Dani
1 + 1 = 10
- Член од
- 22 јуни 2010
- Мислења
- 24.854
- Поени од реакции
- 60.443
Предмет без материјали, без содржина на курсес и целата интеракција со професорот се одвива преку фејсбук група. Лесен предмет, но, со два задолжителни проекти (тимски кои носат 50п од вкупната оцена) + имаш поени од активности (ако придонесеш нешто за предметот-10п), есеј (20п) и по два теста (20п). Ако целиш кон повисока оценка, пожелно е да ги следиш предавањата бидејќи немаш никакви материјали. Предметот исто така не е поврзан директно со информатиката, туку се обработуваат општи теми. Бидејќи со групата целевме кон добар проект, да бидам искрен многу време ми одзеде предметот. Професор е Владимир Трајковиќ, фин професор, но понекогаш и арогантен.
Ќе може нешто повеќе за ГИС?
Андреjа Наумоски и Коста Митрески се професори.
Се изучува ArcGIS софтверот, работа со мапи. Се полага на хартија, краток тест со 10тина прашања на заокружување и се изработува проект во истиот софтвер (може и групен).
Можеш и во GISDATA (така мислам се викаше фирмата) да одиш на пракса и таму да го работиш проектот.
Има и лабораториски вежби кои се изработуваат од дома.[DOUBLEPOST=1516811844][/DOUBLEPOST]
Здраво, дали некој може да ми каже малку повеќе информации за изборните предмети:
- Кориснички интерфејси
- Интернет технологии
- Визуелно програмирање
- Концепти на информатичко општество
- Медиуми и комуникации
Фала ви.
Ги слушав пред 3 години, ако ништо не е променето.
- КИ (Сузана Лошковска и Иван Китановски).
Теорија за кориснички интерфејси на предавање, bootstrap на аудиториски вежби.
Теорија на е-тест се полагаше и практично се дизајнираше веб страница со бутстрап класите. Има и лабораториски вежби и проект (индивидуален или групен).
- ИТ (Гоце Арменски/Магдалена Костоска и Александар Тенев)
Asp.net со Web Forms (форми, сесии, cookies, валидирање, работа со база...). Теорија на е-тест и практично се изработува .нет веб сајт.
Лабораториски+проект (индивидуален или групен).
- ВП (Дејан Ѓорѓевиќ/Ѓорѓи Маџаров и Томче Делев беше тогаш асистент, сега не знам кој ќе биде)
C# Windows apps. Прв колоквиум апликација со форми се прават, втор со цртање и анимирање. Се полага само практично, се изработува windows апликација.
Исто така има лабораториски и проект
Накратко тоа е. Ако те интересира нешто конкретно, прашај слободно.
Последно уредено: