Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Најпаметно ти е запиши си прва година во КЕ или МТ (смерови што имаат иста програма во прва година со КНИ) и после во втора префрли се на КНИ, ако имаш просек над 9 ке одиш во државна инаку во приватна. Така направи еден другар што и онака би бил во приватна КНИ и барем една година си беше во државна квота и плус за некои смерови кои нема многу кандидати ке си во државна сигурно како КЕ.
А во МТ во државна квота би ме примиле?
 
Здраво, сакам да прашам дали кога избираш смер на кој ќе студираш додипломски студии, бираш и профил? http://finki.ukim.mk/mk/studies/study-guide
Јас пресметав на калкулаторот, имам 91 поен. Дали имам шанси да улезам у државна квота на КНИ?
Ако може да ми пиша некој студент што е на КНИ, но може и на другите смерови, да поразговараме малце... поздрав
 
Здраво, сакам да прашам дали кога избираш смер на кој ќе студираш додипломски студии, бираш и профил? http://finki.ukim.mk/mk/studies/study-guide
Јас пресметав на калкулаторот, имам 91 поен. Дали имам шанси да улезам у државна квота на КНИ?

Не избирaш.

Пoнaзaд пoстирaв резултaти oд уписи oд претхoдните гoди. Прoвери ги, дa видиш oд приликa кaквa е кoнкуренцијaтa пo смерoви.
Секaкo, никoј не мoже дa ти тврди декa ќе влезеш. Зaвиси oвaa гoдинa кaквa ќе биде зaинтересирaнoстa зa КНИ
 
Може некој да ми напише повеќе за овој правец ,,Академски студии по информатика''?
Кои се предностите,недостатоците?
Зошто по 15-20 студенти се пријавуваат годишно на овој правец?
Дали вреди да се запишам на овој правец?

Според сите анализирани правци овој ми изгледа најпривлечен.
 
Здраво, сакам да прашам дали кога избираш смер на кој ќе студираш додипломски студии, бираш и профил? http://finki.ukim.mk/mk/studies/study-guide
Јас пресметав на калкулаторот, имам 91 поен. Дали имам шанси да улезам у државна квота на КНИ?
Ако може да ми пиша некој студент што е на КНИ, но може и на другите смерови, да поразговараме малце... поздрав
Прашај што те интересира за КНИ :)
 
АСИ ( Академски студии по информатика ) е насока која е превземена од институтот за информатика ИИ при ПМФ (еден од двата института што во 2010 се споија и го оформија ФИНКИ. Се запишуваато по 20-30 студенти бидејќи политиката на ФИНКИ е да ги промовира најповеќе КНИ, МТ и ЕТ бидејќи тие насоки се сосема нивни односно создадени во 2011 година за разлика од АСИ и ПИТ кои се превземени од ПМФ односно ИКИ и ИНФО кои се превземени од ИКТИ од ФЕИТ. Оттаму се толкавите квоти за КНИ и ЕТ и толкавата навала. Значи при изборот на студиската програма треба да гледаш и што точно највеќе сакаш и што ти лежи бидејќи студиските програми се слични помеѓу себе во еден дел. Но од друга страна има и доста разлики пример КНИ важи за исклучиво софтверски смер во кој има голем дел програмирање, ЕТ е смер во кој главни теми се информатиката, интернетот, примената на нив и е-бизнисот, а пак ИКИ е смер со поширока теоретска и инженерска основа во кој освен софтверскиот дел има примеси и од физичката работа на компјутерот - хардвер ( дигитална електроника, логички кола, компјутерски архитектури), поопширно изучување на компјутерското инженерство, развој на мобилни апликации, компјутерска графика и тн... ( ИКИ до 2010, до пред преминувањето на ФИНКИ важеше за најквалитетниот смер на ФЕИТ од областа на компјутерското инженерство, а бидејќи истиот кадар раководи и денес на ФИНКИ со тој смер, квалитетот е на многу високо ниво).Мој совет е детално да ги разгледате рамките на додипломски студии односно предметите кои се изучуваат... За најтешки и најценети смерови важат ИКИ и КНИ, но МТ, ЕТ и ИНФО исто така се квалитетни студиски програми.
 
Значи АСИ помалку се цени од КНИ и ИКИ? Гледам овде дека сам избирам каков правец да изучувам и со каква диполома да се стекнам. Првите 4 семестри речиси сите предмети се исти со КНИ, но од 5ти семестар нема веќе задолжителни предмети.
 
Поважно е кои технологии ќе ги научиш и знаеш, отколку каков назив ќе имаш на дипломата :)
 
Зарем не предаваат истите професори од КНИ овде? Предметите се исти,претпоставувам и програмите. Сигурно изборните предмети ќе можам да ги искомбинирам со задолжителните на КНИ и знаењето на крај да остане исто.
 
Поважно е кои технологии ќе ги научиш и знаеш, отколку каков назив ќе имаш на дипломата :)
од кога го ломотам ова ехее :D

глејте што повеќе да научите за вас и учете тоа што ќе ве интересира, определете се што ве влече и такви предмети земајте за изборни, навлагајте во една сфера, дали мрежи, дали хардвер, дали податоци, што и да е.
 
Поважно е кои технологии ќе ги научиш и знаеш, отколку каков назив ќе имаш на дипломата :)
Let's dig deeper...

Поважно е кои технологии вештини (технологии ми звучи премногу упростено, секоја технологија се учи со време, побитни се вештините - hard and soft skills) ќе ги научиш и знаеш докажеш дека ги знаеш, со проекти, односно со портфолио, отколку каков назив ќе имаш на дипломата дали воопшто ќе имаш диплома.
 
Дечки некој да ми препорача предмет каде може да се работи проект (веб апликација) со минимум двајца членови, а да не е Тимска работа и да е во зимски семестар? Не ми дозволуваат да го запишам, бидејќи сум по нова програма и англиска насока. Јас не знам кој друг предмет би одговарал, а да не се заморувам со теории и практични полагања. Ова го велам од аспект дека не би можал целосно да се фокусирам на самиот проект, токму заради тие полагања (не од аспект дека се тешки за положување). Ви благодарам за сите препораки однапред.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom