Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Замена? Јоветич е одличен играч со одличен потенцијал и техника и се останато ама ќе си оди ова лето од Сити сигурен сум, само се надевам ќе оди некаде каде што ќе игра константно, мн ме потсеќа на Дел Пиеро. Мислам дека и вас би ви легнал Јоветич одлично :)

Знаеш колку го платија.
Нема теорија да го пуштат. Пелегрини изјави дека смета многу на него.
 
Знаеш колку го платија.
Нема теорија да го пуштат. Пелегрини изјави дека смета многу на него.

Знам 32 милиони и ние трчавме по него, иако е мн склон на повреди го гледав како одлична замена за Дел Пиеро. Не знам за тоа колку Пелегрини нема да го пушти со Суарез на слобода ова лето ќе се направат доста рокади не верувам доколку би имале шанса за некој ко Суарез дека не би го жртвувале Јовета :P , ова лето мислам ќе се врати во Италија Јоветич
 
Замена? Јоветич е одличен играч со одличен потенцијал и техника и се останато ама ќе си оди ова лето од Сити сигурен сум, само се надевам ќе оди некаде каде што ќе игра константно, мн ме потсеќа на Дел Пиеро. Мислам дека и вас би ви легнал Јоветич одлично :)

Да, замена на Агуеро кога е вака повреден, а кога ќе биде здрав Агуеро сигурно нема да седи на клупа заради Јоветич. Е сеа ако се покаже добро периодов сигурно ќе игра заедно со Агуеро кога ќе оздрави.
 
BfteRdsCIAA5Dx6.png
 
Искрено му се радувам на Ким, мислам дека и те како ќе помогне да се осови нешто годинава.

Музиче у позадина за чилање (y)

Во сабота гром натпревар :drk:
 
Што мислите,му има ли дојдено како идеа на Венгер да го игра Вермален ДМФ во ова време-невреме?
Според мене Вермален има подобри технички способности од Фламини.
 
Абе и јас сум размислувал но и ми изгледало ко добра идеја но ете најверојатно има причина поради која Венгер не го прави тоа. Мислам дека имаше 1 или 2 изиграно со сите дефанзивци Венгер и мислам дека Кош беше повеќе ко ДМ
 
Јас па единствено што се сеќавам со сите тројца да сме играле е кога Вермален играл лев бек,а Пер и Кош централни или Кош десен а останативе двајца централни.
 
Што мислите,му има ли дојдено како идеа на Венгер да го игра Вермален ДМФ во ова време-невреме?
Според мене Вермален има подобри технички способности од Фламини.

Кој се изгорел од млеко има да дува и на јогурт.

Така му доаѓа и со Венгер. Долгиве низ години и такви екперименти го чинеле многу иако и самиот Јас сум за таа идеа, но сигурно има зошто тоа не се случило. Мислам дека многу добро би дошол Вермален во тој дел од теренот, само сметам дека му требаат многу минути за да го извади максимумот од таму, а во овој дел од сезоната е многу лошо да се дава таква шанса.
 
Јас па единствено што се сеќавам со сите тројца да сме играле е кога Вермален играл лев бек,а Пер и Кош централни или Кош десен а останативе двајца централни.
Играа сезонава на почетокот со сандрленд во гости. Сега проверив излегоја Озил Волкот и Жиру, а влегоја Вермален Монреал и Акпом. Од почеток главна четворка беа кош, пер, сања и гибс. И со ливерпул исто така играа заедно само што не беше гибс туку монреал.
Можеби има и друга ама не ми текнува а ме мрзи да барам сега.
 
Од сите, мислам дека Чемберлејн најповеќе ќе се снајде на позицијава во средина. Му лежи, сака да ја игра, може да се уфрла како дополнителна 10ка, од стилот на Беркамп, меѓутоа со многу поголема сила, стамина, со подефанзивни задачи на моменти, но и со огромна брзина, ако имаме потреба од напад. Убеден сум дека ќе добиеме екстра играч од него, а можеби и златен џокер за овај дел од сезоната. Исто како ново засилување.
 
Според мене тимот за со Ливерпул би бил овај:

Шчезни; Сања, Пер, Косиелни, Гибс; Артета, Окс (Џек), Казорла; Озил, Подолски и Жиру.
Клупа: Фабијански, Вермален, Џенкисон, Росицки, Вилшир (Окс), Бентднер.

Има опција да почни и со Окс, Џек и Артета, а Подолски на клупа како џокер. Јас искрено би бил задоволен и со нерешено, само да не е пораз.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom