Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Ај, ми треба помош......
Само што ми стигна меил со корисничко име и пасворд за најавување на iknow, пробав да се најавам не можа. грешка ми дава,отворив некако на students.finki и ми пишува корисник: бројот на индекс ми го пишува, после Live ID: Немате Live ID ми пишува и привремена лозинка има таму. Што да правам дај помогнете ми, семестар немам пријавено, ни предмети ни ништо, се префрлував од друг факултет, и врска немам :D
 
8_88 Смиле е легенда :pos:
Пред 2 години конечна математика усно претпоследна сесија доцни, доаѓа дава листовите со прашања, датумот стоеше 2006 или 2007 година не ми текнува :pos:
Последните 3 прашања првпат ги гледаме и му велиме дека не сме го учеле тоа, само рече колеги го има тоа во книгата .
Tаа дебелата на англиски што плативме 700 денари да ја копираме, а никој не ја ни отвори :pos:

Бакева ќе се изнапишуваат, малку и знае да се забрај со пишување и да задржи подолго време, среќа кога ги убија алфите не задржа 2-3 минути инаку ќе се тресевме зашто од горна зграда требаше да одиме во долна и го испуштивме делот со пукањето .
Тоа што го предава Бакева барем знаеш тоа ќе го даде на колоквиум, не да дава сосема некој нови работи што ги немате запишано.

Јас би одел кај Бакева Калкулус, но да знаат дека нема попуштање кај неа ниту пак врски да не помислувате да фаќате. Ептен е принципиелна, 1 бод да ти фали сметајте дека нема шанси да го добиете кај неа.
Ако треба да се бира од Ванчо , Бакева и Смиле, дефинитивно не би го одбрал Ванчо.
 
Ај, ми треба помош......
Само што ми стигна меил со корисничко име и пасворд за најавување на iknow, пробав да се најавам не можа. грешка ми дава,отворив некако на students.finki и ми пишува корисник: бројот на индекс ми го пишува, после Live ID: Немате Live ID ми пишува и привремена лозинка има таму. Што да правам дај помогнете ми, семестар немам пријавено, ни предмети ни ништо, се префрлував од друг факултет, и врска немам :D

Штом си се најавил на students.finki автоматски си најавен и на iknow системот, синхронизирани се тие. Најави се пак на students.finki, па оди на iknow, стегни на ВЛЕЗ и внатре си :)
 
не можам, ми пишува најавата не е успешна o_O
 
Кога ќе се најавам на iknow системот, во полето со предмети, ми пишува дека Концепт за развој на софтвер ми предава Ѓорѓевиќ Дејан а Основи на софтверски инжинерство ми предава Јакимовски Боро. Е сега, според распоредот на ФИНКИ,
Професор по КРС ми е Ацковска Невена, а по ОСИ - Димитриовски Ивица. Ова е некоја грешка или јас не го разбирам системот најдобро? :D

P.S. За 3та група прашувам :D
 
Луѓе, верувајте дека сакаме да ви помогнеме, ама сепак најубаво е да си прашувате на студентски прашања и да праќате тикети на iKnow системот.
 
Кога ќе се најавам на iknow системот, во полето со предмети, ми пишува дека Концепт за развој на софтвер ми предава Ѓорѓевиќ Дејан а Основи на софтверски инжинерство ми предава Јакимовски Боро. Е сега, според распоредот на ФИНКИ,
Професор по КРС ми е Ацковска Невена, а по ОСИ - Димитриовски Ивица. Ова е некоја грешка или јас не го разбирам системот најдобро? :D

P.S. За 3та група прашувам :D

Професорот Боро рекол дека немора да се избере група, битно е да ги имаш избрано точните предмети. Изгледа не им е средено, измешани се професорите.

Иначе многу малце имаат успешно пријавено семестар. Ќе се наполнат пари сега кога ќе треба да се плаќа за касно запишување семестар.
 
не можам, ми пишува најавата не е успешна o_O

И мене исто колега, а и јас се префрлам од друг факултет. Испратив јас билет па чекам сега.

Иначе 3 група денес од 5 часот Калкулус, се пред тоа е вежби и нема да го држиме, така рече Невена средата.
 
Професорот Боро рекол дека немора да се избере група, битно е да ги имаш избрано точните предмети. Изгледа не им е средено, измешани се професорите.

Иначе многу малце имаат успешно пријавено семестар. Ќе се наполнат пари сега кога ќе треба да се плаќа за касно запишување семестар.

Па малце е глупо што ние како бруцоши треба да пријавуваме семестар, Мислев дека тоа иде напоредно со запишувањето, али тоа е тоа.
 
Уште на 8ми септември имаше ставено на страната дека до 14ти треба да пријавиме семестар, ние само електронски. Имаше детално објаснување чекор по чекор што треба да се направи. После го продолжија уште една недела и пак едвај пола од бруцошите имаат пријавено семестар. Неможам да сфатам.
 
Дали мислите дека од УГД Информатика би признале испити на ФИНКИ ако некој се префрли?
 
Уште на 8ми септември имаше ставено на страната дека до 14ти треба да пријавиме семестар, ние само електронски. Имаше детално објаснување чекор по чекор што треба да се направи. После го продолжија уште една недела и пак едвај пола од бруцошите имаат пријавено семестар. Неможам да сфатам.

Па мене тек вчера ми стигна корисничкото име и лозинката, на пола од колегите исто вчера или завчера им стигнале. Затоа сите каснат.
 
Тоа е веќе друго, нивна грешка. мене уште на 5ти ми стигна.
 
Колку од вас на ФИНКИ ве има со положено англиски на матура ? Се извинвам за менувањето на темата :)
јас!
--- надополнето: 21 септември 2012 во 18:32 ---
луѓе неможам да се најавам на iknow sistemov пробав со смени ја лозинката ја сменив и пак ми вика невалидно корисничко име или лозинка а се е точно . И уште нешто од кај да го најдам аcc i pass на courses на финки??!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom