Неколку збора за натпреваров.
Прво овде му се придава преголемо значење (ние ниту живееме во Лондон а уште помалку во северен Лондон, за да можеме да го почуствуваме вистинското ривалсто, така да натпреваров треба да се гледа од призмата на 3 поени, кои не се ништо поважни од изгубените бодови од Норич, Свонси - на домашен терен, или пак некои нерешени резултати од кои требаше да освоиме три бода - Фулам, Астон Вила и сл.)
Втора работа, мислам дека Венгер згреши од психолошки аспект што изјавуваше дека овој е натпревар да се биде или не сезонава за Арсенал (знам многу менаџери кои пред натпревар во кои се одлучува шампионатот - играат првиот и второ пласираниот, се обидуваат што повеќе да го намалат притисокот врз играчите, а не да го зголемат)
Трето секогаш сме имале слаба одбрана (сезонава не е исклучок), но сме имале напад кој тоа можел да го компензира, се виде и сега на натпреварот, немаме замена за Жиру доколку тој има слаб ден или не е во форма.
Четврто не можеме да им замериме за заложбата на играчите овој натпревар, сите се трудеа и играа максимално, да го правеа тоа почесто и со тимови за кои они мислам им е под чест да играат, тогаш немаше да биде толку голема бодовната разлика со Тотнем.