Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Фала многу за брзиот одговор , навистина го ценам ова , ме интересира дали шетаат многу асистентите и дали можиш да отвориш друга веб страна освен таја за полагање ? google.com на пример.
Прашањата со сликичи , мислиш на тие со одговори со сликички со како изгледаат портите AND и сл. ? и што да правам ако ми излезе такво прашање ?

Неможеш ништо друго да отвараш.
Ќе ви кажат што да правите за тие прашажа. Се укочува системот па треба да го исклучиш тестот и пак да го уклучиш (се зачувува тоа што претходно го имаш одговорено).
 
А во вториот дел има ли многу прашања од Ексел и Ворд? Многу ми е глупаво функциите напамет да ги учам,многу поедноставно би било кога би имале практичен тест за овој дел.
 
А во вториот дел има ли многу прашања од Ексел и Ворд? Многу ми е глупаво функциите напамет да ги учам,многу поедноставно би било кога би имале практичен тест за овој дел.

Па има доста...
 
Пер, се ке паднам.. не дека некој го интересира ама ке си се олеснам тука , и ај нема да плачам многу :D . Само ке кажам дека тестот по калкулус шо ми се падна беше барем 2 пати потежок од оние шо ги вежбав, шо се паѓале минатите години. И многу е глупо бре, еден тест го составуваат 3 асистентки од различни смерови. Јес, да предметот е ист, ама најверојатно тие си работат едни задачи на вежби ние други... (ако не грешам) и сеа од сите по 2 задачи.
Ај ке кажам јас сум дупка, и не знам, ама кога гледам дека и овие подобриве шо учеле математики се жалат, изгледа не налупаа 1200 студенти , ги земаа парите, и ај сеа ке се чистиме :D .
 
Чекај бе колега првите колоквиуми увек се такви, селекција на студенти прават ;) Учи ти, не се секирај, ќе видиш дека ќе пројдеш.
 
Чекај бе колега првите колоквиуми увек се такви, селекција на студенти прават ;) Учи ти, не се секирај, ќе видиш дека ќе пројдеш.

Епа многу глуп начин. Верувам дека многу студенти со добар потенцијал ќе се разочараат и ќе се откажат сега. Си се спремал си се трудел и не успеваш да положиш предмети кои вака лесно делуваат и одма губиш волја и се прашуваш што не е во ред со тебе што неможеш да го научиш ова.
Не викам дека сите вака реагираат, ама има доста што ќе изгубат верба во себе.
 
Е има али тоа е. Мене ова ми го има кажано една професорка што се знае со овие што предаваат на феит, финки , пмф. Намерно го прават ова и тоа доста време може 20-30 години уназад. Математика ќец на колоквиум јас имав задача - бројот е. И толку :pos: едино физика кај мене шо немаше што да извадат, теоријата е таа, задачите се тие, од збирка, вежби книга. Другово, мотхер оф год.
 
И јас да се смешам тука во дебатава ...
Па тешко е ќе си признам и јас , општо секој факултет па што да се очекува од ФИНКИ - комбинацијата на најтешките факултети ПМФ и ФЕИТ ?
Сигурно нема да спаѓа во лесни факултети. На факултет не ми се допаѓа тоа што некои професорите не се конкретни со материјалот, за разлика од средно. Средно би било како професорот сака да те научи па ти дава материал научи го ова па ќе поминеш, тука на факултет е малце различна приказната - се бориш се да запамтиш ,да научиш , да напишиш се од предавања и вежби и секако си се изборил за го научиш сето тоа и се што можеш да најдеш како збирка за решавање задачи од претходни години или слично ,и доаѓа колоквиум или испит и професорот ти се прави мангуп и ти дава задачи кои не се ни 10 % слични на сите тие што си успеал да ги видиш и решаваш претходно.
И од тука приказната би продолжила вака ( освен за некој кој знае повќе матеематика од самиот професор )
Притисокот ти се крева , ти треба неколку минути да се смириш, си учел многу за ова па пробуваш да ги решиш задачите , ке се трудиш 2 сати па после неколку дена ќе добиеш резултат дека си паднал.
После рамислуваш ова не оди вака неможам никогаш да го положам овај предмет. Значи имаш проблем. И тука многу од студентите се нервираат и се откажуваат, што е сосема нормално затоа што професорот не сака да те тестира колку можеш да научиш од материјалот туку колку добро знаеш да предвидиш кои задачи ќе ти ги даде на испит кои ги нема никаде во материјалте што ги учиш.
Мислам дека и тоа е точно разликата меѓу државните и приватните факултети или центри за обука , на приватните се трудат да научиш и ти кажуваат финти како да го положиш испитот, додека на државните гледаат како да те зафркнат што потешко и невозможно да ти е е полагањето , и нормално многу поголема суетност кај професорите.
Ако немаш пари за приватен факултет ќе се помачиш "малце" државен, и можеш да си најдеш 1000 начини како да се тешиш кога ќе ти дојдат маките, на пример "за маки сме родени" како што би рекле старите. :)
Како што ја гледам јас ситациајта, решението не би било во тоа да се откажуваме, иако ова лесно е да се каже а тешко да се реализира. За просечните студенти во кои спаѓаат повќе од 50 % нормално би било да ги преполагаат "потешките" предметите кои всушност не се потешки туку самите професори ги прават да изглеаат мизерни, на пример Калкулус. Баш напротив Калкулус може да биде многу интересен доколку системот на изучување се направи поприфатлив и подобро објаснен со поинтересни и РАЗБИРЛИВИ примери.
Но во сите лоши страни мора да има и добра, а тоа кај факултетот во однос на средно е тоа што ако го положиш предметот повјќе НИКОГАШ нема да го полагаш. Лично мене ова ми е најголема утеха кога станува збор за полагање на тешки предмети. Имајте го тоа на ум кога учите во смисла " ќе научам, ќе најдам начин, да го положам предметот но после тоа готово завршено е со тоа и толку не може повеќе да ме замара никогаш". Но за ова треба труд , многу труд и снаодливост како да го најдете начинот да го положите испитот. Немора да значи дека само со hardcore учење ќе го решите проблемот. Или истото кажано во стил на американците "Use the best of the two worlds".
Тешките предмети може да се замислат како пречки кои пречки на патот кои не така лесно можат да се заобиколат. Мора да се совладаат.
Не дека мене ми е лесно што го пишувам ова , често тоа се случува некои луѓе што го немаат тој проблем да кажуваат како лесно може да се совлада проблемот што други го имаат,
и јас го имам истиот проблем и овие се моите гледишта во одност на ситуацијата. Опцијата за откажување јас буквално ја имам заборавено дека постои , па морав да најдам начин кој ќе функционира.
И така предмет по предмет ќе се помине факултетот.

Се надевам дека ова мое размислување ќе му помогне да на некој да не се откаже така лесно од факултетот па на тој начин ќе ги зафркнеме тие што прават селекција :)

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Секако постирам да прашам за КРС е-тест или писмен незнам како ќе биде, некој нешто да каже или ако има некој примерок од лани нека пушти.
 
Работава ни објасни каков е факултетскиот живот и едукација.
Да не глумам старо дртало ама разликата меѓу нашата и вашата генерација е покрај тоа што и 2те генерации се жалеа дека е тешко, вие сакате промена, ние го прифативме тоа како што е.
Дали е паметниот начин не знам, ама сигурно е попаметен од цмиздрење дека не е како во средно (you don't say?) и обвинување на факултетот и депресирање. Ако нишо друго коа другар од друг факс ќе те праша како иде, моеш комотно да му се изнажалиш со вистинско оправдување дека е тешко, и затоа си паднал.

Не е срамота да паднеш кол/испит/предмет. Особено не на електро/финки.
 
Да препорачате некоја добра е-книга за Ц, како за почетници ама и со убаво објаснети решени задачи... Зш џабе е само решението ако го гледам кога не знам што од каде доаѓа...
И патем.. се чудам како повеќето викаа дека програмирање немало врска со математика.. кога ние во Ц само задачи решаваме. Ме интересира како е со другите јазици.. Се ли се сведува на решавање математички проблеми ?
 
Не ти требаат книги, учи од аудиториските вежби. Пререши ги лабораториските вежби.

Ако материјалот е премногу зезнат, пиши ми приватна порака, ќе ти ги пратам материјалите од електро од пред 2-3 години по структурирано програмирање.
 
Работава ни објасни каков е факултетскиот живот и едукација.
Да не глумам старо дртало ама разликата меѓу нашата и вашата генерација е покрај тоа што и 2те генерации се жалеа дека е тешко, вие сакате промена, ние го прифативме тоа како што е.
Дали е паметниот начин не знам, ама сигурно е попаметен од цмиздрење дека не е како во средно (you don't say?) и обвинување на факултетот и депресирање. Ако нишо друго коа другар од друг факс ќе те праша како иде, моеш комотно да му се изнажалиш со вистинско оправдување дека е тешко, и затоа си паднал.

Не е срамота да паднеш кол/испит/предмет. Особено не на електро/финки.

Епа видиш тука лежи зајакот. Зошо да не се буниме? Зарем немавме право да се буниме сношти кога на 7 саати пред полагање ОСИ, на скоро 300 прашања што ги имаве за учење, ни бапнаја уште 100 на самотестирање? Па добро бе мајку му, до 7 сатот вечерта полагавме Калкулус, може некој и нема интернет дома, еве на пример во студентски некој немаат. Како ќе ги научат уште тие 100 прашања до 8 сабајле? Плус ваљда поради преоптовареност и серверот паѓаше на секое, катастрофа. Сабајлево кога влегов на полагање како да влегувам на снимање на The walking dead, како зомби сите, никој не легна сношти зошо ги учевме глупите прашања.
Не е финтава дека сме прва година и еве се жалиме тешко е вака е така е-стварно е, и верувај дека за првиве колоквиуми максимално се спремавме. Ама те демотивира кога на колоквиум ти дава сосем различни работи од она што сме го вежбале и што очекуваш дека ќе има. Она на што потрошивме најмногу време испадна да е најмалку застапено и да носи минимум поени.
 
Колешке во право сте, и тие кои не се согласуваат со тоа дури и самите професори знаат дека сте во право. :) Но друг зајак лежи тука , а тоа е дека иако си во право и знаеш дека тие не функционираат баш најисправно , ти неможиш ништо да направиш туку мора да играш според нивни правила. Тоа било со генерации,генерации на назад и тешко кој ќе го смени , се додека постојат тие стари професори и тој стар систем . Тие попрво би пукнале и се откажале дека се професори отколку некој бруцош да ги надмине и да ги натера да сменат нешто. Нема шанци тоа. Со наредните генерации на професори можеби подобро ќе е , ама ние не сме во тоа време.
Опцијата за да се организираат студентите и да смени нешто нема да успее тоа од искуство е докажано , едниствено на таков начин може да се сменат ситни работи но не вака крупни.
Сите студенти сакаат да се смени начинот, но нема. Тоа така треба да се прифати иако и јас сум многу многу против тоа.
Така да ќе ги плукаме професорите колку сакаме но знај дека на крај сепак ќе играме според нивни правила :( .
Од што следува дека не се исплаќа времето да го торшиш да зборуваш за нив, туку торши го времето да научиш и како да најдиш некој дупка во нивниот систем па да им положиш.
Свати го ненормалното како да е нормално (за факултетов мислам ) , или пак дека се што иде од факултетот дека е нормално колку и да е fucken , можеби така ќе ти е полесно.
Но не се секирај ќе преживееме , човекот е способен да преживее во најразлични ситуации само време ни треба.
 
Дали може некој да ја реши оваа задача користејки подпрограми или функции во C++ ? Да се Пресмета периметар на триаголник за внесени страни а б и ц преку тастатура користејки функции ? и За внесени км преку тастатура да се креираат функции кои ке ги претворат км во м цм и мм ? Ги имам веке решено само ако знае некој да ги реши да видам дали се точни и дали по исти начин ќе ги реши ?
--- надополнето: 11 ноември 2012 во 12:54 ---
1. Од четири броја кои се внесуваат од тастатура да одредиш кој е најголем.
2. Од непознат број на броеви кои се внесуваат од тастатура да се се испечати последниот троцифрен парен број.
3. Се внесуваат N броеви од тастатура, и се внесува еден број м кој е помеѓу 0,9. Од броевите кои се внесуваат од тастатура да се извади цифрата м, и броевите така да се испечатат, плус да се испечати колку пати цифрата м била извадена.
:D
Леле братче првава дури и ја ти ја знам треба само со IF наредба да ги споредува додека не открие кој е најголем и да го испечати, другите на сличен начин :)
 
Дали некој од постарите генерации може да ми каже каква е примената на Калкулусот во програмирањето? Навистина ме интересира колкава примена има, затоа што е стварно најтешкиот предмет што го имаме... И ако може некој да каже колку луѓе поминале минатата година на прв колоквиум :D
A и колку време отприлика ќе треба да чекаме за резултатите од полагањата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom