Точно дека тешко се наоѓа светска класа играч во јануар, ама не е толку тешко да најдеш едно ниво помалце кој може во иднина да прерасне во класа, овој Ел Нени е тотален анонимус, игра во Швајцарска Лига која е на 6-7 место по ранг на лиги во Европа.Барем според мене моментално можат многу подобри опции да се најдат од Ел Нени на пазарот, ама ќе не коштаат 20-25 милиони, еве на пример Гранит Џака и Рабио што ми доаѓаат прво на памет.
Дај боже да го купиме и да ме демантира, но од што прочитав неколку статии за него и изгледав неколку клипови не ме импресионираше нешто посебно.Исто дечкото не е плеј од длабочина туку повеќе игра како бокс ту бокс, што значи дека планиран е како замена за Ремзи, а на ДМФ позиција ќе си ротираат Фламини и Чемберс, барем додека трае кризава со повредите.
Ремзи кога игра со ригиден ДМФ партенер ја губиме контролата во средината и нема кој од нашата средина да прими топка од одбраната за да почнеме со градење на напад, со мал пресинг од страна на противникот цела игра ни се нулира, тоа беше ептен евидентно поритв Саутемтон.А на овој Ел Нени баш тоа му е наведено како слабост, дека не се снаоѓа најдобро со топката во нозе под притисок.