Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Прашање:

Има ли некој што нема положено математика од ИНФО а што се префрлил сеа на ФИНКИ да ми каже како запишал и кој распоред го гледа за математика?
Пошто на ФИНКИ ја нема таа математика...
 
Прашање:

Има ли некој што нема положено математика од ИНФО а што се префрлил сеа на ФИНКИ да ми каже како запишал и кој распоред го гледа за математика?
Пошто на ФИНКИ ја нема таа математика...
Јас, и влезен си у групата на фејсбук, шо ќенкаш :D Утре од 8 или 8и15 иаме, ќе следиме/полагаме “Математика 1“ а ќе ни го важат ко “Математика“.
Радуј се, неаме интеграли :D
 
Јас, и влезен си у групата на фејсбук, шо ќенкаш :D Утре од 8 или 8и15 иаме, ќе следиме/полагаме “Математика 1“ а ќе ни го важат ко “Математика“.
Радуј се, неаме интеграли :D

WTF? Таман ги научив нив сеа ги неаме :(
Да се надеваме дека овој не е полош од Тунеска :D
 
Јас сум четврта година и планирам да се запишувам на ФИНКИ. Е сега доколку можи некој совет шо да одберам пошто имало таму повеќе смерови... и некој ако можи линк од сите смерови (слушнав 8 биле) шо се на ФИНКИ. сепак повеќе ми треба советот со кој смер би имал подобри шанси за работа и слично ...
 
Обожавам кога некој ќе праша со кој смер има највеќе шанси за работа :)
 
јас обожавам кога некој ми ги одговара поставените прашања конкретно и прецизно.

Гледаш како се разбираме. :)
--- надополнето: Oct 1, 2011 5:17 PM ---
Ај вака да разложам на прости множители - Ако имаш акл, со било кој смер ќе успееш. Ако немаш акл, и во најперспективниот влези, џабе ќе ти е. Такви се овие професии. Сега доволно е прецизно? :) Можеш и на ИКИ да одиш и после во трафика да работиш. Друга е реалноста.
 
Срање!
--- надополнето: Oct 1, 2011 5:29 PM ---
И јас да го појаснам прашањето... сакав да прашам со кој смер шо можам да работам оти немам претстава баш ...
 
Срање!
--- надополнето: Oct 1, 2011 5:29 PM ---
И јас да го појаснам прашањето... сакав да прашам со кој смер шо можам да работам оти немам претстава баш ...
На финки имаш на 50-60 страни цел водич, подетално од тоа здравје. Во две реченици не се објаснува, ниту па со водич од 60 страни. Едноставно треба да го пројдеш до некаде факултетот за да добиеш осет. Вака џабе. Сите сме прашувале како тебе дур сме биле средношколци, али сега кога си ги гледаме истите прашања од други, смешни ни делуваат, едноставно немаат одговор прашањата.

И не се оптеретувај со тоа што ќе работиш. Во мнооогу од случаите нема да го работиш тоа што си го учел или ај еве вака, нема да го работиш за тоа што си се специјализирал... Никогаш не знаеш што ќе работиш, па дури и свој бизнис да отвориш, ќе мораш да се прилагодуваш према побарувачката.

Факултетот гледај го како некој водич, сепак тоа што ќе го работиш или сам ќе го учиш или некој што ќе биде над тебе на работа ќе те доучува. Факултетот ќе те научи како да учиш и како да размислуваш како инеженер, ќе те научи на повеќето концепти... Гледаш дека нови работи постојано излегуваат, тие практично сам ќе си ги учиш во животот. Со добра основа од факултет се ќе ти биде лесно, штом сфатиш како функционираат нештата, лесно ќе ти биде после да доучуваш.

Да не го тупам уште, што и да одбереш, прва година мислам дека пак е иста за сите смерови, ќе видиш тогаш самиот, многу ќе научиш во таа година за факултетот па ќе можеш и да се префрлиш на друга програма во иднина. Вака џабе ќе ти збориме понатака...
 
Знаете некој кој дава приватни часови по Алгоритми и структури на податоци или пак по Логички кола? Планирам за еден од овие предмети да одам на приватни часови, да си го олеснам животот, но не знам за кој и каде. Помагајте...
 
Не се нормални... Со кој памет ставаат одбројувач на денови до колоквиум.... :tapp:
 
Не се нормални... Со кој памет ставаат одбројувач на денови до колоквиум.... :tapp:

Всушност... Мене ми се допадна тоа. Те потсеќа дека треба да седнеш и да го загрееш столчето малце. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom