Дени Илиев бранел за младата македонска репрезентација.
Ивадок од екипа.мк
Мора да се издвои доброто издание на голманот на македонската репрезентација, Дени Илиев, кој ова лето потпиша за лондонски Арсенал. Доколку тој не одбранеше најмалку десетина удари на противничките фудбалери, Германија можеше да победи и со двоцифрена разлика. Статистиката доволно ги отсликува случувањата на овој натпревар, Германија имаше 28 удари кон голот на Македонија, додека нашите млади репрезентативци шутираа само еднаш кон голот на „панцирите“.