Една победа утре и викендов ќе биде совршен. Него кога сме кај трансферите, Дракслер е еден од најталентираните млади играчи во светот и долгорочно би бил одлично засилување за левата страна, но во моментов ќе имаме еден куп играчи кои би ротирале за неколку позиции. За 4 позиции ќе ги имаме Казорла, Подолски, Монреал кој сигурно ќе игра при чување на резултатот, Дракслер, Артета/Фламини во некои случаи, Ремзи, Озил, Вилшер, Росицки кој мора да игра во дадени ситуации, а не се тоа само купови, туку има квалитети кои не ги поседува друг играч на Арсенал. Тука се и Чемберлејн и Волкот. Плус и Гнабри е тука кој мора да добива шанса ако сакаме да го искористи својот потенцијал. За во иднина да, ама сега не знам како би се справиле со ваква ситуација. Плус во моментов ни се повеќе потребни засилувања за други позиции. Кавани, Суарез, Левандовски и Фалкао тешко би ги примамиле да дојдат во Арсенал, ама Бензема мислам дека е реална опција. Во последно време многу мерак ми прави што Вилшер стана некако потценет играч, а он игра одлично во последно време. Подобро така отколку кога беше во ситуација кога сите го преценуваа. Сепак сеуште не сум убеден дека може комплетно да го замени Росицки, а се надевам дека ќе биде така затоа што ќе ни фали таков квалитет во дадени натпревари кога Росицки ќе се пензионира.