@ТхеТекнувало
Ако 98% од одговорите се вака, значи проблемот можеби е до тебе? Ама не, македонски начин на размислување : другите се криви.
Значи форум е, ако нешто не е јасно напиши па ако има некој расположен да ти одговори ќе ти помогне, не сфаќам што е финтава со "нека ми пише"? А и провери ги последните 3-4 прашања, прашуваш прашањаа поврзано со програмирање и бараш некој да ти објасни нешто, што е супер, значи дека сакаш да научиш...но на погрешно место и погрешен начин го правиш тоа.
Mуабетов не се однесува директно за тебе...туку повеќето имаат ист пристап кон темите, начин на барање помош.
Инаку да, секој ден ги посетувам темиве со цел да помогнам, објаснам нешто за некој во врска со програмирање. не да решавам задачи и да пишувам приватни пораки за да прашам "детаљи"...
Ај да не го тупам тука но многу сте пасивни и мрзливи. Колку настани, натпревари поврзани со технологии се случуваат и ќе се случуваат во блиска иднина ниту еднаш не прочитав на темава некој да пушти линк од тоа, да повика некој да дојде или да се соберете како тим нешто да правите...битно е каде се наоѓа просторија X, дали има некој лаб X итн..