T
Todd Solondz
Гостин
Одлично изиграна партија.Имавме поголем број на шанси од Сити и доминантност на средината од теренот, сите шанси на Сити дојдоа преку контри.Мечот го започнавме како да е финале ЛШ,јако темпо,висок пресинг и голема пожртвуваност тотално ги надигравме во првите 20 минути,чудо беше што не дадовме гол, после тоа стигна казната од контра по што опадна темпото и се отиде на полувреме со 0:1.Второто го започмавме исто како првото полувреме,баш кога почна малку да опаѓа играта стигна голот на Вилшир тоа ги крена играчите падна и вториот гол по што имавме и одлична шанса на Ремзи при перфектно проигрување од Вилшир која не ја искористи.Негде околу 80 минута стигна повредата на Дебуши при што имаше 2-3 минути прекин на играта што комплетно ни го уништи темпото и налетот кој го имавме по голот на Санчез,тоа го искористија Сити имаа некоја полушанса и дадоа селски гол од прекин по што имаа одлична шанса во 90+ минута ама Шчежни спаси.Се на се не беше толку лошо колку што изгледа по коментарите.Не ја гледав утакмицата, по коментарите шо ги читам работата пак била топло-ладно, ама сме можеле да победиме.
Но најозбилно, ако Озил игра лошо треба да седне на клупа или да игра во средина, вака ниту имаме продорност на левата страна со него ниту го користиме него правилно, џабе пропаѓа и играта и 42 милиони дадени за него.
А ако Дебушо е подолго отсутен, Чемберс ќе го мења и после тоа немаме ниеден играч замена за Кос и Пер, ама сите знаевме дека ни треба дефанзивец не знам Венгер како мисли да ја истера сезоната вака.
пс:Вилшир немал подобра партија во дресот на Арсенал.
ппс:На 0:0 Велбек имаше 1 на 1 со Харт и погоди статива.
Последно уредено од модератор: