Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Да, приватно договорете се пошто е сигурно е многу интимна работата и не е за во јавност.
 
Да, приватно договорете се пошто е сигурно е многу интимна работата и не е за во јавност.
Јас ја поддржувам приватната комуникација, мене алгоритми ми беше многу осетлива тема... поради нивниот дефектен компајлер 2 саати дебагирав точна задача на колоквиум. :)
 
Калкулус доколку немаме доволно резултати на теорија на испит го полагаме само тоа, така?
 
Конечно ги дадоа резултатите :D Иначе Емкаа прочитај имаше некој во групата(заедничката на фејсбук) објаснето, мислам дека самиот студент одлучува како ќе полага...
 
Јас објаснав,пратив email до Бакева, објасна убаво. :D
 
Јас ја поддржувам приватната комуникација, мене алгоритми ми беше многу осетлива тема... поради нивниот дефектен компајлер 2 саати дебагирав точна задача на колоквиум. :)
Со тој дефектен компајлер цел семестар решивме околу 50 задачи :)
 
Па има по некој баг, му се случи на еден колега на лаб еднаш, стиска submit, 3 влеза точни, стиска пак submit без да смени ништо, 4 влеза точни, и така си вртеше помеѓу 3-4, го викаме демонстраторот и тој неможеше да објасни, пробавме да го рестартираме компајлерот, го копира кодот пак истата работа, на крај му дозволија да ја препише задачата :D
 
Многу тежок факултет, убаво е да се студира тука ама нејќам "цел" живот да бидам студент :D
 
Епа затоа инженерството и медицината сегде во светот се барани струки и одлично платени. И ЦЕЛ живот ќе учиш, секоја година оди напред технологијата ;) за се друго постои кгф (без навреда)
 
Многу тежок факултет, убаво е да се студира тука ама нејќам "цел" живот да бидам студент :D
Па добро, не е толку страшно, сега пак е релативно поопуштено отколку пред 10, 15, 20 (и повеќе) години. А тоа дека ќе бидеш цел живот студент, може и на педагошки да ти се случи ако не учиш и ако се заебаваш :)
 
Епа затоа инженерството и медицината сегде во светот се барани струки и одлично платени. И ЦЕЛ живот ќе учиш, секоја година оди напред технологијата ;) за се друго постои кгф (без навреда)
Медицински факултет далеку,далеку полсен од ФИНКИ... :(
 
Медицински факултет далеку,далеку полсен од ФИНКИ... :(
Електраш четврта овде. Не се слагам со ставов ама ич.

Логика + пратење настава + правење лабораториски и проекти самостојно + малку посветено учење (или многу ако сакаш просек), и немаш проблем овде.

Медицински временски и те како многу повеќе треба да учат и да си ја тупат главата за да ја запамтат цела материја, и да ја памтат понатака у живот кога ќе треба да се бават со истата.

Ние секад го имаме интернетот, туторијали, а често и open source колоквиуми за работи шо никад нема да треба да ги памтиме и ќе ни бидат овде и у самиот процес на работење.

Можда (субјективно според нас) полесна е за сфаќање материјата на медицински, ама на крај ја се осеќам дека имам поише социјален живот од медицинскиве студенти шо гледам дека дремат деноноќно у читални и секогаш имат уште пола книга да учат. А мене ми се десило и само со слајдови од аудиториски да поминам по некои предмети (покрај предавањата и лабораториските), а верувам и тебе, не? ;)
 
Електраш четврта овде. Не се слагам со ставов ама ич.
Зошто? Јас па од лично искуство гледам дека на медицина поминуваат со многу помалку учење отколку на ФИНКИ, сите тестови им се на заокружување, немаат негативни поени, 3 колоквиумски сесии (помалце материјал)... :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom