Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Лол шо е со муабетов дека колоквиумска ќе се полага пред/после Нова година? Т.е би почнала пред н.г и би завршила после...
Со нивото на организираност на факултетов, биди среќна што нема да полагаш и на Нова година и Божиќ. (n)
 
Од каде ова со колоквиумскава ? WTF ? Што е со тие што не планираат воопшто да бидат во Скопје тоа време ?....
 
Од каде ова со колоквиумскава ? WTF ? Што е со тие што не планираат воопшто да бидат во Скопје тоа време ?....
Ке ги променат плановите или со време ке почнат да се спремаат за испити :D
 
Ако може некој што слушал или слуша предметот Напредно програмирање да ми пише, имам прашање во врска со моменталната лабораториска (Листи во Java - List interface, ArrayList, LinkedList, Iterator) :))
 
Дали може некој да ми каже ,дали за стипендииве што се од мон можат да аплицираат студенти од прва година?? Дали некој од вас има такво искуство?
http://stipendii.mon.gov.mk/web/guest/dodiplomski-tipa-vorm/-/blogs/конкурс-за-доделување-стипендии-на-редовни-студенти-запишани-на-додипломски-студии-за-студиската-2014-2015-година
Па во сите групи се бара просек на оцени, според тоа се добиваат одреден број на поени. Така да, пошто ти си прва година и немаш ниту една оцена, нема логика да можеш да аплицираш, бидејќи ќе нема по кој критериум да те подредат/оценат w/e.
 
Ако може некој што слушал или слуша предметот Напредно програмирање да ми пише, имам прашање во врска со моменталната лабораториска (Листи во Java - List interface, ArrayList, LinkedList, Iterator) :))
А што да ти пише? За да ти прати решена задача??

Има подфорум за Програмирање....и барем како кандидати за идни инженери треба да знаете како се користи форум. и зошто по некоја случајност има подфоруми.....
 
Никако не можам да го разберам овој однос уште од старт, што е уште потрагично, 98 посто од оние кои ми одговараат на прашања се вака, како да се изразам....непристојни. Да сакав решени задачи, немаше да запишам Напредно програмирање (но, мора дас е искоментира, нели..бар полесно ви е?). Идејата на постот беше да прашам за нејаснотија околу условче на дел од метод(еден од 20 во цела задача) заради која не ми поминува задачата (а ја мозгам долго време), па да не гњавам вака јавно.
Стрпливост колеги. Фрустрациите на друг начин решавајте ги. Ако не сакате да помогнете, не држете предавања, верувајте ми дека НЕМАТЕ ПОЈМА ОДНАПРЕД кој колку знае и за што сака да праша. Фала многу и пријатно.
 
@ТхеТекнувало

Ако 98% од одговорите се вака, значи проблемот можеби е до тебе? Ама не, македонски начин на размислување : другите се криви.

Значи форум е, ако нешто не е јасно напиши па ако има некој расположен да ти одговори ќе ти помогне, не сфаќам што е финтава со "нека ми пише"? А и провери ги последните 3-4 прашања, прашуваш прашањаа поврзано со програмирање и бараш некој да ти објасни нешто, што е супер, значи дека сакаш да научиш...но на погрешно место и погрешен начин го правиш тоа.
Mуабетов не се однесува директно за тебе...туку повеќето имаат ист пристап кон темите, начин на барање помош.

Инаку да, секој ден ги посетувам темиве со цел да помогнам, објаснам нешто за некој во врска со програмирање. не да решавам задачи и да пишувам приватни пораки за да прашам "детаљи"...
Ај да не го тупам тука но многу сте пасивни и мрзливи. Колку настани, натпревари поврзани со технологии се случуваат и ќе се случуваат во блиска иднина ниту еднаш не прочитав на темава некој да пушти линк од тоа, да повика некој да дојде или да се соберете како тим нешто да правите...битно е каде се наоѓа просторија X, дали има некој лаб X итн..
 
Во ниту еден од претходните мои постови не сум побарала некој да ми решава задачи, ниту не знам што. Ако било прашање, било конкретно и кратко (за нешто што не успеала да го средам со гуглање) или ако било поопширно (дилеми) сум пишувала дека барам некој што сака да одвои 5 минути и да ми објасни преку пп, за да не мешаме милион луѓе, па кој разбрал, кој не разбрал што сум прашала.
Пак ќе ти кажам, односот ти е крајно некоректен и детски. Ако се фрустрираш што се поставуваат прашања поврзани со лаб (стварно, да се чудиш како тоа им е поприоритетно на повеќето, кога сме затрупани со лаб., ич да не зборам дека добар дел од нив се за нешто што треба само да го изгуглаш како се прави: пр. НП или ИП, а не секогаш лесно се наоѓа или имплементира) или не враќај/читај на форумов или иди си на други теми. Може и ако не ти го дира толку коментаров егото, ќе размислиш двапати пред да вратиш и ќе сфатиш дека сум у право. Ништо лично. И мене ова ми е упатено кон ваквите шо враќаат ко тебе.
 
Има некој љубезен да пушти по ПП комбинации од испит Компајлери? :)
 
Дали може некој да ми објасни што е разликата помеѓу deep copy и shallow copy и кога би требало да го користам едното (или другото)? И како би изгледала најдобрата имплементација на deepcopy на листа? Дополнително, ако имам класа која е Immutable, а содржи листа во private, дали кога сакам да правам промени на листата, правам deep copy или shallow копија на неа (знам дека морам да креирам копија за да не ја менувам листата, т.е. за да остане таа Immutable)?Не успеав да разберам од предавањата, ако некој има време да објасни, би му била благодарна :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom