Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Интернет програмирање прв колоквиум се учи Java аплети и нитки, втор колоквиум JavaScript Canvas и малку jQuery, Ajax...
 
Може некој да ми каже некое инфо за предметиве од петти семестар:
1. Криптографија
2. Мобилни платформи и програмирање
3. Пресметување со високи перфоманси
 
Дали некој од вас се сеќава колку поени имаше последниот рангиран кандидат во државна квота кога се запишувавте на ФИНКИ? (насока КНИ)
 
Може некој да ми каже некое инфо за предметиве од петти семестар:
1. Криптографија
2. Мобилни платформи и програмирање
3. Пресметување со високи перфоманси
Криптографија е интересен предмет. Го држи Коцарев. Колоквиумите не се ништо посебно. Практично не полагавме но имавме домашни задачи во кои ги програмиравме алгоритмите кои што ги учевме на предавања.
Коцарев не предава добро, но книгата по која што оди е супер за читање и ќе ти овозможи да се запознаеш и да ги разбереш основните концепти од криптографија како енкрипција, декрипција, криптографија со јавен и приватен клуч, сертификати, хаш функции итн...
 
На КНИ последниот што влезе во државна квота лани мислам дека имаше околу 89-90 поени...
 
Аии јас тешко дека ќе ја фатам државната квота, си пресметав отприлика и 88 поени ќе имам со несоодветни екстерни предмети.
 
Дали во просекот кога се пресметува во свидетелството влегуваат и оценките од екстерно тестирање за упис на ФИНКИ?
 
Здраво,

Од септември ќе бидам 4-та год. средно,потоа сакам да се запишам на финки,поточно на кни.Просекот од минатите години ми е:
  1. 4.17
  2. 3.61
  3. 4.15
И сега ќе гледам да поминам одличен.Дали би имал шанси да ме примат во државна квота?
 
Последно уредено од модератор:
Здраво,

Од септември ке бидам 4-та год. средно,потоа сакам да се запишам на финки,поточно на кни.Просекот од минатите години ми е:
  1. 4.17
  2. 3.61
  3. 4.15
И сега ке гледам да поминам одличен.Дали би имал шанси да ме примат во државна квота?
Да не те разочарувам ама нема шанси во државна да влезеш на кни, дури и со претпоставка да извадиш 5.0 просек во 4та година и 5ки на екстерни/интерни-те предмети. Имаш калкулатор за пресметка на поените на http://join.finki.ukim.mk/. Лани некаде околу 88-89 последниот влезе во државна квота. Очекувај и следнава година да биде слично.
 
Да не те разочарувам ама нема шанси во државна да влезеш на кни, дури и со претпоставка да извадиш 5.0 просек во 4та година и 5ки на екстерни/интерни-те предмети. Имаш калкулатор за пресметка на поените на http://join.finki.ukim.mk/. Лани некаде околу 88-89 последниот влезе во државна квота. Очекувај и следнава година да биде слично.
А во приватна квота?
 
А во приватна квота?
Најпаметно ти е запиши си прва година во КЕ или МТ (смерови што имаат иста програма во прва година со КНИ) и после во втора префрли се на КНИ, ако имаш просек над 9 ке одиш во државна инаку во приватна. Така направи еден другар што и онака би бил во приватна КНИ и барем една година си беше во државна квота и плус за некои смерови кои нема многу кандидати ке си во државна сигурно како КЕ.
 
Имам неколку прашања во врска со уписите па ако може некој да ми одговори би било супер. Имам околу 83 поени со соодветни предмети, дали ќе ја фатам државната квота (МТ насока)? Каде и како се одвиваат уписите?
 
Последно уредено:
има негде да се видат резултати од уписи (кои го примиле) од минатите години?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom