Кога сме кај трансферите, ефтин а добар играч е пападопулос од Шалке.
Туку ај да видиме што ќе правиме во среда со Фенер.
Мислам дека шансите ни се добри, не дека ние имаме нешто добра екипа туку мислам дека фенер во моментот се каша попара.
Мала анализа на нашиот следен противник:
1. Оваа година имаат нов тренер, анонимус во фидбалска европа, најдолго по една сезона се задржувал во секоја екипа во минатото. Најголем успех: Нема.
2. Голамнот волкан имаше казна од мината сезона па не бранеше во супер купот и во првото коло. Да се надамо да ни је у форма, оти ако е теско нас. Мада овој резервниот топ бранеше.
3. Одбрана. Тука е најголемата шанса. Нов играч им е Бруно Алвеш од Зенит, јест да игра типот со срце, ама касап невиден е. Ко што игра аренал со пасови тука е шансата типот мора или црвен или пенал да направи. Минатото коло во туркса доби црвен. Од остали играчи го имаат Јобо со премиерлигашко искуство. Друга промена наместо Циклер во лева страна го имаат Кадлец од леверкузен.
4. Средина. Тука реално се најаки. Мотор на екипа им е Емре и Мирелеш. И двајцата со премиерлигашко искуство. Да се надамо да ќе игра Потук, нов момак го зедоа оваа година, бајаги го форсираат, ама нема влаге везе дечкото, бар засега, сеуште не е вуигран.
5. Напад. Дирк Кајт, мада повеќе игра како крило, топ мотиватор е , Вебо е екстра играч и Муса Соу од Лил. Тука надешта е дека ќе игра новото засилување еменике, дрво невидено, сто шанси му требаат за гол.
Атмосферата на шукру сараџоглу нема потреба да ја опишувам. Ќе играат со многу трчање и машки, нешто како стоук, што нам не ни одговара многу. На брзи пасови не се научени. Дрг проблем им е што дефанзифците во турско првенство повеќе играат офанзива бидејќи сите екипи се бранат против фенер. Тука треба да биде различно. Имаат доста шутеви од далечина, посебно мирелеш. Опасни се на прекини, имаат добри изведувачи како Емре, мирелеш и чанер еркин.
Со нормален тренер, фенер ќе беше фаворит по мене, како што е сега состојбата ние сме благи фаворити. Е сега, се зависи со кој состав ќе играме. Али супер тест ќе биде, тешко е во истанбул да се игра, особено со нежна екипа ко нашава. Али што е тука е.