Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ремзи не успева да ја контролира средината против Борнмут, или како веќе и да се изговара.
31adefa23abfc97be5204338d9b021c6.jpg


Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
31adefa23abfc97be5204338d9b021c6.jpg


Sent from my LG-D620 using Tapatalk
Му дале безначајна награда, колку да не е без ич - тоа не менува дека додека не се врати Казорла ние сме без средина. А Ремзи е играч од средина, колку што памтам.
 
Му дале безначајна награда, колку да не е без ич - тоа не менува дека додека не се врати Казорла ние сме без средина. А Ремзи е играч од средина, колку што памтам.

У прaвo си бе, шo знaчење имa тoa дa си бил нaјдoбaр игрaч нa теренoт ?
Ништo, нели :)

У oстaлoм, шo знaaт тие oд ФА кoa ние знaеме декa е кaтaстрoфa секoјa утaкмицa :)

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Казорла е измислен ама тоа е нема кој друг да игра во моментов тамо задоволен сум шо Ремзи ни е жив и здрав па формата ќе ја оправи постепено.
Казорла ќе игра оваа сезона или тнко ?
 
Чех си ја заслужи наградата, но нема веќе место за награди во неговата просторија.
 
Како што гледам се повеќе и повеќе членови го критукуваат Ремзи, а само 2-3ца константно го бранат. Ајде се надевам дека Казорла ќе се врати што е можно побрзо па да можеме да направиме тогаш една споредба во тоа како е контролирана средината од страна на Ремзи и како од страна на Казорла.
 
Не е дека ја слепо го бранам, коа играше лошо и коа забегуваше со тие петите и ја го критикував и не е дека сеа е совршен, ама дефинитивно не е он крив за изгубените поени.
Казорла мислам дека дефанзивно е подобар, ама Ремзи пак е офанзивно подобар од него зошто влага во шанси кои за Казорла би биле незамисливи.

Ама еве нека се врати Казорла и после некое време ќе видиме како стоиме :D
 
Казорла и Ремзи не можат ни да се споредат; со Казорла имаме игра, со Ремзи на негово место немаме. Единствена предност на Ремзи е што е физички посилен, но нема капацитет да ја контролира играта во средината, нема доволно добра контрола на топката и често греши во одлуките; добро игра само кога покрај себе има поинтелигентен играч од типот на Казорла, па и Артета порано.
 
Башка у лошо друштво е, игра некои матни игри и којзнае како ги добива тие PoM награди... :icon_lol:
 
Дали си ти задоволен од играта денес? Мислам, 3 бода, океј, ама другото...
Од никој не бев задоволен денес, подосадна утакмица здравје, затоа и не ја глеав внимателно.
Конкретно за Ремзи ако збориме приметив дека имаше неколку добри потези (беше вклучен во двата гола, башка при крајот имаше добра шанса, ама глуп е за реализација...), а имаше и грешки.
Нигде ја не викам дека Ремзи е безгрешен и дека е совршен, не е, ама не може секогаш него или Окс да ги кривиме.

Па мајку му стара помалце Фламини го плукате него Ремзи, ко сите бодови ради Ремзи да сме ги изгубеле. Затоа и прашав еднаш, кажете шо очекувате од Ремзи да направи за еднаш да кажете океј играл, да тргне од наш гол, да ги помине сите 10 противнички играчи и со ножички да го лобува голманот ?
Да, не е на тоа ниво од пред 3 сезони, ама па не е толку катастрофален како периодот коа секој втор пас му беше у празно зошто он сака да се курчи и да подава со пета. Сеа игра попаметно и подобро од тогаш и затоа мислам дека не заслужува сите да го гледаат него како дежурен виновник за се.
Еве пример иако имаше асистенција (според мене случајно) Жиру уопште не го видов на терен, исто ко без напаѓач да игравме.
 
Ремзи си изигра сосем добро денеска не јадете трици, игра со фламини да го ебам, сам врши работа за двајца, двата гола се започнати од негови акции, нормално е дека ќе игра повеќе напред и во нападот, каде треба да игра, таму каде што му е местото на Фламини?

Е може го нема тој осет за контрола на играта како Казорла и е малце себичњак пред гол, но Казорла последните две сезони е па неупотреблив пред гол.
 
Тоа ми е и мене муабетот ако ги споредуваме Казорла и Ремзи, Казорла е подобар дефанзивно тука нема збор, ама Ремзи е подобар офанзивно зошто влага во шанси кои за Казорла се незамисливи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom