Значи многу површно гледате на работите.
Лигата што е смешки е смешки, ама само од еден аспект а тоа е звучноста на тимовите што се на првите 4-5 позиции. Нормално ако си ги спомнел лани Лестер и Тотенхем како борци за титула сите ќе ти се смееле но тоа е само заради тоа што нивните имиња во фудбалски свет се непознати.
Но ако погледаме статистички само, а да не гледаме по имиња кој бил на кое место ќе видиме:
во сезноа 14/15 првиот после 26 кола имал 60 поени , вториот 55 третиот 48 четвртиот 47
во сезона 13/14 првиот после 26 кола имал 60 поени , вториот 59 третиот 57 четвртиот 53
во сезона 10/11 првиот после 26 кола имал 57 поени вториот 53 третиот 49 четвртиот 47
оваа сезона Лестер има после 26 кола 53, вториот и третиот по 51 и четвртиот 47.
Значи поените се тие кои ги освојувале тимовите по 26 кола (нормално +/- 5-6 поени), само имињата на тимовите се различни, но тоа не ги прави послаби тимови од тие што биле во топ 4 екипи пред 2-3 год. (намерно погоре изоставив неколку сезони каде шампионот се знаел уште во Февруари кој ќе биде).
И да истиот тој Лестер кој го споменуваш тепаше кај Сити само недела дена порано, и има еден куп добри резултати извадено кај условно појаки тимови.
Значи нив никој не може конзистентноста да им ја негира (а токму таа е показател за колку еден тим е квалитетен). Мислам имаше една статистика за календарска 2015 година кој има најмногу освоено бодови, и прв беше Арсенал, а втор или трет беше Лестер.
Значи гледајте малку подлабоко пред да дадете некоја оценка, иако колку и да ви изгледа тоа чудно од страна сепак бројките не лажат.
И не викам дека заради судии може да не освоиме титула, туку давам само еден пример како и тие имаат свое влијание врз трката (каде посебно во ваква блиска трка на крај една или две судиски одлуки во твоја корист или не може да бидат од голема важност).
А за распоредот не сум кажал ја, Венгер го има изјавено тоа многу одамна, и е сосема логично. Сигурно на пример ако ти гостуваш на 5 екипи кои се во првите 8 на табела, а твојот конкурент гостува на да речеме, 2 такви екипи во последните 10 кола, тоа нема ли да биде предност за него ???
Статистикава дополнително кажува колку уствари ПЛ годинава е смешки, а и покрај тоа Арсенал пак нема да успее да ја освои титулата.
И 1000 поени ако сакаат нека освојат Лестер и Тотенхем после 26 кола, лигата пак ќе остане
катастрофа.
Демек ај сеа на статистикава ќе си се тешиме и ќе се праиме апла будали и ќе кажуваме „абе нема врска, лигава пак си е добра, еве глеаш пак првиот, вториот и третиот после 26 кола имаат освоено исто толку поени како и тимовите пред 2-3 сезони“. Мислам дај пак ќе ти кажам, не ме јеби...
Ова шо го збориш ти е исто ко на пример во Примера, Барса да е 13то место, Реал да губи од Вардар, Рајо Ваљекано или Ејбар да се прво место моментално на табела и овие од Атлетико да зборат „еј абе види ги овие Рајо и Ејбар јако играат сезонава, имаат волку и волку поени после 26 кола, не можеме ние титулата да им ја земеме“...
Ние само за плати месечно даваме повеќе него Лестер што потрошил во летниот и зимскиот преоден рок.
Дај да не се лажеме више.
Катастрофа сме, и нема тука оправдувања.
Ради поените на Лестер и Тотенхем после 26 кола изгубивме 5-0 од Саутемптон, а на Емирати изигравме 0-0 ?
Ете ти ги тие 5 изгубени поени што ќе не донесеа на врвот. Ни статистика ни бутур.
Ради вакви оправдувања шо си наоѓаме, 10 години се фалиме само со 2 титули во ПЛ, додека челзи освои и ЛШ и ПЛ.