И јас да се смешам тука во дебатава ...
Па тешко е ќе си признам и јас , општо секој факултет па што да се очекува од ФИНКИ - комбинацијата на најтешките факултети ПМФ и ФЕИТ ?
Сигурно нема да спаѓа во лесни факултети. На факултет не ми се допаѓа тоа што некои професорите не се конкретни со материјалот, за разлика од средно. Средно би било како професорот сака да те научи па ти дава материал научи го ова па ќе поминеш, тука на факултет е малце различна приказната - се бориш се да запамтиш ,да научиш , да напишиш се од предавања и вежби и секако си се изборил за го научиш сето тоа и се што можеш да најдеш како збирка за решавање задачи од претходни години или слично ,и доаѓа колоквиум или испит и професорот ти се прави мангуп и ти дава задачи кои не се ни 10 % слични на сите тие што си успеал да ги видиш и решаваш претходно.
И од тука приказната би продолжила вака ( освен за некој кој знае повќе матеематика од самиот професор )
Притисокот ти се крева , ти треба неколку минути да се смириш, си учел многу за ова па пробуваш да ги решиш задачите , ке се трудиш 2 сати па после неколку дена ќе добиеш резултат дека си паднал.
После рамислуваш ова не оди вака неможам никогаш да го положам овај предмет. Значи имаш проблем. И тука многу од студентите се нервираат и се откажуваат, што е сосема нормално затоа што професорот не сака да те тестира колку можеш да научиш од материјалот туку колку добро знаеш да предвидиш кои задачи ќе ти ги даде на испит кои ги нема никаде во материјалте што ги учиш.
Мислам дека и тоа е точно разликата меѓу државните и приватните факултети или центри за обука , на приватните се трудат да научиш и ти кажуваат финти како да го положиш испитот, додека на државните гледаат како да те зафркнат што потешко и невозможно да ти е е полагањето , и нормално многу поголема суетност кај професорите.
Ако немаш пари за приватен факултет ќе се помачиш "малце" државен, и можеш да си најдеш 1000 начини како да се тешиш кога ќе ти дојдат маките, на пример "за маки сме родени" како што би рекле старите.

Како што ја гледам јас ситациајта, решението не би било во тоа да се откажуваме, иако ова лесно е да се каже а тешко да се реализира. За просечните студенти во кои спаѓаат повќе од 50 % нормално би било да ги преполагаат "потешките" предметите кои всушност не се потешки туку самите професори ги прават да изглеаат мизерни, на пример Калкулус. Баш напротив Калкулус може да биде многу интересен доколку системот на изучување се направи поприфатлив и подобро објаснен со поинтересни и РАЗБИРЛИВИ примери.
Но во сите лоши страни мора да има и добра, а тоа кај факултетот во однос на средно е тоа што ако го положиш предметот повјќе НИКОГАШ нема да го полагаш. Лично мене ова ми е најголема утеха кога станува збор за полагање на тешки предмети. Имајте го тоа на ум кога учите во смисла " ќе научам, ќе најдам начин, да го положам предметот но после тоа готово завршено е со тоа и толку не може повеќе да ме замара никогаш". Но за ова треба труд , многу труд и снаодливост како да го најдете начинот да го положите испитот. Немора да значи дека само со hardcore учење ќе го решите проблемот. Или истото кажано во стил на американците "Use the best of the two worlds".
Тешките предмети може да се замислат како пречки кои пречки на патот кои не така лесно можат да се заобиколат. Мора да се совладаат.
Не дека мене ми е лесно што го пишувам ова , често тоа се случува некои луѓе што го немаат тој проблем да кажуваат како лесно може да се совлада проблемот што други го имаат,
и јас го имам истиот проблем и овие се моите гледишта во одност на ситуацијата. Опцијата за откажување јас буквално ја имам заборавено дека постои , па морав да најдам начин кој ќе функционира.
И така предмет по предмет ќе се помине факултетот.
Се надевам дека ова мое размислување ќе му помогне да на некој да не се откаже така лесно од факултетот па на тој начин ќе ги зафркнеме тие што прават селекција
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Секако постирам да прашам за КРС е-тест или писмен незнам како ќе биде, некој нешто да каже или ако има некој примерок од лани нека пушти.