- Член од
- 5 мај 2008
- Мислења
- 1.357
- Поени од реакции
- 127
:pos2:
Е еве го видеото што го најдов
Неможам добро да разберам што точно разговараат ,но на еден дел му кажуваат да признае за голот дека сакал да нафрли а не да шутира кон голот
Ако ако, нека врие до 8 Март, има времеГо гледам голот на Аршавин и неможам да се изнагледам, каква перфектна контра, во два-три потега.. фантастика! Дојде петок, али сеуште ми врие крвта од средата.. !
Па да, ако си почнал сега да гледаш фудбалПодобра атмосфера до сега не сум видел во ЛШ!
Тек тогаш тебе ќе ти зовриеАко ако, нека врие до 8 Март, има време
Поминаа часови.
Еуфоријата спласна.
Но, не и кај „гунери„.
И со право, затоа што имаат прекрасен момент за радост и еуфорија.
Можеби ова чувство со приближувањето на 8-ми март ќе ми бледее се` повеќе и повеќе, но сега сум сигурен дека е тука.
После најубавиот натпревар сезонава, од сите аналитички, фудбалски и нумерички аспекти, знам дека веќе нема да ми биде криво и тука да е крајот, сезонава.
На Камп Ноу судијата (кој и да е) може да свирне и два пенали против Барселона, може Алвеш да заработи и црвен картон, може Максвел да си постигне и автогол, може и Меси да има три стативи и уште 4 „стопостотни„ промашени.
Можеби ќе ми биде во тој миг криво, но генерално, сигурно не.
Ако воопшто некој во Европа игра толку допадлив, симпатичен, отворен и атрактивен фудбал, каков е оној нашиот, тогаш тоа е токму Арсенал. Оној кој во само неколку минути успеа да го направи пресвртот и покрај одличната игра на Блауграна.
Можеби само едно да ми е криво, што ова вчера не беше Финале, па макар и да беше истиот резултат на крај. Токму така, макар и да беше истиот резултат на крај.
Арсен Венгер заслужува да застане еднаш на врвот во Европа.
Оваа генерација на топџиите заслужува да им се поклони Европа.
Црвено-белите навивачи редно е да го имаат совршениот ден во нивниот живот.
Арсенал нема да е штета ако ја победи Барселона, во која и да е фаза.
Затоа што Арсенал игра Фудбал.
Затоа што Арсенал не се плаши од никој.
Затоа што Арсенал знае што сака да гледа секој фудбалски вљубеник, па макар биле тоа и „каталонските волшебници„.
Затоа и токму сега знам дека нема да ми е жал и тоа да се случи на 8-ми.
Иако на пат е нова ремунтада.
Иако длабоко во себе го знам конечниот резултат од овој двомеч.
Иако имам чувство дека сум го гледал и тој натпревар кој сите допрва го очекуваат.
Иако знам дека и Бетмен и Васко и Пепи и Лука и Крки и Милка и Џоле и Дитка и Ема и Игор и Љупче и Боби и Никса и Сибин и Богдан и Јоана и Бојан и сите кои не ги наборив дека ќе се радуваат на крај, јас знам дека нема да бидам тажен и да не се оствари тоа што јас го знам.
Знам дека некој ќе биде тажен на 8-ми март.
Јас сигурно, не. Каков и да е крајот.
Затоа што ова беше најубавата фудбалска претстава сезонава.
Затоа што ова беше Фудбал.
Само нека се повтори истата игра кај гостите, за Ремунтадата да може да биде комплетна . . . фер, достоинствена и незаборавна.
На изјавата после натпреварот рече дека не му била целта да шутира.Али заеби ,кога секогаш првична цел е да се даде голотНеможам добро да разберам што точно разговараат ,но на еден дел му кажуваат да признае за голот дека сакал да нафрли а не да шутира кон голот
значи најголем респект од мене за видеово најдобро видео за арсенал што некогаш сум го гледал а имам гледано премногу РЕСПЕКТ РЕСПЕКТ И САМО РЕСПЕКТ!!!
Брз сум ))LoGix таман да го ставам видеото си ме претекнал .....
Зоки почна да слика,нема време да пишува/ а кога има пишува на АМСК почесто.) Сонне пишува по 2-3 пати месечно,најверојатно и тој зафатен.),а Зеус,како да се откажа од форумот,не е активен веќе. ) ,ама не се само они ),илузионер,тино,олитеа....ехх на времето 5-6 души само активни бевме ).. иначе, знае некој кај се зоки, сонне, зеус.. и остали? :pishtoldz