Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
tumblrl84s1lr9dq1qab8gl.gif
tumblrl83u7w9nmd1qauugl.gif

:pos2:
18474320348293633512610.jpg

:)

Е еве го видеото што го најдов :) :)
Неможам добро да разберам што точно разговараат ,но на еден дел му кажуваат да признае за голот дека сакал да нафрли а не да шутира кон голот :)
 
Го гледам голот на Аршавин и неможам да се изнагледам, каква перфектна контра, во два-три потега.. фантастика! Дојде петок, али сеуште ми врие крвта од средата.. !

Arsenal+v+Barcelona+UEFA+Champions+League+rfo0H7IisyMl.jpg

Ако ако, нека врие до 8 Март, има време ;)

Подобра атмосфера до сега не сум видел во ЛШ!

Па да, ако си почнал сега да гледаш фудбал ;)
 
еве што прочитав кај филе на фб
Поминаа часови.
Еуфоријата спласна.
Но, не и кај „гунери„.
И со право, затоа што имаат прекрасен момент за радост и еуфорија.

Можеби ова чувство со приближувањето на 8-ми март ќе ми бледее се` повеќе и повеќе, но сега сум сигурен дека е тука.

После најубавиот натпревар сезонава, од сите аналитички, фудбалски и нумерички аспекти, знам дека веќе нема да ми биде криво и тука да е крајот, сезонава.

На Камп Ноу судијата (кој и да е) може да свирне и два пенали против Барселона, може Алвеш да заработи и црвен картон, може Максвел да си постигне и автогол, може и Меси да има три стативи и уште 4 „стопостотни„ промашени.

Можеби ќе ми биде во тој миг криво, но генерално, сигурно не.

Ако воопшто некој во Европа игра толку допадлив, симпатичен, отворен и атрактивен фудбал, каков е оној нашиот, тогаш тоа е токму Арсенал. Оној кој во само неколку минути успеа да го направи пресвртот и покрај одличната игра на Блауграна.

Можеби само едно да ми е криво, што ова вчера не беше Финале, па макар и да беше истиот резултат на крај. Токму така, макар и да беше истиот резултат на крај.

Арсен Венгер заслужува да застане еднаш на врвот во Европа.
Оваа генерација на топџиите заслужува да им се поклони Европа.
Црвено-белите навивачи редно е да го имаат совршениот ден во нивниот живот.

Арсенал нема да е штета ако ја победи Барселона, во која и да е фаза.
Затоа што Арсенал игра Фудбал.
Затоа што Арсенал не се плаши од никој.
Затоа што Арсенал знае што сака да гледа секој фудбалски вљубеник, па макар биле тоа и „каталонските волшебници„.

Затоа и токму сега знам дека нема да ми е жал и тоа да се случи на 8-ми.

Иако на пат е нова ремунтада.
Иако длабоко во себе го знам конечниот резултат од овој двомеч.
Иако имам чувство дека сум го гледал и тој натпревар кој сите допрва го очекуваат.
Иако знам дека и Бетмен и Васко и Пепи и Лука и Крки и Милка и Џоле и Дитка и Ема и Игор и Љупче и Боби и Никса и Сибин и Богдан и Јоана и Бојан и сите кои не ги наборив дека ќе се радуваат на крај, јас знам дека нема да бидам тажен и да не се оствари тоа што јас го знам.

Знам дека некој ќе биде тажен на 8-ми март.

Јас сигурно, не. Каков и да е крајот.

Затоа што ова беше најубавата фудбалска претстава сезонава.

Затоа што ова беше Фудбал.

Само нека се повтори истата игра кај гостите, за Ремунтадата да може да биде комплетна . . . фер, достоинствена и незаборавна.
 
Длабоко во душата на Филе, ланската рана која прскалките на Камп Ноу му ја нанесоа, и покрај интензивната нега, повторно почнува да се шири.
 
Неможам добро да разберам што точно разговараат ,но на еден дел му кажуваат да признае за голот дека сакал да нафрли а не да шутира кон голот :)

На изјавата после натпреварот рече дека не му била целта да шутира.Али заеби ,кога секогаш првична цел е да се даде голот :D
 
.. иначе, знае некој кај се зоки, сонне, зеус.. и остали? :pishtoldz
 
LoGix таман да го ставам видеото си ме претекнал ..... :D
Брз сум :)))

.. иначе, знае некој кај се зоки, сонне, зеус.. и остали? :pishtoldz
Зоки почна да слика,нема време да пишува/ а кога има пишува на АМСК почесто.:)) Сонне пишува по 2-3 пати месечно,најверојатно и тој зафатен.:)),а Зеус,како да се откажа од форумот,не е активен веќе. :)) ,ама не се само они :)),илузионер,тино,олитеа....ехх на времето 5-6 души само активни бевме :))
пс: иако е најјак потписот,ќе морам да го мењам,многу кб бил. :nesum:
 
Најдете го на видео или на анимација како што е потписов на Логикс, имаше еден навивач со шал на арсенал по голот на Робин Ван Перси почна да се радува ненормално... Јако е ! Иначе честито победа, заборавив да ви честитам. Со мудра игра на кампот идете даље.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom