Пораз од Јунајтед е секогаш лош пораз, но нека биде само научена лекција, сега откако отпаднавме од двата купа, да се фокусираме со сите сили на ЛЕ и топ4 ПЛ како зацртани цели до крај на сезона.
- Гледам има уште луѓе тука и црнчиња од Африка по коментари на фб, кои бараат Озил да се стартува и велат дека Озил е човекот со кој Арсенал игра подобро. Не знам колку пати треба да видиме дека Озил нема ништо во него од тој кога имаше по дваесет асистенции во сезона и беше вистински плејмејкер, еден негов потег за воодушевување на секоја 5та утакмица, не го прави истиот играч и не може да ги покрие сите лоши партии. Најдобро да се продаде и да се ослободи буџетот, да си замине како еден одличен играч, бидјеќи вака ако продолжи работата ќе му падне и таа ниска вредност што ја има. Немаме креативнсот да, ама Озил не прави ништо кога игра, најдобар потег би било да се продаде.
- Лаказет ко бизон некој е, сам си освојува топки се бута против цела одбрана, греота е ваков играч да има толку слаба подршка, се врати човекот до нашата половина да си ја зема сам топката и пак да креира шанса.
- Не знам кај летаме напред, не може цел натпревар да испаѓаат контри 3 на 2, зошто ние еднаш не бевме во таква контра, цело време Јунајтед
- При третиот гол Чех можеше подобро да интервенира, наместо да ја одбие топката директно во нога на противнички играч, особено што имаше контрола на шутот и не беше толку снажен.
- Како е тргната работата со повредиве, следно коло стоперско дуо ќе бидат двајцата орли, мераци