Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Предмет без материјали, без содржина на курсес и целата интеракција со професорот се одвива преку фејсбук група. Лесен предмет, но, со два задолжителни проекти (тимски кои носат 50п од вкупната оцена) + имаш поени од активности (ако придонесеш нешто за предметот-10п), есеј (20п) и по два теста (20п). Ако целиш кон повисока оценка, пожелно е да ги следиш предавањата бидејќи немаш никакви материјали. Предметот исто така не е поврзан директно со информатиката, туку се обработуваат општи теми. Бидејќи со групата целевме кон добар проект, да бидам искрен многу време ми одзеде предметот. Професор е Владимир Трајковиќ, фин професор, но понекогаш и арогантен.


Ќе може нешто повеќе за ГИС?

Андреjа Наумоски и Коста Митрески се професори.
Се изучува ArcGIS софтверот, работа со мапи. Се полага на хартија, краток тест со 10тина прашања на заокружување и се изработува проект во истиот софтвер (може и групен).
Можеш и во GISDATA (така мислам се викаше фирмата) да одиш на пракса и таму да го работиш проектот.
Има и лабораториски вежби кои се изработуваат од дома.[DOUBLEPOST=1516811844][/DOUBLEPOST]
Здраво, дали некој може да ми каже малку повеќе информации за изборните предмети:

- Кориснички интерфејси
- Интернет технологии
- Визуелно програмирање

- Концепти на информатичко општество
- Медиуми и комуникации

Фала ви.

Ги слушав пред 3 години, ако ништо не е променето.
- КИ (Сузана Лошковска и Иван Китановски).
Теорија за кориснички интерфејси на предавање, bootstrap на аудиториски вежби.
Теорија на е-тест се полагаше и практично се дизајнираше веб страница со бутстрап класите. Има и лабораториски вежби и проект (индивидуален или групен).

- ИТ (Гоце Арменски/Магдалена Костоска и Александар Тенев)
Asp.net со Web Forms (форми, сесии, cookies, валидирање, работа со база...). Теорија на е-тест и практично се изработува .нет веб сајт.
Лабораториски+проект (индивидуален или групен).

- ВП (Дејан Ѓорѓевиќ/Ѓорѓи Маџаров и Томче Делев беше тогаш асистент, сега не знам кој ќе биде)
C# Windows apps. Прв колоквиум апликација со форми се прават, втор со цртање и анимирање. Се полага само практично, се изработува windows апликација.
Исто така има лабораториски и проект

Накратко тоа е. Ако те интересира нешто конкретно, прашај слободно.
 
Последно уредено:
За втор колоквиум, што е подобро, што повеќе би ми користело во иднина, а што полесно: Веб дизајн или Компјутерски компоненти?
 
За втор колоквиум, што е подобро, што повеќе би ми користело во иднина, а што полесно: Веб дизајн или Компјутерски компоненти?

*семестар

Веб дизајн го препорачувам на сите од прва година.
Ако сакате и компоненти да слушате можете понатаму да го запишете.

HTML и CSS се учи по ОВД. Основа ќе ви биде за други изборни понатаму.
По компјутерски компоненти се учи хардвер.
 
Нешто интересно и корисно да предложите како за последен семестар, настрана полесниве изборни предмети ? :)
 
Може ли некој да ми каже нешто повеќе за предметите Визуелно програмирање, Основи на компјутерска графика и Интернет Технологии?
За визуелно програмирање ме интересира тежината на предметот (во споредба со напредно програмирање или објектно-ориентирано) и дали користи за вработување.
 
Дали ќе може некој да ми каже нешто повеќе околу предметот Софтверско инженерство?
 
Дали е можно две молби во семестар да се пуштат(различни) и дали може неположен предмет да не се презапише одма туку во нареден парен сем?
 
Луѓе да ве прашам, дали интернет програмирање е предуслов за електронска и мобилна трговија или у тоа ПДФ-то им е утнато кај што има опис за предмет и предметот нема предуслов?
 
Луѓе да ве прашам, дали интернет програмирање е предуслов за електронска и мобилна трговија или у тоа ПДФ-то им е утнато кај што има опис за предмет и предметот нема предуслов?
Јас го запишав, а немам слушано интернет програмирање. Не ми јави никаков проблем на Iknow.
 
Кориснички Интерфејси, зошто ми вади ООП дека е предуслов за предметов?
 
За запишување Бази на податоци, треба положен да е Алгоритми или само потпис за слушан Алгоритми да се има?
 
Положен.
Пробај со молба да го запишеш
Дека ми кажаа Бази бил повеќе математика предмет, и се зачудив зошто математички предмет како услов да му е предмет со програмирање во Java, ама најверојатно гледале тешко со тешко да стават нешто да влече
 
Тежина на вториот семестар во споредба со првиот? Ги положив сите предмети од прв, за втор сега на кои предмети повеќе да се сконцентрирам, кои се потешки така? Ако може по некој збор за сите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom