пораз, но нека биде само научена лекција, сега откако отпаднавме од двата купа, да се фокусираме со сите сили на ЛЕ и топ4 ПЛ како зацртани цели до крај на сезона.

- Гледам има уште луѓе тука и црнчиња од Африка по коментари на фб, кои бараат Озил да се стартува и велат дека Озил е човекот со кој Арсенал игра подобро. Не знам колку пати треба да видиме дека Озил нема ништо во него од тој кога имаше по дваесет асистенции во сезона и беше вистински плејмејкер, еден негов потег за воодушевување на секоја 5та утакмица, не го прави истиот играч и не може да ги покрие сите лоши партии. Најдобро да се продаде и да се ослободи буџетот, да си замине како еден одличен играч, бидјеќи вака ако продолжи работата ќе му падне и таа ниска вредност што ја има. Немаме креативнсот да, ама Озил не прави ништо кога игра, најдобар потег би било да се продаде.
- Лаказет ко бизон некој е, сам си освојува топки се бута против цела одбрана, греота е ваков играч да има толку слаба подршка, се врати човекот до нашата половина да си ја зема сам топката и пак да креира шанса.
- Не знам кај летаме напред, не може цел натпревар да испаѓаат контри 3 на 2, зошто ние еднаш не бевме во таква контра, цело време Јунајтед
- При третиот гол Чех можеше подобро да интервенира, наместо да ја одбие топката директно во нога на противнички играч, особено што имаше контрола на шутот и не беше толку снажен.
- Како е тргната работата со повредиве, следно коло стоперско дуо ќе бидат двајцата орли, мераци
Поставеноста и играта на Јунајтед не дозволува контри за противникот! Не можеш да изведеш контра во ситуација кога 5,6 противнички играчи воопшто не ја поминале првата третина од теренот од нивна страна.... зар не виде дека беа сконцентрирани на 20, 30 метри од нивен гол. Јебига таква е играта на Јунајтед, а и паметно кога сме анемилни во напад нормално е да ни играат контри сите. Уште кога ги стави Рашворд и Марсијал беше скроз јасно како ќе заврши оваа текма :)
 
Јасно е се ова, но во тој случај не е ли тренерска вина што кога веќе знаел дека Јунајтед ќе игра на контри со брзи фудбалери, не дал наредба и ние никогаш да немаме повеќе од 5-6 играчи во противничка половина, така никогаш нема вишок да имаа, ќе се играше од позициони акции или од прекини, па кој е повешт нека победи. Вака сите гола беа од контри, со предност во сите ретардирани статистики како пасови и посед на наша страна, изгледаше како доста ефтино да ја продадовме кожата. Како и да е, утре е нов ден, право на кикс веќе нема, верувам дека ако нагазиме, Челси или Тотенхем ќе наредат некој кикс.
 
Емери немаше доволно материјал за анализа на Оле, 7 утакмици беа малце, ќе видиш наредната против Јунјатед, ќе ги убиеме.:cool:
 
Амбасадорка на Арсенал обвинета за расизам после коментариве за Ивоби.

Bollywood star Esha Gupta, who is an Arsenal, ambassador shared the picture to her 3.4 million followers on Instagram.
Gupta took to Twitter to apologise for her actions saying: “Guys m sorry you thought it was racist. Was bad on my part, being a sports lover. Wallah never meant it. Sorry guys forgive the stupidity #gooner4life”

9081696-6640001-image-a-88_1548679478078.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom